Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Чудно ми е колку многу размислувам за темава во последниве неколку дена, едноставно не ми излегува од глава, се обидувам да разберам и борбата е таа.
Навистина се потрудив да разберам, некој толку многу да го љубиш што би го ослободил, но само ако тој тоа го сака!
Не да се откажеш од борбата, а денес ... тоа е најшироко распространета појава, не е љубов.
Правопропорционално, ако љубиш се бориш, ако не љубиш, бараш изговор за да го пуштиш некој да биде слободен.
Да се борам? Ако човекот не ме сака повеќе на начинот на кој го сакам јас, нема простор за борба. Не можам насила да го убедам пак да се заљуби во мене. Ако оладил и ако сам заклучил дека не го нудам тоа што сака да го купи... тогаш ништо нема да го предомисли, никаков мој труд.Правопропорционално, ако љубиш се бориш, ако не љубиш, бараш изговор за да го пуштиш некој да биде слободен.
Зашто сите си ја замислувате ситуацијата како партнерот да оладил и да не ве сака веќе или не е среќен со вас? Што ако партнерот сеуште ве сака, ама поради х причини неможе да сте заедно и е подобро (за него, а можеби и за двајцата) едноставно да се разделите?
Зошто така ја поставил авторот темата. Баш за таа конкретна ситуација. :wink:Зашто сите си ја замислувате ситуацијата како партнерот да оладил и да не ве сака веќе или не е среќен со вас? Што ако партнерот сеуште ве сака, ама поради х причини неможе да сте заедно и е подобро (за него, а можеби и за двајцата) едноставно да се разделите?
Да се борам? Ако човекот не ме сака повеќе на начинот на кој го сакам јас, нема простор за борба. Не можам насила да го убедам пак да се заљуби во мене. Ако оладил и ако сам заклучил дека не го нудам тоа што сака да го купи... тогаш ништо нема да го предомисли, никаков мој труд.
А имам и достоинство ваљда. Никој не заслужува да му се докажувам и да се пентарам по дрва за да ја повратам неговата наклонетост, а ако тоа го бара, тогаш не заслужува воопшто да го сакам.
Ќе си одам, ќе го оставам човекот на мира, ќе преболам.
Значи, не си одам затоа што те сакам.
Си одам затоа што не ме сакаш.
Ако не е среќен со мене, не ме сака. Зошто ако ме сака, и најтешките периоди у врската ќе биде среќен што е со мене и нема ни да дозволи да го напуштам.Псај, темата не е ако партнерот не те сака веќе или ако почнуваат чувствата да му заладуваат.
Темата е демек, тој те сака неизмерно, меѓутоа нешто во врската не штима.
Е сега, дали ти би заминала баш поради тоа што го гледаш него дека не е среќен во врската, ама гледаш дека и понатаму те сака со целото негово срце.
Затоа и Лејди Сатори имаше напишано дека борбата би ја водела ако имаш за што да се бориш.
Ако јас гледам дека тој мене ме сака, дека јас го сакам ама ете дека периодот е лош, и дека тој не е среќен, ќе се борам ите како за да биди како што било некогаш.
Ако не е среќен со мене, не ме сака. Зошто ако ме сака, и најтешките периоди у врската ќе биде среќен што е со мене и нема ни да дозволи да го напуштам.
Авторката се изрази во смисол, што би било кога вие веќе не би биле среќата во неговите очи. За мене тоа значи дека престанува да ме сака ако веќе не сум неговата среќа. Ти, или некој друг оптимист, може ја сфатил поинаку, дека има други проблеми дечкото, дека не е до вас.![]()
Не знам што ви е нејасно и тебе и на Биг Кисс.До каде може да стигне дарежливоста на љубовта. Може ли да се сака од себеси посилно, толку што кога ќе видиш во неговите очи дека веќе не си ти неговата среќа, ќе си заминеш зашто го сакаш, зашто пред твојата љубов за него доаѓа неговата среќа. Јас едноставно би замолчила и би заминала, знам дека немам сили да се борам, и на љубовта кога е вистинска не и треба борба, и нема ништо поважно за мене од неговата среќа. Како кога можеш да го погледнеш во очи и да кажеш "те сакам, го знаеш тоа, сакам се во тебе јас, од љубовта во твоите очи одамна нема траги, не можам да те принудам на сила да ме сакаш, не сакам да те повредам, ја нема во тебе љубовта. Си одам зашто те сакам од себеси посилно знаеш ти, си одам зашто те разбирам, не си одамна среќен со мене ти. По навика пак кажуваше ти дека се е како порано, но гледам јас во твоите очи од рамнодушност траги."
Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??
Последен пат ви кажувам бидејќи гледам дека има големо недоразбирање и целосно неразбирање на темава. Затоа и мислам дека Ацид згреши кога ја префрли во овој подфорум, бидејќи темава припаѓа во филозофија и психологија и од тој аспект ја обработуваме. Тешка психологија и филозофија е ова. Зборуваме за луѓе што се спремни да ја напуштат среќата што ја имаат со некого, бидејќи тој/таа е несреќна поради нешто во врската.
Јасно е како бел мочан ден дека ако парнерот не ме сака, ќе го напуштам и мирно ќе спијам во 2 саат по полноќ наместо да кмичам на форум и реплицирам на темава. Целиот муабет на темава се одвива во ова поле (барем јас така ја сваќам) :
- Го сакаш партнерот премногу
- Те прави среќен многу
- Те сака партнерот премногу
- Го правиш среќен, но нешто му недостига кај тебе... Нешто го повредува... Знаеш, во состојба е да те бакнува толку силно и искрено, да те гушка... и да плаче. Од различни причини би било ова.
= Го напушташ, бидејќи не можеш да го гледаш колку тажен го прави она што во моментов или засекогаш не може да се смени. Значи причината поради која е несреќен и плаче не може да се смени во моментов или засекогаш.
Значи Тамара, да го тргнеме на страна Принц и сите останати, јас реплицирав на воведниот пост на темава, кој е следниот:
Не знам што ви е нејасно и тебе и на Биг Кисс.
Ситуацијата е едноставна: во врска сте, се сакате, со тек на време забележувате дека партнерот оладува, дека станува рамнодушен, дека престанува да ве сака, а сепак е со вас; како би постапиле?
Јас си кажав дека би се повлекла и би го напуштила поради недостаток на фидбек, а вие тука нешто почнавте да мешате борби, нештимање, причини да не може да биде со вас.
Комплицирате.![]()
Уф само колку не сум оптимист.
Не мора да значи дека ако не е среќен во врската не ме сака.
Има прекрасни постови, ќе почнам со постот на Принц, кој преубаво кажа и ја долови темата во вистинска смисла на зборот![]()
Епа критиките им биле неосновани затоа што постот јасно си кажува, а постот на Принц звучи убаво и све тоа, ама мене ништо не ми кажува, ништо не објаснува. Ако сака да му го разберам, тогаш нека наведе конкретна ситуација во која партнерот и покрај тоа што премногу ве сака, имало нешто што го правело несреќен у врска со вас и плачел дур ве љубел. :icon_neut
Ми нема логика некако. Ако ме сака, ќе ги проголта тие работи што кај мене не му се допаѓаат (а секако дека ќе има такви нешта зошто никој не е совршен), а нема да се бедира и да биде несреќен, па ја на своју вољу да му раскинувам за да не бил избедиран.
Наведете ми конкретна ситуација ако мислите дека погрешно ја разбирам темата.
Еве ти Биг Кисс викаш дека си била во таква ситуација... Што е тоа што би го правело толку несреќен во врска со тебе, додека истовремено те сака? Ако не ти е проблем да кажеш, секако...
едит: Дури и авторката на темата што најдобро знае на што мислела ме поддржува, а вие се „расправате“![]()