Како се погрчуваше Македонската младина

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Едно од средствата за погрчување на македонската младина:

„Запознајте ја Грција“

„Учениците и ученичките на екскурзиите да ги запознаат природните убавини на нашата татковина, да посетат историски и археолошки локалитети, индустриски објекти воопшто да ги сфатат вложените, од страна на државата, напори за зголемување на економското и културното ниво на нашиот народ, и кога ќе се вратат во своите домови од екскурзијата, да бидат горди за тоа што се родени Грци и спремни да си помогнат на самите себеси и на другите. Кралски Национален Институт (ВЕИ) 1969 година.“


Најверојатно секој кој што ќе го прочита горе напишаното во прв момент ќе помисли дека станува збор за одлична туристичка понуда, но всушност е само дел од низата мерки и активности што ги превземаше и се уште ги превзема грчката држава во походот кон целосна асимилација и уништување на македонското малцинство во Северна Грција. Станува збор за екскурзии, т.е. за програма која се нарекуваше “Запознајте ја Грција“ која се организираше во периодот од 1963 до 1981 год. од страна на грчката држава, доверена на тогашниот Кралски Национален Институт (ВЕИ), а денес Национален Малдински Институт (ЕИН) и биле наменети за македонските младинци и нивните мајки.

Идеата за екскурзии од “националновоспитен” карактер датира од многу порано. Првиот чекор се забележува уште кога Македонија беше под Османлиска власт и кга соседните балкански држави со сите расположливи средства се обидуваа да ја освојат “душата” на Македонецот. За време на Македонската Борба (1904-08) покрај вооружените активности, офицерите на грчката армија испраќаа извесен број на македонско патријаршиско население во Грција со цел да го вратат на правиот пат. Генералот Александрос Мазаракис во своите Мемоари издадени во Атина 1948 год. ќе забележи “Се создаде комуникација меѓу Македонците од полските села и Грција“, за понатаму да биде попрецизен и да запише “По оние, кои беа испратени за да се образуваат и вежбаат, се испраќаа и болни и за обични посети, Славофоните од повеќе макеонски села кога се вратија беа многу ентусијазирани“.

Како грчки граѓани, децата од селата во северозападна Македонија беа дел од такви екскурзии и во 30-тите години на XX-век. Како “организатор” се споменуваше извесен Симеон Станиос, општински секретар на селото Алона и претседател на тамошниот “Прогресивен силогос на младите“ кој беше формиран со предлог и материјална помош на префектот на Македонија Анастасиос Суљотис - Николаидис. Целта на овие екскурзии беше “распространување на грчкиот јазик, на грчките песни и подигање на националната свест на сите општини на Округот“. Интересни факти од каде може да се види планот и размерот на овие првобитни екскурзии се наоѓаат во архивот на политичарот Филипос Драгумис, а се објавени во С. Иос од 28.5.2000 година. Се забележва дека во првата од овие екскурзии, во септември 1934 год., учествувале 60 деца од 10 села од леринско и ги посетиле знаменитостите во Атина. Втората во март 1936 год., се прошири до Пелопонез. Во писмото испратено од Драгумис до Станоис јасно се гледа дека вториот е само фиктивен организатор на екскурзиите и дека тие немале да успеат без помошта на “властите кои придонесоа за успехот на екскурзијата, Министерствата за Надворешни работи, Образование и Одбрана, СЕК (грчка железничка), Префектите на окрузите Аркадија, Месенија и Ахаја, Генералниот штаб на армијата, Генералната управа на Македонија, Третиот армиски корпус и г. Влахос за попустот во кралскиот театар.

Целта беше јасна, требаше Македонците да станат горди и поносни на својата нова татковина и нејзината историја, односно кај нив да се создаде еден комплекс напониска вредност, да се срамат од тоа што се (Македонци) и да се избрише од нивната глава меморијата за својата традиција и култура. Според официјалните текстови, програмата имаше три цели: одмор, запознавање, но и зајакнување на мационалните чуства на сите учесници во екскурзијата. Сите трошоци беа покриени од државната каса (иако во тој период Грција се уште го немаше прифатено бесплатното школство), додека изборот на учесниците и на придружниците се вршеше од сопствениот Округ.

Во периодот од 1963-68 год. во екскурзиите учествуваа момчиња и девојчиња од 12-18 годишна возраст, додека по 1968 год. беа вклучени и млади мајки. Секоја категорија патување посебно во групи од 70-120 души, на чело со службеници од (ВЕИ-ЕИН) и придружни просветни работници. Во оваа програма за период од 18 години беа опфатени околу 20 000 Македонци од Егејска Македонија.

Екскурзиите сепак не можеме да ги сметаме како изолиран настан, всушност, тие биле дел од еден цел систем на т.н. “Посебни програми“ на министерството на тогашна Северна Грција (денес Македонија - Тракија). Станува збор за еден пакет на мерки која владата на г-динот Караманлис го донесе тајно во 1959 - 60 год. и се предвидуваше “постепена асимилација на компактното ксенофоно (туѓо јазично) малцинство во Западна Македонија“. “Посебната програма“ ги покривала сите сектори на дејствување, кои не биле опфатени од никоја друга политичка програма. Таа имала за цел да се спротивстави на сите други пропаганди кои дејствувале, како комунистичката, на македонскиот јазик (познато е дека уште во 1959 год. цели села во Костурска, Леринска, Кајларска и Воденска околија беа принудени да даваат колективни заклетви дека нема да го зборуваат својот мајчин - македонски јазик, туку ќе го зборуваат божјиот грчки јазик), да делуваат кон зајакнувањето на националните чувства, подобрување на условите за живот на населението во пограничните и неразвиени села, и на нивниот културен и духовен живот. Целата на оваа програма е сосема јасна: борба против македонштината и на секој начин асимилирање на месното население и присоединување кон “националното стебло” во специфичните услови по граѓанската војна во Грција од 1946-49 година.

Но, да се вратиме на ексурзиите. Интересни податоци наоѓаме во погоре споменатото списание, во кое се изнесени делови од извештаите кои до Генералниот директор на ВЕИ Сп. Диамантопулос ги има испратено раководителот на ексурзиите во текот на 1964 год. Христос Константопулос, поранешен службеник на грчката амбасада во Москва. Константопулос бара проширување на екскурзиите во средината на службениците кои имле добри односи со месното македонско население. Во извештаите се дава јасен опис на предметот на екскурзиите, како и на критериумот за изборот на младите кои беа повикани да учествуваат во неа. За остварување на програмата, читаме, се земале во предвит следниве факти:

1. Заминување на учесниците во екскурзиите од пограничните области на З. Македонија кои не ја познавале денешна Грција, поради тоа што никогаш не се одалечувале од нивните села.

2. Појавена активност од страна на словенската пропаганда во горе споменатите области.

3. Потреба за воздигнување на личноста на учесниците во екскурзиите и всадување во нивните души силен национален дух и гордост.

4. Директно влијание врз родителите од страна на учесниците во екскурзиите, со цел тие, заедно со своите деца, да станат жестоки проповедници на националните идеали во грчките области , за кои континуирано се појавува интерес од север.

Во вториот извештај кој гласи “крајно строго доверливо” Константопулос дава информации и заклучоци од самиот тек на екскурзијата, при што ќе забележи: “Ученичките од леринскиот округ често се слушаа како меѓу себе зборуваа на споменатиот идиом (б.н. македоски). Тие во текот на престојот во студенскиот дом на ВЕИ во Солун, по ходниците го зборуваа туѓиот јазик (ксеноглоса), - Со исклучок на поголем број на ученици од леринскиот округ и неколку ученички од гимназиите од сите окрузи на З. Македонија, сите останати, за жал и оние кои завршија основно образование, немаа основно знаење од нашата национална историја“. Особено разочарувачки за Константопулос, предизвикало сознанието кое се рзликувало од одредбите на националното морално воспитание: “Сите, без исклучок, имаа доволни знења од народната музика ; освен народна музика, учениците знаеа две или три национални песни“. Од извештаите можеме да заклучиме дека целта на овие екскурзии се всушност лекции по предметот запознавање на татковината и национална историја. Целото патување било добро плански организарано, со то што младите соодветно да го пратат историскиот од на Грција и грчката нација низ вековите. На крајот од извештаите опишувачки се прикажани местата кој што се посетени. Одкако ќе завршеле екскурзиите, екскурзантите секогаш беа повикувани да пишуваат писмени состави и да ги достават до ВЕИ, опишувајќи ги своите впечатоци. Како награда за најдобрите состави на младинците им се подаруваше романот на Пенелопи Делта, “Во времето на бугароубиецот“, а на мајките прирачник за готвење и слаткарство.

Како што забележавме извештаите потекнуваат од 1964 год., а оваа програма со исто темпо продолжи и во наредната декада, иако не само во Грција, туку и во Светот се случија низа промени. За време на воената диктатура во Грција (Хунта) која траеше од 1967 до 1974 год. Беа извршени некои промени во делови од програмата. Така на пример на целата програма и се дава поголемо значење, во екскурзиите беа вклучени и млади мајки, а се направи и дополнителна програма за летни летувалишта. По падот на Хунтата 1974 год., новата влада на Константинос Краманлис ја задржа, т.е. прифати оваа програма. И во овој период скоро сите учесници во екскурзиите беа Македонци од македонските околии во северозападна Грција. Техничкиот дел и понатаму го водеше Националниот Младински Институт (поранешен Кралски), додека определувањето на бројот на екскурзантите и потребното финансирање продолжуваше да се врши од службата за Политички Работи на министерството за Северна Грција. Во последните години од спроведувањето на оваа програма, покрај екскурзиите и летните одморалишта, беше опфатено и стипендирање на ученици за техничките школи во Атина, “информирање на кадри - општински фактори“ и семинари за кандидатите во Воените школи од македонските села.

Крајот на ова “национално воспитување” на Македонците заврши по изборите во Грција од 1981 год., после доаѓањето на власт на ПАСОК и формирањето на владата на Андреас Папандреу. Од информациите со кои располагаме може да се види дека во архивата на ЕИН не постои никакво решение за укинување на екскурзиите, односно тие престанаа да се финансираат, а владата на ПАСОК сметаше дека тие спаѓаат во минатото.
 
ПА ДОБРО

ИСПРАНИ МОЗОЦИ

ама веќе кога си почнал , ајде како во МАКЕДОНИЈА ни ги переа мозоците .

да почнеш со РИМЈАНИТЕ
 
И кај нас до пред 20 години имаше нешто слично, се викаше Низ Југославија, одеа седмо одделенци и 3клас средно, траеше 10 дена, со цел "ширење на братството и единството", да не заборавам Македонија беше застапена само со автопатот до Куманово, од другите републики и не влегуваа во Македонија.
 
а па до куманово беше писта авионска :)

патот маврово-дебар е подобар од куманово-ниш, но тоа е друга тема

сте го гледале ли ГОЛЕМАТА ВОДА на иво трајков?

544487A16234634884B8B39A07C6AEB9.jpg


мислам дека горе-доле истата судбина ги има снајдено сите деца од цела географска македонија, само во зависност под чие влијание т.е. пропаганда. бугарско, грчко, југословенско...

меѓу кои и татко ми, татко ти.. татковците наши
меѓу кои и јас
па замислете на 7 години да даваш чесен титов пионерски збор со марама и титовка :) да "пееш" за јајце и авној, од прво одд до четврта година, а после тоа некој треба да те убеди дека сето тоа нема везе :) и не е твоја историја

не бива

него ме интересира трн, текстов твој е? т.е. блогот од каде што е преземан всушност си ти?
 
него ме интересира трн, текстов твој е? т.е. блогот од каде што е преземан всушност си ти?

Не сум јас, ама на блогот има многу добри информации и не ретко е мој извор.
 
Луѓе а Циле да не е пациент од грчката клиника за погрчување на млади деца??

Нели он сакаше да правиме конфедерација со Елада:)?
 
Никогаш Циле не рекол такво нешто...


Де бе Трн не си во тек со работите?:)

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]

Васил Тупурковски, поранешниот лидер на ДА и партнер во владата на Љубчо Георгиевски, во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов предложи Македонија да стапи во конфедерација со Грција.
Пред некој ден Љубчо Георгиевски го предложи името „Северна Македонија“ како добар компромис за надминување на спорот со Грција
---------------

Тупурко сериозно договарал конфедерација со своите грчки пријатели, со ова наводно ке се решел проблемот со името ке сврателе имотитте и ке се признаело македонското малцинство во Грција

[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
П.С.

После ти ова што го постираше за погрчувањето ништо чудно нашиот Циле да е еден од тие многуте погрчени пациенти..

Него се прашувам да не е од пионерите на Мицокакис..

Или дел од

Micokakis's youth :)
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]Тупурко сериозно договарал конфедерација со своите грчки пријатели, со ова наводно ке се решел проблемот со името ке сврателе имотитте и ке се признаело македонското малцинство во Грција

[/FONT]
[/FONT][/FONT]


Ако ја гледаше ти емисијата, :nenene: ќе чуеше дека единствен начин да влеземе во таква КОНФЕДЕРАЦИЈА, е како рамноправни МАКЕДОНСКИ ЃРАЃАНИ, рамо до рамо со грците, со вратени имоти и признато име!

Ама сето тоа е една утопистичка идеја на Циле, која нема никаква врска со реалноста...
 
И кај нас до пред 20 години имаше нешто слично, се викаше Низ Југославија, одеа седмо одделенци и 3клас средно, траеше 10 дена, со цел "ширење на братството и единството", да не заборавам Македонија беше застапена само со автопатот до Куманово, од другите републики и не влегуваа во Македонија.



Па и не е баш така како што викаш ти:wink:
 
Ако ја гледаше ти емисијата, :nenene: ќе чуеше дека единствен начин да влеземе во таква КОНФЕДЕРАЦИЈА, е како рамноправни МАКЕДОНСКИ ЃРАЃАНИ, рамо до рамо со грците, со вратени имоти и признато име!

Ама сето тоа е една утопистичка идеја на Циле, која нема никаква врска со реалноста...


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica].....со ова наводно....

Прочитај го мојот пост убаво.Јас знам дека нема да се повратат имотите.Ако има такво нешто тогаш знаеш што ќе биде.Караманлис ќе биде диригент...не самите ние
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica]
Прочитај го мојот пост убаво.Јас знам дека нема да се повратат имотите.
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
Bre majkata a koj ti vika?100 god im se dadeni NA KORISTENJE makedonski teritorii i na grcija i na bugarija.A be Bukurestkiot Miroven Dogovor...:uvo: Inaku sry OFF TOPIC!!!:smir:
 
Bre majkata a koj ti vika?100 god im se dadeni NA KORISTENJE makedonski teritorii i na grcija i na bugarija.A be Bukurestkiot Miroven Dogovor...:uvo: Inaku sry OFF TOPIC!!!:smir:

Пак не ме разбра
Сакам да кажам дека ако влеземе во Конфедерација нема да ни се вратат имотите.А тогаш можеме и да се збогуваме со ревизијата на Букурешкиот договор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom