TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Извадок од книгата на Љубимир Тошев, во која по децениски истражувања, ги изнесува фактите за неправедно заборавената Мара Бунева.
На двапати таа 1926 година, Мара Бунева се обидуваше да им ги скрати дните, грдите дни ним, на великиот жупан Вилдовиќ, на владиката черносотонски Варнава и нему, на референтот правен Велимир Прелиќ; на двапати се обиде, на двапати не успеа - оти тие што ги чекаше да ги испрати онаму од каде без воскрес нема враќање - од нејасни причини - не и се најдоа на нишан.
И... осамна во чудесна седефеста светлина, изѕемнато, тресејќи се од студ - 13 јануари 1928 година - петок беше денот, денот беше пазарен - стаса денот кога ќориот ѓавол требаше да ги плати сметките.
Во тоа претпразнично утро зачекори - врвеше 9 часот - нозете ја однесоа на мостот Генерал Бојковиќ, та откако го измина мостот железен, киниса по пајкомаалото, по улицата Немањина натаде Бит-пазарот.
Таа не стигнувајќи до црквата фати џаде по левиот кеј крајвардарски насловен со “13 Октобар”, со датумот на српското “ослобоѓење Скопја”, низ Пајко малето - Мара стигна до Мост Цара Душана и, оставајќи го зад себе Камениот мост, стапна во Ново маало, стапна на Кеј Војводе Путника; стапна на кејот по кој требаше да помине - по долгото и прецизно следење на неговото движење - врховниот вдахновител на сите инквизиторски тортури кон сè македонско; да помине душовадникот на чиј миг којзнае колку невини Македонци, до смрт тепани, коските ги фрлија, ги оставија во катакомбите на жупанијата дранговградска, којзнае колку луѓе обителски оглувеа или полудеа, откако по наредба на душојадецот сјенички -- тоа беше врвот на монструозноста прелиќева -- измеќарите негови, садистички им ги забиваа прстите свои во меката коска зад ушите на жртвите и таму ги држеа тие прсти сè додека ним, на несреќниците крв не ќе им потечеше од ушите и со превртени очи не ќе се ничкосаа наземи, а тој - гнасата садистичка! – се мајтапеше со маките на страдалниците.
На десниот брег вардарски, на кејот Војводе Путника, меѓу 12 и 12,30 часот требаше - така сметаше Мара - да помине Прелиќ и таа, ѓомити на прошетка го пушти чекорот слободно да чекори по тротоарот од спротивната страна од брегот вардарски, во насокаод Народната банка накај Филијалата на Хипотекарната банка.
По тој тротоар заоде само сега во обратна насока, од Хипотекарната банка накај Народната банка, кога по некое време надуено, се зададе, следен од гавазот свој - Албанец беше телохранителот Прелиќев - весело, по неколку на екс излокани ракии потпевнувајќи: “И мама и тата даќе мени дуката…”.
Мара, која се наоѓаше на тротоарот наспроти тротоарот по кој џилити фрлаше чумата црна, ја премина улицата поплочена, се качи на тротоарот спротивен, се размина, правејќи се оти не го гледа, со Прелиќа, застана на 7-8 метри зад ќориот ѓавол, од џебот таен на капутот зеленкаст со раката десна го извлече маузерот, го впери револверот во оној во кого требаше да го впери, го повлече петлето - сета сцена почна да се одигрува токму во дванаесет часот и четириесет минути на кејот Војводе Путника, на половина пат меѓу куќата на Прелиќ и филијалата на Хипотекарна банка, на каршилак од Звезда, кафеаната крајвардарска - намерно првиот куршум - јунак в грб не стрела! - го истрела покрај црната чума, намерно целта не ја потрефи, но штом душовадецот се сврте - тоа тетовката го чекаше - штом го здогледа мермеросаниот од уплав сурат негов, мафтајќи со рацете сака нешто да каже, повторно го повлече петлето, па одекна уште еден истрел, по него уште два, можеше да го застрела и гавазот албански, ама немаше потреба за тоа, за сето време на стрелбата тој не мрдна со рацете, не направи никаков сомнителен потег, остана како закопан на тротоарот крајвардарски.
Петтиот куршум - кога забележа дека олицетворението на злото српско, со нозе спружени кон реката вардарска, а со глава легната на улицата, се прпела во крвта сопствена - го задржа за себе, стрелајќи си во градите самата крвта си ја пролеја.
Еден џандармериски наредник, еден обичен џандар и еден офицер џандармериски притрчаа и и го одзедоа револверот: “Оставете ме, јас сакам да умрам!” извика Бунева, обидувајќи се да се фрли во споулавените води вардарски, ама ни за тоа немаше сила, па, кога дојде еден автомобил, џандарите во него, вкупом со Прелиќа, ја сместија Мара и автомобилот ги одвози таму Крњевото, таму Воената болница, таму Полумесечината, така дранговграѓаните ја именуваа Болницата воена.
Атентаторката и атентатираниот - и едната и другиот сè уште беа живи - и беа предадени во рацете на дежурниот лекар на болницата. Лекарите констатираат дека куршумот со кој се самозастрела Бунева направил катастрофална пустош во градите нејзини - атентаторката веднаш не починала само затоа што куршумот големокалибарски не ги погодил големите крвни садови.
За властите истражни, одржувањето на Бунева во живот имаше, не е тешко да се погоди зошто, поголема важност одошто животот на правниот референт -- и, токму личниот лекар на Александар I Караѓорѓевиќ - Костиќ со:
-Јели, госпоѓо Маро, због чега сте убили Прелиќа? - ја запраша Мара, која, иако тешко ранета беше при свест.
- Дали е жив? -без да му одговори на прашањето, на јазикот мајчин го запраша таа хирургот кралски, та штом доби потврден одговор:
- Ја сакам својата татковина Македонија и умирам за неа, придушено, поради недостатокот на кислород, со огромен напор изусти младата жена тетовска, а до неа од некаде далеку, од некаде многу далеку докрили:
- Господо, то вам је жена, - докрилија думите на хирургот дворски упатени до истражителите окупаторски и тие думи на генералот Миливоје Костиќ беа последното нешто што докрили до органите за слух на Бунева.
Веднаш по испраќањето на ќориот ѓавол на подземно рандеву со Рогатиот и самозастрелувањето на Бунева, писателот романски Н. Тачит во Алманахул Аромнеск ќе напише:
.
“Мара Бунева ... интелигентна и пламена патриотка; беше активен член на македонската организација во Скопје. Oткако сред бел ден, во центарот на Скопје го уби Прелиќа, се самоуби стрелајќи си еден куршум во срцето и умира пред Прелиќ.
Мара Бунева зазема место меѓу мачениците на Македонија, кои сакаа да умрат за својата измачена татковина. Македонците насекаде во светот го празнуваат споменот за таа Македонка, нарекувајќи ја: Убавата маченичка на потиснатата Македонија!”
Ова ќе го каже писателот романски за Мара, а дописникот на парискиот весник Лувр, во написот печатен на 7 април 1928 година, Бунева ќе ја нарече македонска Шарлота Корде. Болеслав Тахауер, аташе за печат при унгарската амбасада во градот софиски, ова писмено ќе го соопшти:
“Ќе биде повеќе од банално да се тврди дека без крвопролевање ниеден народ не ја извојувал својата слобода. Тоа се однесува на сите народи, освен за тие што до слободата стигнаа со посредство на дипломатските.
Но Србите, коишто го воздигнуваат споменот на убиецот на австроунгаскиот престолонаследник, без никаква грижа на совеста ќе ја осудеа Мара Бунева... Во лицето на Мара Бунева гледаме еден борец за слобода на својот народ.
.
...Таа (Мара Бунева, м.з.) е влезена во крвавата историја на македонските маченици и оној ден кога Македонија ќе биде слободна, таа ќе заземе видно место во историјата на Македонија, која ќе се изучува во училиштата.”
Сè до пропаста на титовата Југославија, србомакедонистичка пропаганда, раководејќи се од кралалександровската пропаганда, ја третира хероината незаборавна како џандарка подготвена да убие за пари. Почнаа да одржуваат панихиди во почетокот на дваесет и првото столетие, поставија спомен-плоча на местото крајвардарско, на местото каде што Бунева на 13 јануари 1928 година, токму во дванаесет часот и четириесет минути му го скрати грдото суштествување на ќориот ѓавол и самата крвта си ја пролеа.
На тоа место крајвардарско патриотите македонски поставија плоча во чест на Мара Бунева, но не помина многу време, ниту многу вода протече низ коритото вардарско - рожбите на србомакедонизмот зедоа да ја бербатат спомен-плочата, ултрахулигански зедоа да го сквернават споменот за хероината бесмртна, хероината која, доследно го оправда единственото вјерују нејзино: “Сè за Македонија, ништо за себеси!”