Од филателијата во Скопје можеш да си набавиш класер (таа кружната пошта до мостот Гоце Делчев). Цената пред две три години беше мислам нешто повеќе од 1000 денари. Ако не се лажам беа произведени од Lindner (доста солидна фирма) и имаа бели листови (јас лично претпочитам црни).ме интересира каде можам да најдам албум за пошетнскиве марки да не ми седат во кутија? имам и дупликати па кој сака да се менува нека пише...
Од филателијата во Скопје можеш да си набавиш класер (таа кружната пошта до мостот Гоце Делчев). Цената пред две три години беше мислам нешто повеќе од 1000 денари. Ако не се лажам беа произведени од Lindner (доста солидна фирма) и имаа бели листови (јас лично претпочитам црни).
Филателија има и во Битола но не знам како стојат со класери.
Албум за марки во Македонија не сум видел. Разлика меѓу класер и албум горе долу е во тоа што во албумот е обележано кои марки каде треба да се наредат (ама албумите се за секоја земја одделни, па доколку марките ти се од најразлични земји, албум не ти врши работа!), а на класерите не е обележано која марка каде треба да се нареди т.е. ти сам си го правиш распоредот.
Трета бугарска серија "Окупација на Македонија"
Пишува ослободителна но всушност е окупациона (окупација на Македонија) како што пишува и во каталогот Michel. Инаку се работи за прва светска војна.од која година се овие? и не ги контам, пишува „ослободителна војна“. од кого се ослободувале бугарите?
Пишува ослободителна но всушност е окупациона (окупација на Македонија) како што пишува и во каталогот Michel. Инаку се работи за прва светска војна.
Марките се пуштени во употреба во 1921 година, 11 јуни, но по протестната нота упатена од СХС, за кратко време се повлечени.
Објаснувањето од страна на Бугарија е дека наводно биле планирани да се издадат во времето кога Македонија била окупирана од Бугарија но од одредени причини не се стигнало.
Македонија не ја окупирала Бугарија, туку Бугарија ја окупирала Македонија (прва светска војна). Затоа и бугарските пошти издале серија со таков наслов. Се работи за бугарски, а не за македонски марки, но сметам дека за македонските филателисти би било добро да ги знаат.жити се!? а од кога тоа македонија ја окупирала бугарија? ваљда не мислат на периодот од александар македонски или!?
Македонија не ја окупирала Бугарија, туку Бугарија ја окупирала Македонија (прва светска војна). Затоа и бугарските пошти издале серија со таков наслов. Се работи за бугарски, а не за македонски марки, но сметам дека за македонските филателисти би било добро да ги знаат.
Инаку на марките можат да се видат
2 - Шар планина
3 - Скопје со Камениот мост
4 - Охрид