Не можам да издржам, а да не пишам
Еј ... како беше тоа ај потсетете ме ... ќотекот ништо не решава... море да знаете како решава. Не викам дека треба постојано децата да се тепаат, но кога ќе се исцрпат сите методи, тогаш мора да се примени старата добро позната метода - ќотекот. Ај кажете ми како ќе му објасните на некое 2-3 годишно дете, нешто што не би го сфатило ни на 7 години??? Како ќе му објасниш дека тоа не чини, дека во моментот не сте во состојба да му овозможите нешто, дека во моментот не може да биде по негово, дека тоа не е добро за неговото здравје? Факт е дека со децата треба да се биде другар, да се разговара пред се, но понекогаш треба и да се подели некое “воспитно шамарче“ ( ЗОШТО СИТЕ КОГА ЌЕ СЕ СПОМНЕ ПОИМОТ ЌОТЕК, МИСЛИТЕ НА ЅВЕРСКО ТЕПАЊЕ ИЛИ НА ГРУБО?). Јас, а верувам и вие многу пати сте биле тепани (потчукнувани) за некои работи кои биле лоши според вашите родители. Кажете ми колку пати излегле родителите во право? (Сега нормално е дека понегоаш сте добивале ќотек и беспотреба и нормално сум против тоа ...) Сега кога ќе си се вратам со мислите едно 15тина и повеќе години наназад наидувам на оправдување за постапките на моите родители. Искрено кажано јас сум благодарен затоа што како помал сум добивал ќотек кога ќе сум си заслужел и верувам дека немаше да бидам тоа што сум денес (воспитување, почит, разумност) без тоа.
Да, сум против тепање на девојчиња. Треба кон девојчињата да се има друг однос, но како мали мислам дека не треба да се има разлика дали е момче или девојче (и повторно нагласувам НИКАКО ГРУБО тепање).
Инаку тоа дека тепањето ништо не решава е премногу женско размислување - Мацедалиен извини, ама морав
Како викаат... стравот си го прави своето и мислам дека децата сепак треба да имаат малку страв од посртогите мерки и кога ќе помислат да прават нешто неразумно и лошо, да помислуваат на тие строги мерки, па потоа да прават што ќе прават.
Гледајќи ја денешнава младина, која е се помалку тепана, доаѓам до заклучок дека се помалку и помалку се почитува постариот. Кога бев јас мал, а и сеуште ми е така, ми било глупо да одбијам некој постар да му купам нешто ако ме прати, вода да напунам кога играле баскет постарите пред зграда, да му преречам (сево ова нормално доколку сум во можност во моментов), да му пукнам сеир.... а видете сега што се случува. Му викаш на некој помал “ај жити се напуни едно шише вода“, а овој ти одговара “што ти е бе... кој те е*е - не сум ти ја слуга“.
И така ... едноставно чудно ми е. Земјата која има најголем број деликвенти, и дегенерици, и пропалици проповеда “НЕ ГИ ТЕПАЈТЕ ДЕЦАТА“ .... I just don't get it :? :? :? :?