Си одам затоа што те сакам!

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
да. Веќе и го направив то. Ако е среќен , среќна сум и јас. ...Sometimes you have to let go...:toe:
 
Читав наназад, не сум ја сфатила темата како што треба.
Значи, ако двајцата се сакаме неизмерно, меѓутоа него нешто му смета во врската, не е среќен со мене, и јас го согледувам тоа, да го пуштам.

Не ми одговара, не ми оди некако.
Како прво, не сме малечки деца да се лажиме и да не си кажуваме што не е во ред. Ако нешто не штима во врската, ќе седниме и ќе разговараме.

Ако љубовта е вистинска, заслужва борба и напор вложување за таа да успее.

Впрочем, една наша драга форумџика кажа прекрасно:

Чудно ми е колку многу размислувам за темава во последниве неколку дена, едноставно не ми излегува од глава, се обидувам да разберам и борбата е таа.
Навистина се потрудив да разберам, некој толку многу да го љубиш што би го ослободил, но само ако тој тоа го сака!
Не да се откажеш од борбата, а денес ... тоа е најшироко распространета појава, не е љубов.

Правопропорционално, ако љубиш се бориш, ако не љубиш, бараш изговор за да го пуштиш некој да биде слободен.

Прекрасно кажано.:pipi:
 
Ако партнерот кој го сакам почне да оладува и забележително да му опаѓа интересот за мене, секако дека ќе се повлечам и ќе си отидам, освен ако он не ми раскине претходно. Нема поента да бидам со некого со кого љубовта не е обострана.

Ама тоа што јас ќе си заминам од него и покрај тоа што го сакам е далеку од несебичен акт, каков што вие сите тука го величите; тоа е себичен акт кој го правиме за лично наше добро, а не за да не го мачиме партнерот. Ако партнерот не сака да се мачи, може да собере муда и да ни раскине. Би го напуштила од себични причини, затоа што немам фидбек од негова страна, затоа што давам а не добивам за возврат, затоа што не гледам перспектива кога не е обострано.

Ничија среќа не е пред мојата; иако се сложувам дека романтично звучи кога ќе го кажеш така. :wink:

Правопропорционално, ако љубиш се бориш, ако не љубиш, бараш изговор за да го пуштиш некој да биде слободен.
Да се борам? Ако човекот не ме сака повеќе на начинот на кој го сакам јас, нема простор за борба. Не можам насила да го убедам пак да се заљуби во мене. Ако оладил и ако сам заклучил дека не го нудам тоа што сака да го купи... тогаш ништо нема да го предомисли, никаков мој труд.

А имам и достоинство ваљда. Никој не заслужува да му се докажувам и да се пентарам по дрва за да ја повратам неговата наклонетост, а ако тоа го бара, тогаш не заслужува воопшто да го сакам.

Ќе си одам, ќе го оставам човекот на мира, ќе преболам.

Значи, не си одам затоа што те сакам.
Си одам затоа што не ме сакаш.
 
Зашто сите си ја замислувате ситуацијата како партнерот да оладил и да не ве сака веќе или не е среќен со вас? Што ако партнерот сеуште ве сака, ама поради х причини неможе да сте заедно и е подобро (за него, а можеби и за двајцата) едноставно да се разделите?
 
Ситуации има безброј, само оној кој бил во една таква ќе знае да каже и да кимне со глава кога ќе прочита друг.
Реакцијата е убиствена, претпоставувам слично на смрт на саканата личност. Но како и секогаш и за се`, животот продолжува, по некое време љубовта се претвора во убаво сеќавање, а траумите и дилемите јасно е дека веќе биле беспредметни... но не и неоправдани.
 
Зашто сите си ја замислувате ситуацијата како партнерот да оладил и да не ве сака веќе или не е среќен со вас? Што ако партнерот сеуште ве сака, ама поради х причини неможе да сте заедно и е подобро (за него, а можеби и за двајцата) едноставно да се разделите?
Зошто така ја поставил авторот темата. Баш за таа конкретна ситуација. :wink:
 
Да се борам? Ако човекот не ме сака повеќе на начинот на кој го сакам јас, нема простор за борба. Не можам насила да го убедам пак да се заљуби во мене. Ако оладил и ако сам заклучил дека не го нудам тоа што сака да го купи... тогаш ништо нема да го предомисли, никаков мој труд.

А имам и достоинство ваљда. Никој не заслужува да му се докажувам и да се пентарам по дрва за да ја повратам неговата наклонетост, а ако тоа го бара, тогаш не заслужува воопшто да го сакам.

Ќе си одам, ќе го оставам човекот на мира, ќе преболам.

Значи, не си одам затоа што те сакам.
Си одам затоа што не ме сакаш.

Псај, темата не е ако партнерот не те сака веќе или ако почнуваат чувствата да му заладуваат.
Темата е демек, тој те сака неизмерно, меѓутоа нешто во врската не штима.
Е сега, дали ти би заминала баш поради тоа што го гледаш него дека не е среќен во врската, ама гледаш дека и понатаму те сака со целото негово срце.

Затоа и Лејди Сатори имаше напишано дека борбата би ја водела ако имаш за што да се бориш.

Ако јас гледам дека тој мене ме сака, дека јас го сакам ама ете дека периодот е лош, и дека тој не е среќен, ќе се борам ите како за да биди како што било некогаш.
 
Ако не е среќен со мене, не ме сака. Зошто ако ме сака, и најтешките периоди у врската ќе биде среќен што е со мене и нема ни да дозволи да го напуштам.

Авторката се изрази во смисол, што би било кога вие веќе не би биле среќата во неговите очи. За мене тоа значи дека престанува да ме сака ако веќе не сум неговата среќа. Ти, или некој друг оптимист, може ја сфатил поинаку, дека има други проблеми дечкото, дека не е до вас. :icon_lol:
 
Уф само колку не сум оптимист. :)
Не мора да значи дека ако не е среќен во врската не ме сака.
Има прекрасни постови, ќе почнам со постот на Принц, кој преубаво кажа и ја долови темата во вистинска смисла на зборот :)
 
Значи Тамара, да го тргнеме на страна Принц и сите останати, јас реплицирав на воведниот пост на темава, кој е следниот:
До каде може да стигне дарежливоста на љубовта. Може ли да се сака од себеси посилно, толку што кога ќе видиш во неговите очи дека веќе не си ти неговата среќа, ќе си заминеш зашто го сакаш, зашто пред твојата љубов за него доаѓа неговата среќа. Јас едноставно би замолчила и би заминала, знам дека немам сили да се борам, и на љубовта кога е вистинска не и треба борба, и нема ништо поважно за мене од неговата среќа. Како кога можеш да го погледнеш во очи и да кажеш "те сакам, го знаеш тоа, сакам се во тебе јас, од љубовта во твоите очи одамна нема траги, не можам да те принудам на сила да ме сакаш, не сакам да те повредам, ја нема во тебе љубовта. Си одам зашто те сакам од себеси посилно знаеш ти, си одам зашто те разбирам, не си одамна среќен со мене ти. По навика пак кажуваше ти дека се е како порано, но гледам јас во твоите очи од рамнодушност траги."

Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??
Не знам што ви е нејасно и тебе и на Биг Кисс.

Ситуацијата е едноставна: во врска сте, се сакате, со тек на време забележувате дека партнерот оладува, дека станува рамнодушен, дека престанува да ве сака, а сепак е со вас; како би постапиле?
Јас си кажав дека би се повлекла и би го напуштила поради недостаток на фидбек, а вие тука нешто почнавте да мешате борби, нештимање, причини да не може да биде со вас. :)
Комплицирате. :pipi:
 
Еднаш реплицирав на темава онака како јас што ја сфатив. А ја сфатив вака: „Си одам затоа што те сакам и не сакам да патиш со мене бидејќи не ме сакаш“.
Онака како што ти Псај кажуваш.
Потоа следуваше сурија критики како тоа ние не сме ја сфатиле всушност суштината на темата.

Последен пат ви кажувам бидејќи гледам дека има големо недоразбирање и целосно неразбирање на темава. Затоа и мислам дека Ацид згреши кога ја префрли во овој подфорум, бидејќи темава припаѓа во филозофија и психологија и од тој аспект ја обработуваме. Тешка психологија и филозофија е ова. Зборуваме за луѓе што се спремни да ја напуштат среќата што ја имаат со некого, бидејќи тој/таа е несреќна поради нешто во врската.

Јасно е како бел мочан ден дека ако парнерот не ме сака, ќе го напуштам и мирно ќе спијам во 2 саат по полноќ наместо да кмичам на форум и реплицирам на темава. Целиот муабет на темава се одвива во ова поле (барем јас така ја сваќам) :
- Го сакаш партнерот премногу
- Те прави среќен многу
- Те сака партнерот премногу
- Го правиш среќен, но нешто му недостига кај тебе... Нешто го повредува... Знаеш, во состојба е да те бакнува толку силно и искрено, да те гушка... и да плаче. Од различни причини би било ова.
= Го напушташ, бидејќи не можеш да го гледаш колку тажен го прави она што во моментов или засекогаш не може да се смени. Значи причината поради која е несреќен и плаче не може да се смени во моментов или засекогаш.

И ете Принц се понуди да ја кажи суштината на темата.
Сега не знам шо да мислам.:icon_neut
 
Јас ја сфаќам како и Принц :) Затоа што сум била во таква ситуација и знам како е...
 
Значи Тамара, да го тргнеме на страна Принц и сите останати, јас реплицирав на воведниот пост на темава, кој е следниот:

Не знам што ви е нејасно и тебе и на Биг Кисс.

Ситуацијата е едноставна: во врска сте, се сакате, со тек на време забележувате дека партнерот оладува, дека станува рамнодушен, дека престанува да ве сака, а сепак е со вас; како би постапиле?
Јас си кажав дека би се повлекла и би го напуштила поради недостаток на фидбек, а вие тука нешто почнавте да мешате борби, нештимање, причини да не може да биде со вас. :)
Комплицирате. :pipi:

Баш така е темата, како што си ја разбрала.
sun.gif
 
Епа критиките им биле неосновани затоа што постот јасно си кажува, а постот на Принц звучи убаво и све тоа, ама мене ништо не ми кажува, ништо не објаснува. Ако сака да му го разберам, тогаш нека наведе конкретна ситуација во која партнерот и покрај тоа што премногу ве сака, имало нешто што го правело несреќен у врска со вас и плачел дур ве љубел. :icon_neut

Ми нема логика некако. Ако ме сака, ќе ги проголта тие работи што кај мене не му се допаѓаат (а секако дека ќе има такви нешта зошто никој не е совршен), а нема да се бедира и да биде несреќен, па ја на своју вољу да му раскинувам за да не бил избедиран.

Наведете ми конкретна ситуација ако мислите дека погрешно ја разбирам темата.
Еве ти Биг Кисс викаш дека си била во таква ситуација... Што е тоа што би го правело толку несреќен во врска со тебе, додека истовремено те сака? Ако не ти е проблем да кажеш, секако... :)

едит: Дури и авторката на темата што најдобро знае на што мислела ме поддржува, а вие се „расправате“ :icon_lol:
 
Уф само колку не сум оптимист. :)
Не мора да значи дека ако не е среќен во врската не ме сака.
Има прекрасни постови, ќе почнам со постот на Принц, кој преубаво кажа и ја долови темата во вистинска смисла на зборот :)

Во љубовта има среќа. Ако ја нема љубовта ја нема ни среќата. Темата е како што е поставена, истите тие зборови, нема друга смисла.

Епа критиките им биле неосновани затоа што постот јасно си кажува, а постот на Принц звучи убаво и све тоа, ама мене ништо не ми кажува, ништо не објаснува. Ако сака да му го разберам, тогаш нека наведе конкретна ситуација во која партнерот и покрај тоа што премногу ве сака, имало нешто што го правело несреќен у врска со вас и плачел дур ве љубел. :icon_neut

Ми нема логика некако. Ако ме сака, ќе ги проголта тие работи што кај мене не му се допаѓаат (а секако дека ќе има такви нешта зошто никој не е совршен), а нема да се бедира и да биде несреќен, па ја на своју вољу да му раскинувам за да не бил избедиран.

Наведете ми конкретна ситуација ако мислите дека погрешно ја разбирам темата.
Еве ти Биг Кисс викаш дека си била во таква ситуација... Што е тоа што би го правело толку несреќен во врска со тебе, додека истовремено те сака? Ако не ти е проблем да кажеш, секако... :)

едит: Дури и авторката на темата што најдобро знае на што мислела ме поддржува, а вие се „расправате“ :icon_lol:

Праведни се твоите зборови. Зашто љубовта може да помине низ се. Луѓето не се совршени, вистинската љубов е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom