Влошки или тампони?

Влошки или тампони?

  • Влошки

    Гласови: 54 80,6%
  • Тампони

    Гласови: 13 19,4%

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Ова е типичен пример на лошо поставен тампон. Ако се постави правилно не се чувствува воопшто, нема нелагодност, боцкање, триење или било каква друга дразба. Едноставно кажано, ако не го чувствуваш во тебе, тогаш знаеш дека е правилно поставен. Ако и малку го осеќаш, тогаш не е ставен добро.

И девојки не се плашете, целта на мојот пост не беше да ве уплашам, туку да ви кажам дека треба одговорно да се користат. Напишав убаво, доколку тампоните се употребуваат правилно, со редовно менување на секои 3-4 саата, измивање и хигиена на високо ниво, тогаш нема никаков ризик. И ова не важи само за тампони, и влошките го изискуваат иститот третман. Единствената разлика е што влошките се полесни за ставање, ама еднаш кога ќе се стекне рутина со тапмоните, тогаш и тие се 2сек. работа. :)
Да додадам на ова еден пример,колку е битно да се менуваат на 3-4 саати ОБАВЕЗНО.Имаше едно чупе кое го чувала тампонот поќе од 5-6 саати,па после не можеше да го извади,и се скинала врвцата,па ајде на лекар да и го вадат.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
54
Поени од реакции
0
Polesno e so vloShki ... definitivno! Ne sum probala tampon, ne ni sakam da probam. Samata pomisla deka ti stoi neso vnatre celi nekolku dena dodeka imam uuuuufff NE!:pipi:
 
MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Абе какви тампони, какви инфекции, нема причина да се рискира.

Нормални влошки, по можност од природен матерјал.
Ако има потреба и две ќе споиш, и готово.
А инаку шо велите дека ако не носиш тампон не можиш да се капиш, јас секогаш се капам и немам гајле. И ту се имам консултирано со гинеколог, ми рече само во базени и гнасни води да не влегвам во тие денови,инаку ако е чиста водата(морето,езерото) нема гајле.

А езерово шо ни е чисто на лето абе шо.... :smir:
Ваљда мислеа за капење во езеро и море а не за обично туширање
:toe:
ок нема гајле ама не е пријатно некако.....разумеш? :pipi:
Иначе си користам влошки нема шанси тампони страв ми е да не ми остане внатре :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дефинитивно влошки.
Не можам тампони,језиво ми е некако и ко што кажа кики, и мене ме фаќа некоја параноја.
И на одмор да сум,не би користела тампони.Ќе си седам на плажа и ќе си уживам.:)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Да додадам на ова еден пример,колку е битно да се менуваат на 3-4 саати ОБАВЕЗНО.Имаше едно чупе кое го чувала тампонот поќе од 5-6 саати,па после не можеше да го извади,и се скинала врвцата,па ајде на лекар да и го вадат.
Дечки, ајде да не шириме дезинформации и со тоа да влеваме беспотребен страв.:)

Конецот се скинал бидејќи бил неквалитетен тампонот или пак премногу брзо го повлекла. Исто така, можно е да не користела тампон кој одговара на нејзиниот профил на обилност во крварење.

Исто како и влошките, и кај тампоните има различни типови, со различен степен на впивање. Доколку девојка со мал обем на крварење користи од оние што се класифицирани како heavy, тогаш и после неколку саати, тој ќе остане нецелосно искористен, сув, не е лубрифициран и може, така да кажам, да даде отпор при вадењето, а со самото тоа и кинење на конецот. Кога се вади, тоа се прави нежно и пополека, малку по малку, никако грубо и насилно.

Ако користите тампони, треба да се користат различни видови во истиот месечев циклус. Оние што се heavy се за првите неколку дена, а оние што се easy, се користат во крајните денови.

И точно, ОБАВЕЗНО се менуваат на секои 3-4 саати, за да се избегнат инфекции. Може во исклучителни случаи (околности) да се случи и саат-два подолго да се носи, ништо страшно, само треба да се внимава да има испирање после (и пред) секоја употреба.

И миење раце ОБАВЕЗНО пред и после поставувањето на тампонот.
 
Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
каков тампон бе, еднаш пробав ( башка неам односи(незнам колку има везе ама од кажување)) и се осеќав ко споменик, ни лево ни десно со газот, седнував ко инвалид, а за да станев рака ми подаваше другарка ми :) се осеќав како да имам движечка чачкалица во мене ... а и имам читано за тоа токсичен шок за малце до смрт....
И мене ми беше така првиот пат , само шо не ми подаваа рака другарките сама си станував :pos: деее....малце упорност, не можеш се од прва да знаеш :)

Да додадам на ова еден пример,колку е битно да се менуваат на 3-4 саати ОБАВЕЗНО.Имаше едно чупе кое го чувала тампонот поќе од 5-6 саати,па после не можеше да го извади,и се скинала врвцата,па ајде на лекар да и го вадат.
Препорачливо е на 3-4 саати да се менува, но може да стои и до 6, е сеа од толку време чување тампонот е доволно навлажнет шо и сам ќе ти испадне, и не ми е јасно како може да и се скинала врвката шо ли побугу му правела :toe:
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Дечки, ајде да не шириме дезинформации и со тоа да влеваме беспотребен страв.:)

Конецот се скинал бидејќи бил неквалитетен тампонот или пак премногу брзо го повлекла. Исто така, можно е да не користела тампон кој одговара на нејзиниот профил на обилност во крварење.

Исто како и влошките, и кај тампоните има различни типови, со различен степен на впивање. Доколку девојка со мал обем на крварење користи од оние што се класифицирани како heavy, тогаш и после неколку саати, тој ќе остане нецелосно искористен, сув, не е лубрифициран и може, така да кажам, да даде отпор при вадењето, а со самото тоа и кинење на конецот. Кога се вади, тоа се прави нежно и пополека, малку по малку, никако грубо и насилно.

Ако користите тампони, треба да се користат различни видови во истиот месечев циклус. Оние што се heavy се за првите неколку дена, а оние што се easy, се користат во крајните денови.

И точно, ОБАВЕЗНО се менуваат на секои 3-4 саати, за да се избегнат инфекции. Може во исклучителни случаи (околности) да се случи и саат-два подолго да се носи, ништо страшно, само треба да се внимава да има испирање после (и пред) секоја употреба.

И миење раце ОБАВЕЗНО после поставувањето на тампонот.
Па мислам дека и самата даде еден пример дека можи да ти заглави тампонот,да не можиш да го извадиш.Не реков дека е то често,ама има случаеви.Не ширам дезинформации,туку кажвам вистинит случај,не зборам на памет.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Се извинувам што се убацувам ко џокер во покер, но ме интересира како мислат тие со нескинат химен, или пак таканаречените девици или селски кажано неонадените да им биде неаднаш ставањето на една затка, таканаречена тампон удобна?
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10

Nishto strashno, i onaka ne e dovolno golem tamponot za neshto da napravi. Jas 95% od devojcinjata shto gi znam koristat tamponi i od tie skroz site pocnale da koristat pred da se skinat. Ne znam dali si videl tampon, ali od ogromno stikche, izleguva edno malo pamukche 5 cm dolgo... toest nisto :)

A mene mi e strav epten od tamponi zaradi takozvaniot Toxic Shock Syndrome. Dosta e ednas da se uspies podolgo od 6 saata so tampon u tebe, i gotova si. Ubiva za 2 dena, cel sistem shut down ti prave, i mu nema lek. Brrr...!
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Па мислам дека и самата даде еден пример дека можи да ти заглави тампонот,да не можиш да го извадиш.Не реков дека е то често,ама има случаеви.Не ширам дезинформации,туку кажвам вистинит случај,не зборам на памет.
Изгледа не сме се разбрале. :)
Не го негирам случајот, ти верувам дека така било. Но, според она што ти го напиша, директно имплицираше дека причината било што девојката го носела 5-6 саати. Јас кажав дека други се можните причини (неквалитетен тампон, неправилно вадење или користење на несоодветно обемен тампон), а не дека било од причина што го носела толку долго. :)
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Се извинувам што се убацувам ко џокер во покер, но ме интересира како мислат тие со нескинат химен, или пак таканаречените девици или селски кажано неонадените да им биде неаднаш ставањето на една затка, таканаречена тампон удобна?

Види вака. Тампонот е едно малечко памбуче, кое како шо кажа Прл, ако го клајш правилно нема ништо да осеќаш. Долго е околу 5 см и мислам дека не можиш да го скиниш ни хименот, оти хименот е оддалечен 8 см од да речам дупчето :)
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Се ежам од тампони...никад не сум ставила,а мислам дека и нема да ставам.Улошки си се улошки:pipi:
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Од она што јас сум читала, тампонот не се препорачува за девици. Може, но и не мора да има оштетување на хименот. Може да се случи да се оштети и од неискусно оперирање, и покрај тоа што тампонот е прилично малечок. Јас не би советувала тампони за девици. Башка тоа, ретко која млада тинејџерка има развиено високо ниво на одговорност при користење на тампони и може правилно да ја сфати сериозноста. Така што, нека си се држат до Always. :)
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Да се разбереме дека јас знам што се тампони, дури и сум идел да купувам по нарачка, и знам дека има со една, две , три или повеќе капки и соодветено на тоа има различни големини односно дебелини и различни капацитети на абцорбиање, и до сега знам дека постои фирмата o.b. која прави тампони итн.
Мислам дека сега поразбирливо ќе ви биде прашањето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom