ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може ако имаш завршено правен на кирил и методиј, на постдипломски да одиш во кочани или на друго место каде што има правен?
Најнормално. Воопшто не си врзан за правен. Можеш на ФОН, можеш кај сакаш по светов....
Мене ме интересира некој ако има на новинарство да ми каже неколку слатки зборови за тоа :icon_lol: Дали е тешко и слично :smir:
Тешко е. Иако не сум на новинарство, ќе ти кажам, тешко е. Немаат колоквиуми, се мораат на испит да земаат. Учат многу општо. Имаат и по нешто од право, нешто од пол. науки...
 
Ако знае некој нека пише ме интересира кои се одприлика темите за есеј по економика и што треба да се направи за да се префрлам од вонреден пак во редовен студен :smir:
 
:vozbud::vozbud::vozbud: Сепак на конечната листа сум во државна квота :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Дали поправните есеи се прават на истиот ден со полагањето на испитот сега во септемврискава сесија?
 
Има некој што студира меѓународни односи? Ако има нека каже нешто за тој факултет пошто се запишав па се мислам дали да се префлрам.....
 
Дали поправните есеи се прават на истиот ден со полагањето на испитот сега во септемврискава сесија?

да, ама мислам дека се само за вонредни студенти:smir:
Не, можат и редовните. Ја правев есеј Економика на 30 јуни заедно со вонредните.
 
На истиот ден како и испитот?Иако не верувам дека вовед во право ќе се толку ажурни.
Да. Инаку, околу Вовед, правев на 10 јули, ама од резултати немаат абер, да не има некој е-маил од Илија Манасиев, на Мицајков асистентот? И онака пак си почнав да си читам и ако не па ќе праам уште еден есеј... ебате факултетот, да имаш положено на колоквиуми а да не можеш да истераш ни 6.
 
И уште едно прашање од мене...бидејќи студирањето на бранителите од 2001вата е бесплатно, дали и постдипломските студии се исто бесплатни?
 
"Им се соопштува на студентите на сите студиски програми од првиот циклус на студии /прва, втора и трета година/ дека наставата во новата учебна 2009/2010 година започнува на 14 септември 2009 година /понеделник/ според распоредот за предавања кој дополнително ќе биде истакнат на веб страницата и на огласните табли на Факултетот.
За студентите од прва година на сите студиски програми наставата на 15 септември 2009 година /вторник/ ќе се спроведува до 10 часот, а по тоа студентите од прва година се покануваат на свеченоста по повод започнувањето на новата учебна 2009/2010 година во салата „Борис Трајковски„ во Скопје со почеток во 11 часот."

Сега во септемвриска сесија прв пат ќе го полагам Уставно право кај Саво. Иначе ми е за услов, ми зависи годината од овој предмет :cry:. Затоа имам една голема молба до секој што го полагал уставно кај Саво :) Имам едни прашања, испитни, 3 теста од прв колоквиум и 3 теста од втор колоквиум, меѓу нив има и некои од Чингова. Дали се паѓа нешто од тие прашања, за да знам дали да губам или да не губам време со прашањата?! Сега според новиве правила треба да се полага есеј заедно со испитот. Да не знае некој кои теми за есеј се паѓаат кај Саво, затоа што јас барем никогаш не сум слушнала да даде теми за есеј. Со книгата сум при крај, не е тешко, но мн ми е страв, животот ми зависи од уставно, затоа се надевам дека ќе се најде некој добар и ќе ми каже како идат работите :D Благодарам однапред ;)
 
Јас положив кај Саво, лесно е. Ги немав прашањата за тие што викаш, но знам дека половина од тие се паднале.Многу народ така положи.
A, кој знае за евидентирање на година нешто да објасни, оти гледам се бара тоа пред сега да се полага во сеп сесија?:salut:
 
Треба да имаш заверено последен семестар 2/4/6 за да можеш да полагаш во сеп сесија, а сигурно имаш, тоа се правеше пред да завршиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom