Факултет за Електротехника и информациски технологии

A

apidrone

Гостин
Тролаш брат. Тролаш на големо. Те читам низ темиве, саде паламудење си.
Студентите, бар оние кои се трудат нели, а гледам дека ти не си во таа група, и во сегашните услови имаат ќар од „буџетот на факултет“. Сепак, тоа е поделен буџет кој иде на сите смерови да не речам подеднакво. Не ги знам деталите, не сакам да навлегувам. Е сега замисли го истото, само неподелено. Повеќе пари за лаборатории, повеќе пари за кадар, повеќе пари за проекти, повеќе пари за студентски активности (истражувачки, имплементациски, whatever...).

Од друга страна, тролањето на форумот не е баш дозволено. Ако дискутираш, дискутирај асално, со факти, со издржан муабет.
Каде ќе бидат тие лаборатории? Финки нема своја зграда, нема простории, нема ништо. Во природа да не ќе си куцкате на тастатурите? Ќе речете, ќе биде. Кога? За 10, 15 години? Толку време имате намера да студирате? Друго, не може 2 исти единки при УКИМ да издаваат идентични дипломи. Што ќе се случи ако ФЕИТ ги оспори дипломите на финки за ИКИ и инфо? Кој губи? Професорите? Државата? Не, студентите губат. Најголем ќар од финки ќе имаат професорите.
Всушност, ти си тој што трола. Вакво ќе било, онакво ќе било, а уште ништо не е почнато со работа. Кај на телевизија глеам политичариве тресат ова ќе напраиме, она ќе напраиме, кога ќе видам вакви ко тебе ми се кења.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Каде ќе бидат тие лаборатории? Финки нема своја зграда, нема простории, нема ништо. Во природа да не ќе си куцкате на тастатурите? Ќе речете, ќе биде. Кога? За 10, 15 години? Толку време имате намера да студирате? Друго, не може 2 исти единки при УКИМ да издаваат идентични дипломи. Што ќе се случи ако ФЕИТ ги оспори дипломите на финки за ИКИ и инфо? Кој губи? Професорите? Државата? Не, студентите губат. Најголем ќар од финки ќе имаат професорите.
Всушност, ти си тој што трола. Вакво ќе било, онакво ќе било, а уште ништо не е почнато со работа. Кај на телевизија глеам политичариве тресат ова ќе напраиме, она ќе напраиме, кога ќе видам вакви ко тебе ми се кења.

http://www.finki.ukim.mk/Content/contentFiles/news/diplomi_mislenje_MON.pdf
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Го знам ова. Сакаш да знаеш зошто не верувам? Смислија доволно голема глупост со Законот за високо образование, ова не е ништо.
Не постои гаранција за ништо во животот. Никој не ни гарантира дека со диплома од ФЕИТ, ќе не' вработат во Valve, EA, Microsoft, Netware, etc. Ниту пак со диплома од ФИНКИ. Затоа, не е поентата дали повеќе му веруваме на Трајанов, или на Миле.
Никој не може да тврди дека оваа, или таа диплома, "тежи" повеќе од друга, од проста причина што дипломата е лист хартија. Лист, кој на крајот на краиштата, само ти отвара врати, додека пак знаењето е тоа што те држи внатре (во смисол, вработен/а).
Oва е вистинскиот правец за ИТ отсекот на ФЕИТ. И на ПМФ истотака. Друго е кога постои факултет на кој што луѓето кои ги донесуваат одлуките се од тоа поле, а не - со сета почит - луѓе од енергетски смерови, да носат одлуки што ги засегаат студентите што студираат ИТ.

Дали ќе биде целосна утка, само времето ќе покаже. Ама сега за сега, работите вака се одвиваат, без разлика дали тебе, мене, или на било кој друг, ни се допаѓа тоа.
 
A

apidrone

Гостин
Не праам муабет за тоа чија диплома ќе биде попризната и побарана, туку дали дипломата од финки ќе биде правно призната. Ако се случи тоа што го зборувам, џабе се потрошени 4 или не знам колку години. Ќе испадне дека фактички си со средно. И ако пробаш да конкурираш во фирма (а под претпоставка дека твојата апликација ќе биде рамноправна со другите), ќе отпаднеш уште при селекција, сакај имај знаење на Бил Гејтс.
Најлошо им е на тие што се двоумат. Едноставно принудени се да се префрлат на финки (бидејќи на ФЕИТ нема кој да им предава).
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Не сфаќам зошто не би била правна. Не е првпат да еден факултет се подели на два/три посебни факултети. Ако те буни фактот што и следната година ФЕИТ ќе прима студенти на ИКИ/ИНФО, Миле кажа дека тие промени се прават пред месец Декември, а поради тоа што тогаш уште не беше сигурно дали ќе биде отворен новиов факултет или не, не ги тргнале тие смерови од ФЕИТ, односно од новиот конкурс.
Нека зборуваат колку што сакаат, нека ветуваат нови ИТ смерови. Но нема логика да на факултет за електротехника, да се формираат нови програми за ИТ, кога веќе постои факултет баш за таа намена, нели?
Исто како и МФС да почне да воведува нови програми од полето на електротехниката, а веќе има факултет за тоа. Нема логика.
 
A

apidrone

Гостин
Друже, титулата Дипломиран инженер по електротехника, со специјалност тоа и тоа, може само еден факултет да ја издава, во рамките на УКИМ, а тоа е ФЕИТ. Таква иста диплома, сака и финки да издава. Тоа е спротивно на Статутот на УКИМ. Не знам зошто не си тераат од финки со новите програми, никој немаше да има ништо против. А кога се префрлуваат ИКИ и инфо на финки, не знам зошто постојат и кај нас. Нека ги укинат.
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
Друже, титулата Дипломиран инженер по електротехника, со специјалност тоа и тоа, може само еден факултет да ја издава, во рамките на УКИМ, а тоа е ФЕИТ. Таква иста диплома, сака и финки да издава. Тоа е спротивно на Статутот на УКИМ. Не знам зошто не си тераат од финки со новите програми, никој немаше да има ништо против. А кога се префрлуваат ИКИ и инфо на финки, не знам зошто постојат и кај нас. Нека ги укинат.
па тоа сака да ти каже дека од учебната година 2012/2013 нема да постојат ИКИ и ИНФО на ФЕИТ. Во следната учебна година 2011/2012 ќе има ИКИ на ФЕИТ пошо го пропуштиле рокот за укинување на смерови. Тоа требало да го направат до декември 2010. А бидејќи законот излезе во јануари 2011 тие го испуштија тој рок и го оставија ИКИ на ФЕИТ уште една година во која ќе примат 30 нови стденти.. got it? :)
 
A

apidrone

Гостин
па тоа сака да ти каже дека од учебната година 2012/2013 нема да постојат ИКИ и ИНФО на ФЕИТ. Во следната учебна година 2011/2012 ќе има ИКИ на ФЕИТ пошо го пропуштиле рокот за укинување на смерови. Тоа требало да го направат до декември 2010. А бидејќи законот излезе во јануари 2011 тие го испуштија тој рок и го оставија ИКИ на ФЕИТ уште една година во која ќе примат 30 нови стденти.. got it? :)
Од каде ти се овие информации?
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
Од каде ти се овие информации?
Деканот на ФЕИТ ги соопшти на Дебатата за ФЕИТ и ФИНКИ.. рече бидејќи го испуштиле рокот го оставиле ИКИ и наредна година да постои, а од следната ќе воведат некоја нова програма поврзана со информатиката.. :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Не ми е јасно зошто со новиот факултет се замараат луѓе што немаат допирна точка со него? Дај оладете се малку... како да сте платени од професорите од другите програми за да убедувате студенти што е подобро...
Јасно е дека двата факултети играат ВАЛКАНО, не ги боли долниот за нас студентите, туку за парите. Почнаа да симнуват ѕвезди, ФЕИТ е рајот на УКИМ, ФИНКИ најдобар факултет на Балканот, интересни предавања, презентации, еден куп фејсбук групи, мачкање очи со лаборатории, опрема, иновативност, креативност. Живи ќе се покољаат кој да заграби повеќе студенти. Сте запнале дипломата, па дипломата. Ајде, да речеме дека не е основано да имаат два факултети исти дипломи. Но, што е со студентите од трета година на ИКИ кои БЕЗУСЛОВНО се принудени да се префрлат на ФИНКИ? Три години коса корнета на ФЕИТ за да се стекнат со диплома електро инжинер, а само една година да им уништи се? Тие што се запишани на ФЕИТ, а се префрлаат на ФИНКИ треба да си продолжат по старата програма и да е стекнат со истата диплома како на ФЕИТ. Новите генерации ќе учат по променета програма на ИКИ и не би требало да се стекнат со диплома `електро инжинер’. И немој да почнувате со тоа дека дупката ќе се ндополни со кадар од приватен сектор на образованиево или од странство... Само мали деца може да се излажат со тоа.
 
A

apidrone

Гостин
Filmakedon, има разлика од „треба да биде така“ заради тоа и тоа, и „не може да биде така“, заради тоа и тоа. И јас мислам дека професорите требаше да останат да предаваат и на ФЕИТ, заради оние студенти кои не сакаат да ризикуваат да се запишуваат на нов факултет. Тука пак се отвара проблем: што ако некој заглави? Нема ваљда цел живот да го чекаат да исчисти :) Исто така сметам дека информатичките смерови треба целосно да се укинат, бидејќи нели има нов факултет само за тоа. Да, знам дека на ФЕИТ не му одговара новиот факултет (заради намалените приходи од партиципација), али ако сака може да му наплаќа „кирија“ на финки.
Уште еднаш ќе кажам, кој сака да остане на ФЕИТ, нека остане. Кој не сака, не е принуден. Не ја потценувам информатиката, ама јас лично не сакам да бидам споредуван со некој што не знае што е струја, а што напон, а има исто звање како мене.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Apidrone, не може да останеме на ФЕИТ кога сите професори заминуваат. Безусловно сме принудени да заминеме на ФИНКИ, Еве јас, не сакам да одам на ФИНКИ, но сум принуден за да ја задржам студиската програма. Точно, никој за врат не ме фатил, но ако останам, кој ќе ти предава? Аристотел Тентов и Каспер?
Ако сум се запишал на ФЕИТ со цел да се стекнам со диплома 'електро инжинер' и во меѓувреме сум принуден да се префрлам на друг факултет, ќе ја задржам истата програма и ќе се стекнам со истата диплома. Виновни се ФЕИТ што навремно не ја укинаа програмта на ИКИ и сега се прават дополнителни проблеми. Јас мислам дека таа грешка не е воопшто ненадејна, туку намерно направена! Така ќе се обидуваат да ги потценат студентите што ќе заминат на ФИНКИ и да им уништат се што постигнале на ФЕИТ. Јас кажав, двете страни играат крајно валкана игра! Ќе страдаме ние, студентите.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Според информациите што ги имам, на (дел од) професорите не им претставува никаков проблем да истовремено предаваат и на ФИНКИ, и на ФЕИТ, поради тие студенти што нема да се префрлаат. Меѓутоа, тие имаат две барања до Деканот на ФЕИТ:
- Сами да го одредуваат распоредот за тоа кога ќе предаваат, т.е. кога ќе бидат во можност.
- Сами да го одредуваат местото каде ќе предаваат.

Овие барања, Деканот на ФЕИТ нејќе да ги исполни. Токму поради тоа ќе настане хаварија со ИТ кадарот на ФЕИТ. Ќе остане само Тентов.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Тролаш брат. Тролаш на големо. Те читам низ темиве, саде паламудење си.
Студентите, бар оние кои се трудат нели, а гледам дека ти не си во таа група, и во сегашните услови имаат ќар од „буџетот на факултет“. Сепак, тоа е поделен буџет кој иде на сите смерови да не речам подеднакво. Не ги знам деталите, не сакам да навлегувам. Е сега замисли го истото, само неподелено. Повеќе пари за лаборатории, повеќе пари за кадар, повеќе пари за проекти, повеќе пари за студентски активности (истражувачки, имплементациски, whatever...).

Од друга страна, тролањето на форумот не е баш дозволено. Ако дискутираш, дискутирај асално, со факти, со издржан муабет.
Секој со своите проблеми и комплекси, џабе се докажуваш со него:) Он и Тентов се, за рака и си остануваат а ФИНКИ

И нека ЦРКНАТ душманите како ..... да не именувам. Морам да ја споделам информацијата зашто дечкото очигледно е премногу прост за да го разбере значењето на тоа што парите ќе се само наши и нема да ги делиме со останатите. Од септември (најверојатно тогаш, а може и до зимата да се задржи ако не го направат на време) нарачан е супер компјутер во HP кој е правен специјално по нарачка за ФИНКИ и по перформански ќе е НАЈМОЌЕН на БАЛКАНОТ. Моментално најмоќниот е во Словенија, инсталиран пред 4-5 месеци, епа нашиот ќе биде подобар и од тој. Нема да му објаснувам што значи ова, зашто доволно е прост за да разбере што тоа значи за студентите што сакаат да учат и истражуваат. Поготово Тенов нема да е главен на лабораторијата, така да сфаќате колку можности ќе ни се отворат.

За студенти со комплекси и студенти кои се ограничени само на материјалот од книгата и гледаат само право во животот.... нормално дека ФИНКИ ќе е промашај. Убаво кажа некој од професорите, Америка пред 25 години го направи ова, Европа пред 15, а ние сега... Затоа толку се и понапред од нас тие земји кои немаат ограничени и прости умови како .... некој од форумов. Али тоа е, нас на пола не затегна, идните генерации добиваат најмногу:)

Исто многу ме радува фактот што ќе инсистирале на ФИНКИ да му се доделат мали простории, па на тој начин самите асистенти кажаа дека ќе морале да не делат во помали групи што значи дека ќе има уште поголем квалитет и поголема интеракција на часовте.

--- надополнето ---

Заборавив уште нешто, мислам дека не го спомнав на форумов... Минатиот викенд бев на ИТ семинарот и прво морам да го пофалам ФЕИТ што се обрука и не дозволи да се одржи ИТ семинар во негова просторија... Али затоа машински ни отстапија уште поубава просторија:)

Поентата ми е, генералниот директор на ВИП - Никола Љушев, лично и персонално ни кажа за ниедна фирма, буквално никаде нема воопшто да ни треба ниту да ни користи до толку напредната математика, физика и електротехника што се учи, и дека пробал/е да зборат со професорите да ги променат работите, меѓутоа потешко идело целата таа работа... Воглавно, тотално непотребно е се тоа!!!
Друго важно што спомна, ДИПЛОМАТА Е ТОТАЛНО НЕБИТНА!!! Ќе ги цитирам неговите зборови "Ако сакате имајте завршено средно музичко, покажете ми дека вредите на интервјуто, со задоволство ќе ве примам да работите за мене". Мислам дека нема потреба да дообјаснувам, кажано е се што има да се каже. Значи не станува збор за ФЕИТ ил ФИНКИ, туку станува збор и да си без диплома, ако имаш знаење, ќе можеш да работиш, а не па да имаш диплома од ФЕИТ или ФИНКИ кои и двата се врвот кога станува збор за ИКТ индустрија. Во секој случај за неколку години ФЕИТ ќе се потисне од ФИНКИ, али за тоа ќе оставиме времето да ви покаже дека ќе е така, иако сигурен сум дека длабоко во себе сите знаете, само премногу сте горди за да ги повлечете последните 50 страни јадење го*на за ФИНКИ и тропање глупости за целото одвојување на ФИНКИ од ФЕИТ и префрлањет н студентите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom