Кој и зошто ја присвојува Мара Бунева

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Извадок од книгата на Љубимир Тошев, во која по децениски истражувања, ги изнесува фактите за неправедно заборавената Мара Бунева.



На двапати таа 1926 година, Мара Бунева се обидуваше да им ги скрати дните, грдите дни ним, на великиот жупан Вилдовиќ, на владиката черносотонски Варнава и нему, на референтот правен Велимир Прелиќ; на двапати се обиде, на двапати не успеа - оти тие што ги чекаше да ги испрати онаму од каде без воскрес нема враќање - од нејасни причини - не и се најдоа на нишан.

И... осамна во чудесна седефеста светлина, изѕемнато, тресејќи се од студ - 13 јануари 1928 година - петок беше денот, денот беше пазарен - стаса денот кога ќориот ѓавол требаше да ги плати сметките.

Во тоа претпразнично утро зачекори - врвеше 9 часот - нозете ја однесоа на мостот Генерал Бојковиќ, та откако го измина мостот железен, киниса по пајкомаалото, по улицата Немањина натаде Бит-пазарот.

Таа не стигнувајќи до црквата фати џаде по левиот кеј крајвардарски насловен со “13 Октобар”, со датумот на српското “ослобоѓење Скопја”, низ Пајко малето - Мара стигна до Мост Цара Душана и, оставајќи го зад себе Камениот мост, стапна во Ново маало, стапна на Кеј Војводе Путника; стапна на кејот по кој требаше да помине - по долгото и прецизно следење на неговото движење - врховниот вдахновител на сите инквизиторски тортури кон сè македонско; да помине душовадникот на чиј миг којзнае колку невини Македонци, до смрт тепани, коските ги фрлија, ги оставија во катакомбите на жупанијата дранговградска, којзнае колку луѓе обителски оглувеа или полудеа, откако по наредба на душојадецот сјенички -- тоа беше врвот на монструозноста прелиќева -- измеќарите негови, садистички им ги забиваа прстите свои во меката коска зад ушите на жртвите и таму ги држеа тие прсти сè додека ним, на несреќниците крв не ќе им потечеше од ушите и со превртени очи не ќе се ничкосаа наземи, а тој - гнасата садистичка! – се мајтапеше со маките на страдалниците.

На десниот брег вардарски, на кејот Војводе Путника, меѓу 12 и 12,30 часот требаше - така сметаше Мара - да помине Прелиќ и таа, ѓомити на прошетка го пушти чекорот слободно да чекори по тротоарот од спротивната страна од брегот вардарски, во насокаод Народната банка накај Филијалата на Хипотекарната банка.

По тој тротоар заоде само сега во обратна насока, од Хипотекарната банка накај Народната банка, кога по некое време надуено, се зададе, следен од гавазот свој - Албанец беше телохранителот Прелиќев - весело, по неколку на екс излокани ракии потпевнувајќи: “И мама и тата даќе мени дуката…”.

Мара, која се наоѓаше на тротоарот наспроти тротоарот по кој џилити фрлаше чумата црна, ја премина улицата поплочена, се качи на тротоарот спротивен, се размина, правејќи се оти не го гледа, со Прелиќа, застана на 7-8 метри зад ќориот ѓавол, од џебот таен на капутот зеленкаст со раката десна го извлече маузерот, го впери револверот во оној во кого требаше да го впери, го повлече петлето - сета сцена почна да се одигрува токму во дванаесет часот и четириесет минути на кејот Војводе Путника, на половина пат меѓу куќата на Прелиќ и филијалата на Хипотекарна банка, на каршилак од Звезда, кафеаната крајвардарска - намерно првиот куршум - јунак в грб не стрела! - го истрела покрај црната чума, намерно целта не ја потрефи, но штом душовадецот се сврте - тоа тетовката го чекаше - штом го здогледа мермеросаниот од уплав сурат негов, мафтајќи со рацете сака нешто да каже, повторно го повлече петлето, па одекна уште еден истрел, по него уште два, можеше да го застрела и гавазот албански, ама немаше потреба за тоа, за сето време на стрелбата тој не мрдна со рацете, не направи никаков сомнителен потег, остана како закопан на тротоарот крајвардарски.

Петтиот куршум - кога забележа дека олицетворението на злото српско, со нозе спружени кон реката вардарска, а со глава легната на улицата, се прпела во крвта сопствена - го задржа за себе, стрелајќи си во градите самата крвта си ја пролеја.

Еден џандармериски наредник, еден обичен џандар и еден офицер џандармериски притрчаа и и го одзедоа револверот: “Оставете ме, јас сакам да умрам!” извика Бунева, обидувајќи се да се фрли во споулавените води вардарски, ама ни за тоа немаше сила, па, кога дојде еден автомобил, џандарите во него, вкупом со Прелиќа, ја сместија Мара и автомобилот ги одвози таму Крњевото, таму Воената болница, таму Полумесечината, така дранговграѓаните ја именуваа Болницата воена.

Атентаторката и атентатираниот - и едната и другиот сè уште беа живи - и беа предадени во рацете на дежурниот лекар на болницата. Лекарите констатираат дека куршумот со кој се самозастрела Бунева направил катастрофална пустош во градите нејзини - атентаторката веднаш не починала само затоа што куршумот големокалибарски не ги погодил големите крвни садови.

За властите истражни, одржувањето на Бунева во живот имаше, не е тешко да се погоди зошто, поголема важност одошто животот на правниот референт -- и, токму личниот лекар на Александар I Караѓорѓевиќ - Костиќ со:
-Јели, госпоѓо Маро, због чега сте убили Прелиќа? - ја запраша Мара, која, иако тешко ранета беше при свест.

- Дали е жив? -без да му одговори на прашањето, на јазикот мајчин го запраша таа хирургот кралски, та штом доби потврден одговор:
- Ја сакам својата татковина Македонија и умирам за неа, придушено, поради недостатокот на кислород, со огромен напор изусти младата жена тетовска, а до неа од некаде далеку, од некаде многу далеку докрили:

- Господо, то вам је жена, - докрилија думите на хирургот дворски упатени до истражителите окупаторски и тие думи на генералот Миливоје Костиќ беа последното нешто што докрили до органите за слух на Бунева.

Веднаш по испраќањето на ќориот ѓавол на подземно рандеву со Рогатиот и самозастрелувањето на Бунева, писателот романски Н. Тачит во Алманахул Аромнеск ќе напише:
.
“Мара Бунева ... интелигентна и пламена патриотка; беше активен член на македонската организација во Скопје. Oткако сред бел ден, во центарот на Скопје го уби Прелиќа, се самоуби стрелајќи си еден куршум во срцето и умира пред Прелиќ.

Мара Бунева зазема место меѓу мачениците на Македонија, кои сакаа да умрат за својата измачена татковина. Македонците насекаде во светот го празнуваат споменот за таа Македонка, нарекувајќи ја: Убавата маченичка на потиснатата Македонија!”

Ова ќе го каже писателот романски за Мара, а дописникот на парискиот весник Лувр, во написот печатен на 7 април 1928 година, Бунева ќе ја нарече македонска Шарлота Корде. Болеслав Тахауер, аташе за печат при унгарската амбасада во градот софиски, ова писмено ќе го соопшти:

“Ќе биде повеќе од банално да се тврди дека без крвопролевање ниеден народ не ја извојувал својата слобода. Тоа се однесува на сите народи, освен за тие што до слободата стигнаа со посредство на дипломатските.

Но Србите, коишто го воздигнуваат споменот на убиецот на австроунгаскиот престолонаследник, без никаква грижа на совеста ќе ја осудеа Мара Бунева... Во лицето на Мара Бунева гледаме еден борец за слобода на својот народ.
.
...Таа (Мара Бунева, м.з.) е влезена во крвавата историја на македонските маченици и оној ден кога Македонија ќе биде слободна, таа ќе заземе видно место во историјата на Македонија, која ќе се изучува во училиштата.”

Сè до пропаста на титовата Југославија, србомакедонистичка пропаганда, раководејќи се од кралалександровската пропаганда, ја третира хероината незаборавна како џандарка подготвена да убие за пари. Почнаа да одржуваат панихиди во почетокот на дваесет и првото столетие, поставија спомен-плоча на местото крајвардарско, на местото каде што Бунева на 13 јануари 1928 година, токму во дванаесет часот и четириесет минути му го скрати грдото суштествување на ќориот ѓавол и самата крвта си ја пролеа.

На тоа место крајвардарско патриотите македонски поставија плоча во чест на Мара Бунева, но не помина многу време, ниту многу вода протече низ коритото вардарско - рожбите на србомакедонизмот зедоа да ја бербатат спомен-плочата, ултрахулигански зедоа да го сквернават споменот за хероината бесмртна, хероината која, доследно го оправда единственото вјерују нејзино: “Сè за Македонија, ништо за себеси!”
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Многу контроверзна тема ќе биде ова...

Но и многу контроверзна личност е Мара Бунева. За екс Ју е предавник, за Бугарите е национален херој. А всушност ни едните ни другите немаат право да коментираат воопшто.

Историјата ги искривува фактите, па така и Мара ќе ги нервира пијаните соговорници во темните скопски меани...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Многу контроверзна тема ќе биде ова...

Но и многу контроверзна личност е Мара Бунева. За екс Ју е предавник, за Бугарите е национален херој. А всушност ни едните ни другите немаат право да коментираат воопшто.
Историјата ги искривува фактите, па така и Мара ќе ги нервира пијаните соговорници во темните скопски меани...
Шах мат од прва.
Веќе кажа внука и која е и што е Мара Бунева, а она е МАКЕДОНКА!

3а чудо не кажала ниту еден бугарски збор во својот живот.
Не се декларирала за бугарка.
А Бугарите како и обично матат во матно.

„На една од телевизиите, сега покојниот Спасе Шуплиновски изјави дека и' бил роднина на тетка ми. Јавноста треба да знае дека не е никаков род со нас, ние него не го познаваме, немаме никаква семејна врска со него. На истата телевизија слушнав изјава и на еден свештеник, која по панихидата во црквата ’Св. Димитрија’ рече дека Мара не била чесна жена, имала повеќе мажи, дека му била љубовница на Владимир Прелиќ, што не е вистина. Не е вистина и тоа дека била љубовница на адвокатот Андрејчин од Тетово, кого српските власти го ликвидирале истиот ден кога е извршен атентатот. Со семејството Андрејчин бевме соседи и големи пријатели. Многу невистини се кажаа за тетка ми Мара и се извалка нејзиниот образ. Таа била омажена жена, а атентатот го извршила од патриотски побуди. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои. Мојата баба никогаш не сум ја слушнала да каже ниту еден збор бугарски. Многу добро се сеќавам на неа. Мајка ми од Скопје ќе ме испратеше за Тетово со малиот воз, кој патуваше девет часа, и јас кај неа ќе останев цело лето. Не паметам да ми прозборила бугарски збор“, вели револтирано внуката на Мара Бунева.

Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си. Фала му на Бога, сега можеме да кажеме тоа што сме. Ние дома сите се чувствуваме Македонци. И сестра ми и брат ми, кој почина многу млад. Беше голем патриот. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци“, раскажува Герасимовска, која се омажила во Тетово, каде што и денес живее .
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сине, мене ми е јасно, ама во Бугарија почнува работно време од 10. Се пие кафе сеуште, сега тие ќе ти ја објаснат “вистината“. :)

Срби не знам дали ќе се појават ... ама и ич куков не ме заболе.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Многу ни е гајле што ќе рекле.

Нека читаат Бугарите и Србите и нека плачат:
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Така, бракја македонци
да започнем огромотјаването со НАРОДНАТА песна за героинјата МАРА БУНЕВА. Еве го текста:

Песен за Мара Бунева

Вардарот с'хнел, Скопие плакал
от тиранина, с'рбин Прелича.
Разплакал мајки, разплакал деца,
ча са скопјани, ча са б'лгари.

Се налјутила Мара Бунева,
Мара Бунева баш б'лгарка.
Насред Скопие, крај Вардарот,
насред улица го пречекала.

Право стрелјала - точно случила
баш тиранина, с'рбин Прелича.
И се убила Мара Бунева,
зарад скопјани, зарад б'лгарско.


СЕГА ИДЕ НАј-ИНТЕРЕСНОТО - ОРИГИНАЛНИјаТ ТЕКСТ ОТ СТАТИјаТА ВО СР'БСКИОТ ВЕСТНИК ПОЛИТИКА /БРОјаТ Е ИЗЛЕЗ'Л НА 20 јануари 1928 г.

Оказва се, че не мога да го поствам - заштото сигурно е на латиница. Затова ви предлагам линк.
http://volanskopje.blogspot.com/2007/01/blog-post_20.html
 
B

Borg_Drone

Гостин
И се убила Мара Бунева,
зарад скопјани, зарад б'лгарско.
Ова не!

Мара Бунева не била ни Бугарка ни Србинка, ниту пак се борела за Бугарија или Србија, туку била МАКЕДОНКА која што се борела за Македонија. Тоа е основата и оттаму треба да почне дискусијата.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Многу јасно. како и самата што кажува: “Сè за Македонија, ништо за себеси!”

А интересно како бугарите ја присвојуваат Мара Бунева како Бугарска, а неможат да објаснат како Борис, братот на Мара, јасно дава до знаење дека тој е Македонец, како и Мара Бунева.

Писмо од Борис Бунев, братот на Мара Бунева:
" Почитуван г. министре,

Во текот на септември 1941 година, заедно со семеjството, сопругата и синот, се преселив во Скопjе, при што од Софиjа jа пренесов сета покуќнина.

Немаjќи сопствен дом, бидеjќи моите родители живеат во Тетово, од чиновникот за државни имоти ми беше определено да живеам во куќата на ул. 248 бр. 6, во коjа jа сместив сопствената покуќнина. Порди настаните на 8-ми септември 1944 г., го напуштив Скопjе без да jа изнесам покуќнината и заминав за Софиjа. Причините поради кои jа напуштив татковината Македониjа, ќе ги изнесам подолу.

Поради различните патишта по кои одев за слободата на Македониjа, денес сум определен како неподобен жител на татковината..., иако постоjано живеам со убавата мисла дека ќе ми биде дозволено да живеам во Македониjа и да бдам полезен. ...

Тоа мое решение да живеам во Бугариjа е привремено и ми налага да си jа соберам покуќнината. Домашните ми jавуваат дека во куќата во коjа се наоѓа покуќнината се вселило службено лице, кое одбило да ги пpедаде работите. ...

На почетокот на молбата ветив дека ќе ги изложам причините поради кои ги напуштив Скопjе. Бев загрижен за навлегувањето на Љотиќевците и Дража Михаиловичевите вооружени групи, за кои имаше сведоштва дека се веќе во Сурдулица и второ, ако останев во Скопjе, ќе требаше да се потчинам на германските воjски.

Од Љотиќевците и Дражамихаиловичевците се плашев дека како стар борец на ВМРО ќе посегнат по мене, а на Германците не сакав да им служам.

Треба да ви раскажам за следното:

Неколку денови пред бугарските воени и административни власти да jа напуштат Македониjа, во кабинетот на обласниот директор Тома Петров, на состанок бевме повикани неколку граѓани.

Обласниот директор ни рече дека бугарската влада му наредила да свика состанок со видни граѓани и да основa 'привремена македонска влада' под покривителство на германската воена команда и германскиот конзул во Скопjе, и таа влада треба да jа обjави автономиjата на Македониjа.

Сите присутни требаше да се изjаснат. Jас прв се jавив за збор, и буквално го кажав следново:

' Господине директоре, не во 11 часот, туку сега земете го телефонот и соопштете им на министрите, да им jа ебам маjката, зошто ни советуваат да jа обjавуваме автономиjата на Македониjа. Ние тоа нема да го направиме.

Господине директоре, вие не водите сметка дека меѓу нас нема пpедставници на тие што имаат право да зборуваат, тие што се по планините. Вие ли сте врската со нив, со тие што утре ќе влезат со оружjе в рака во градот? Тие со право ќе кажат: кои сте вие да основате привремена влада на автономна Македониjа без нас да не прашате? Вие ли, кои цели три години танцувавте во воениот клуб, вие ли имате право на такво нешто без да сте ополномоштени од нас, кои во тоа време бевме во планината и водевме борба со бугарските и германските власти? ...Затоа господа предлагам понатаму да не дебатираме по ова прашање. '

Господине министре, моjот став по ова прашање им беше познат и на германските воени власти и на германскиот конзул, и го ризикував животот во Скопjе поради повлекувањето на бугарските власти.

Некоj би прашал: а зошто не отиде в партизани? На тоа прашање, еден човек како мене би можел кратко да одговори: немав гаранциjа дека ќе бидам примен од нив, ниту пак сакав да бидам смешен и да се определувам во последната минута за да се наредам до тие што со месеци беа по планините. ...

Великобугарин сум до толку, до колку сум можел да имам право да живеам во сопствената татковина Македониjа, слободен и невознемируван. За слободата на Македониjа сум се борел против великобугарството, за што во Бугариjа сум бил осуден на смрт и сум лежел во затвор 5 години и 4 месеци.

Ако бев великобугарин ќе се согласев на државна служба во Скопjе коjа настоjчиво ми беше нудена. Ако бев великобугарин, барем на едно државно собрание во Македониjа ќе говорев. ќе пишував во весниците за великобугарството...

Ако бев великобугарин, немаше да ги одбегнувам прославите и банкетите, иако сум бил специjално канет....

И наjпосле, ако бев великобугарин, ќе отидев на приемот во општината организиран од цар Борис. Упорно бев покануван да присуствувам, но откажав и не отидов. Тоа ќе го потврди и г. Кирил Жерновски, коj во своjство на помошник на кметот имаше наредба да ме покани.

И кога официjалните органи ми составуваа белешки дека одбегнувам од тоа, им одговарав:

'Додека бугарските власти jа сметаат Македониjа за своjа колониjа, jас не сакам со присуството да го потврдувам тоа'. ...

Како член на В.М.Р.О. Да, таков бев, и имав престапи против бившото Кралство Jугославиjа. Титовата Jугославиjа и Федерална Македониjа не можат и не треба да бараат сметка од тие кои по своjата идеологиjа се бореле против Кралска Jугославиjа. В.М.Р.О. и неговите членови не водеа борба против новата демократска Титова Jугославиjа.

Почитуван г. министре,

Интересно е да наредите едно сеопфатно истражување на моjата деjност од 1941 г. до 8-ми септември 1944 година...И ако се докажат моите полезни работи во Македониjа, да наредите да ми се врати покуќнината според приложениот список, за дa останам со добри чувства кон управителите на моjата татковина Македониjа во коjа мечтаам да живеам.

Со почит кон вас и за доброто на моjата татковина Македониjа

Софиjа 15 октомври 1945 година
Со почит,
Борис Бунев "
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ликот на мојата тетка е неправедно оцрнет, вели внуката на Мара Бунева



Судбината на семејството Буневи е трагична како и на многу други македонски семејства

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Едниот внук на Мара Бунева од нејзиниот постар брат Борис живее во Софија и говори бугарски, другиот, од помалиот Лазар, кој почина пред неколку месеци во Белград, зборуваше српски. Тоа ни малку не им пречеше да се сакаат и да си помагаат. Нивните роднински врски не ги прекинаа ниту војните, ниту пробугарските, ниту просрпските пропаганди.

Кога се гледав во Белград со братучед ми Бранко, говореше српски, таму израсна, дали се чувствуваше како Македонец или како Србин никогаш не сум го прашала. Тоа не сум го прашала ниту мојот братучед Милко во Софија, дали е Македонец или Бугарин. Многу помалку контактирав со нив отколку што контактираа тие меѓу себе. Многу се сакаа и често се гледаа. За смртта на Борис пред неколку месеци разбравме токму од Милко. Ни се јави во Скопје. Му помагаше на Борис кога НАТО го бомбардираше Белград, му испратил и пари да му се најдат. Без разлика на кој јазик зборуваа, во се' се разбираа“, раскажува нивната братучетка Анче Герасимовска, внука на Бунева од нејзината сестра Ленка.

Судбината на семејството на Мара Бунева, атентаторка на Владимир Прелиќ, е трагична како и на многу други македонски семејства кои, подложени на страшниот притисок на пропагандите и борбата за егзистенција, се растурале по светот и понекогаш се вклучувале во спротивставените завојувани страни, кои не одбирале средства за да остварат влијанија на македонските простори. Кога ќе се слушне приказната за Буневи, изворно кажана од човек на семејството, изгледа сосема поинаку од онаа што и ден-денес сакаат да ни ја сервираат определени кругови.

Животната врвица на секој нејзин член е слика и прилика на трагичните македонски судбини, кроени и прекројувани од српски, бугарски, грчки и којзнае какви други пропаганди. Страшното време, војните и окупациите, шесте деца на тетовецот Никола ќе ги одведат на разни страни. Најстариот брат Борис ќе стане бугарски офицер, помладиот Лазар ќе влезе во српската војска на Кралска Југославија.

Најстарата од четирите сестри Мара, родена во 1902 година, животот ќе го заврши откако ќе го изврши атентат на 13 јануари 1928 година. Една година помалата сестра Ленка ќе остане во Македонија, најмладата Вера ќе се омажи и ќе замине во САД, а четвртата сестра Нада ќе почине многу млада, на 18 години, истата година кога е убиен Прелиќ.

Разговараме во домот на Анче Герасимовска во Тетово, професорка по музика во пензија. Сакаме од неа да слушнеме за нејзината тетка чие име и ден-денес многумина го користат за своите пропагандни цели. Вели дека страшно е револтирана од многу невистини што деновиве се изговорени и напишани за Мара, чиј подвиг и по осумдесетина години предизвикува расправии и делби меѓу Македонците. Признава дека и' е тешко да говори за тие времиња, до сега за тоа не говорела пред ниту еден новинар, но сега, откако ги слушнала сите невистини, сака да ги соопшти своите видувања и на некој начин да се исправи неправдата што и' е нанесена на тетка и' Мара, а со тоа и на нивното семејство.



На една од телевизиите, сега покојниот Спасе Шуплиновски изјави дека и' бил роднина на тетка ми. Јавноста треба да знае дека не е никаков род со нас, ние него не го познаваме, немаме никаква семејна врска со него. На истата телевизија слушнав изјава и на еден свештеник, која по панихидата во црквата ’Св. Димитрија’ рече дека Мара не била чесна жена, имала повеќе мажи, дека му била љубовница на Владимир Прелиќ, што не е вистина. Не е вистина и тоа дека била љубовница на адвокатот Андрејчин од Тетово, кого српските власти го ликвидирале истиот ден кога е извршен атентатот. Со семејството Андрејчин бевме соседи и големи пријатели. Многу невистини се кажаа за тетка ми Мара и се извалка нејзиниот образ. Таа била омажена жена, а атентатот го извршила од патриотски побуди. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои. Мојата баба никогаш не сум ја слушнала да каже ниту еден збор бугарски. Многу добро се сеќавам на неа. Мајка ми од Скопје ќе ме испратеше за Тетово со малиот воз, кој патуваше девет часа, и јас кај неа ќе останев цело лето. Не паметам да ми прозборила бугарски збор“, вели револтирано внуката на Мара Бунева.

Буневи е познато тетовско семејство. Никола Бунев бил писмен човек, се школувал во Солунската гимназија. Читал многу, бил учител, но за трговија не го бидувало. „Имаше многу книги. Не знам каде отидоа, кој ги зеде. Откако ја продадовме, куќата ги снема“, вели неговата внука Анче. Нејзината баба била од богато трговско семејство. Убавата двоспратна куќа во која живееле ја изградил таткото на баба и', како и тетовската црква „Св Димитрија“ во Тетово.

Како се случило едниот брат да се најде во бугарската, а другиот во српската војска кои многупати војувале за Македонија. Анче вели дека нејзиниот дедо за време на Првата светска војна кога Тетово го окупирале Бугарите бил кмет на градот. По војната, кога дошле Србите, останал без работа. Морало да се бара некакво чаре за егзистенција. Па така, Лазар го испратил во Белград, а Борис во Софија.

За време на Втората светска војна, Глигор, таткото на Анче, своето семејство ќе го пресели во Скопје. Во Тетово ќе остане само баба и' да ја чува куќата. Во 1941 година, по италјанската и албанската окупација на западна Македонија, Македонците ќе се најдат под голем притисок на бандите на Џемо, особено во Тетово. Таа раскажува како во тоа време одвај спасиле жива глава, а нејзиниот брат и сестра ги криеле Албанци во селото Шемшово се' додека не се префрлиле во Скопје. Во тоа време со бугарската војска како нивен офицер во Скопје ќе дојде и нејзиниот вујко Борис и тука ќе живее се' до капитулацијата на Бугарија. Вели дека сите тетовци го паметат по многуте добра што им ги направил. Во тие тешки времиња на војна им помогнал на многумина кај бугарските власти. По повлекувањето на бугарските војски, си заминал. По доаѓањето на власт на комунистите во Бугарија, бил уапсен и повеќе години поминал затвор.

Во 1961 година Борис изразил желба да ја посети Македонија. За да бидат сигурни дека нема да има проблеми, таткото на Анче претходно отишол кај надлежните служби да праша дали ќе му дозволат да дојде во Македонија. Му рекле дека слободно може да дојде, зашто не направил ништо лошо. Кога стасал во Скопје, бил многу среќен, посебно кога на Радио Скопје ги слушал емисиите на македонски јазик. Секој ден купувал и читал „Нова Македонија“. Расположен и весел еден ден им рекол. „Еве, за ова ние се боревме, за своја држава, за свој јазик“.

Синот на Борис, кој сега живее во Софија, една година студирал во Белград.Тоа беше истиот период кога и јас студирав таму. Беше запишан на странски јазици. Остана само една година. Понекогаш доаѓа во Македонија за да се видиме“, раскажува Анче Герасимовска.

Лазар имал полоша судбина од својот брат. Се оженил со Србинка, со која немал среќен брак. Лага е дека бил убиен од српските власти веднаш по атентатот на Прелиќ, како што тврди Ванчо Михајлов. Тој останал и натаму во војската на Кралска Југославија, а германската окупацијата ја дочекал во Белград. Не е вистина дека бил ликвидиран од Руси, туку го убиле Срби при крајот на војната, откако неговата сопруга ќе го наклевети.

Вера, најмладата сестра на Мара, се' уште е жива, а неодамна навршила 90 години. Во САД заминала во 1935 година од Софија. Таму отишла кај братот Борис и тогаш се запознала со нејзиниот иден сопруг, инаку крушевчанец. Имал завршено теологија, а бугарската црква го испратила во САД. Им се изродиле четири деца, најпрво двајца близнаци, потоа уште еден син и, на крајот, ќерката, која е омажена за правнук на познатиот руски писател Толстој. Вера пред неколку години ја посетила Македонија заедно со тројцата синови. Била во Скопје, Охрид и во Тетово за да го види уште еднаш родното место. Нејзината внука од сестрата Ленка добро се сеќава на средбата што ја имала со неа и на нејзините зборови. Кога дошла кај неа во Тетово, и' рекла: „Па овде ви е убаво, како и кај нас во Америка“. За Мара не зборувале.

Какви се сеќавањата на семејството на Мара, по што ја паметат нејзините внуци, што се раскажувало за неа. Анче вели дека за животот на тетка и' не знае многу, бидејќи нејзините родители ништо не говореле за неа пред децата.

Тоа што го знам ми го кажа мајка ми. Таа раскажуваше дека тетка ми Мара кога ќе работела низ куќата во Тетово, секогаш пеела песни за Гоце Делчев, за Јане Сандански и плачела. Им се восхитувала на македонските револуционери. Се раскажуваше и тоа откако го извршила атентатот, кога лекарот од Белград ја прашал зошто го убила Прелиќ, му одговорила - за Македонија. По атентатот моите домашни ги уапсиле. Во затвор бил и дедо ми и татко ми. Татко ми го пуштиле брзо, а дедо ми го задржале 7-8 месеци“, раскажува Анче Герасимовска.

Поради тоа што тетка и' била атентаторка немале никакви проблеми.Израснавме во Скопје, учевме средно училиште во Скопје, брат ми отиде да студира во Љубљана, каде што се ожени со Словенка. Ни дадоа стипендија и нему и мене. Не сме имале никакви проблеми. Некој ќе рече овие биле бугаромани, другите србомани. Такви биле тогаш времињата. А дали можеш некого да судиш за тоа. Тогаш никој не можел да каже дека е Македонец. Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си. Фала му на Бога, сега можеме да кажеме тоа што сме. Ние дома сите се чувствуваме Македонци. И сестра ми и брат ми, кој почина многу млад. Беше голем патриот. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци“, раскажува Герасимовска, која се омажила во Тетово, каде што и денес живее.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Како е видно от писмото - оно е пишевано во 1945 г. и ако Борис Бунев не ги бе пишал тие редови тој би бил утепан во србокомунистическите-македонистки лагери /како Голи Оток/.
А не виждам како би можел да б'де ос'ден на смрт в Бугарија и да живее толко години в Софија и да му е тамо остала покукината?
Суштата е причината и за писоното во вторијат пост.
И уште нешто - Мара Бунева е изп'лнила прис'да издадена от Централнио комитет начело со Ванче Михајлов. А ако ме не л'же паметта - за вас, македонистите он е Бугарски шпионин.
И второ - като не можехте да објавите Мара Бунева за предателка, сега се м'чите да ја реанимирате како "македонка". Като ја тачите - зашто неведн'ж трошите паметната плоча на мјастото на атентата крај Вардаро?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Кусев, писмото ќе го скенирам и ќе го постирам, ич не се секирај.

Го има фототипно во списание "Фокус" бр. 612, 23 март, 2007 година, стр. 34-36.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Какво повече да пиша по темава - србскиот вестник Политика само неколку дни после геројството на Мара Бунева јасно е казал "па шта е тја" /ха сега се сетите зашто ползвам србски израз тук
И не ми отговорихте на некои прашанија по-горе - за плочата нај-веке.
А като тв'рдите, че јазикот ви е отделен - зашто се разбираме без преводач?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Па и со Срби ние можеме да се разбираме без преведувач! Дури се имам разбирано и со Чеси без преведувач, па тоа не значи дека зборувам на некој Српски или Чешки дијалект.

А и немој со такви работи што пишувал весникот! Многу добро знаеме дека се што пишува во весниците не е точно, и дека новинарите не ретко ја искривуваат вистината, се со цел веста да одговара на тие што го плаќаат новинарот. Додантно, Србите често ги нарекувале Македонските патриоти бугараши со цел да ги оцрнат.

А за тоа што ТИ сега дознаваш дека НИЕ, Македонците сакаме да и го дадеме вистинското место на Мара Бунева во историјата, тоа не е наш проблем. Таму кај плочата има тепачки, зашто вие доаѓате со бугарски знамиња, и ни ги веете пред нос, кажувате провокативни антимакедонски слогани, ни ги крадете хероите, и очекувате да си одите како што дојдовте! Е не може братко така!

А да не спомнувам дека тепачките пред плочата се дело на Каракачанов и останатите од СМД (СМД сами платија на рекетари да ги истепаат пред плочата), со цел да не дискредитирате нас Македонците, пред јавноста во Бугарија (тука спаѓаат и децата на Македонците пребегани во Бугарија), како “србизирани Бугари, кои се одделиле од татковината“ и демек со тоа да ги “овистините“ лагите кои ги пишува во вашите историски учебници. Бедно.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Бре много сте брзи в брисането. Ајде се срдите за "јазикот" - јасно. Ама зашто ми го бршете постот за ланскиот инцидент. Или вистината е неудобна. 13 јануари иде - пак ке се сретиме во Скопие.
Пак ке прашам -. зашто ја трошите плочата?
И кои беа фудбалските хулигани, кои нападнаа хора со бели коси и не смејаха да се изправат грди во грди со по-младите членови на ВМРО а само метаа камини и бегаа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom