Факултет за Електротехника и информациски технологии

Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
:eek:ftopic:
Ве молам, во иднина не пишувајте ништо што нема врска со ФЕИТ. Студентите од истиот не ги интересира тоа.
Брат дај бе не глуми модератор или нешо ...

Преку *** више ...ке останам ИНФО на ФЕИТ само ради тебе ... ебати нафураниот ... Шо толку глумиш не ми е јасно ? па уште изиграваш неутрален и како тебе не ти е гајле за ИНФО/ИКИ смеровите а од УСТА не ги извади ....

Те мачеле професориве со програмирање ? не ти идело па си го замразел тоа и се што има врска со истото ?

Кажи ке помогнеме да го ебам , немора вакви глупости да читаме !
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Со ФИНКИ повеќе се замараат луѓе кои воопшто не се засегнати со тоа. Не знам каде е проблемот... :toe:
 
A

apidrone

Гостин
Брат дај бе не глуми модератор или нешо ...

Преку *** више ...ке останам ИНФО на ФЕИТ само ради тебе ... ебати нафураниот ... Шо толку глумиш не ми е јасно ? па уште изиграваш неутрален и како тебе не ти е гајле за ИНФО/ИКИ смеровите а од УСТА не ги извади ....

Те мачеле професориве со програмирање ? не ти идело па си го замразел тоа и се што има врска со истото ?

Кажи ке помогнеме да го ебам , немора вакви глупости да читаме !
Ме заболе мене ти дали ќе останеш или не. Си имате тема за финки? Си имате. Што тролате тука ебате?
 
A

apidrone

Гостин
Зашто сум на ФЕИТ ??
Ако сакаш и од МЕНСА биди, овде се дискутира за работи кои се поврзани со ФЕИТ. Секој може да си каже што има да си каже (почитувајќи ги правилата), но само за ФЕИТ. За се друго, може да си побара соодветна тема.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ако сакаш и од МЕНСА биди, овде се дискутира за работи кои се поврзани со ФЕИТ. Секој може да си каже што има да си каже (почитувајќи ги правилата), но само за ФЕИТ. За се друго, може да си побара соодветна тема.

Aбе , и ИКИ и ИНФО се СЕУШТЕ на ФЕИТ ... т.д не знам зашто глумиш маалски шериф и не командуваш кој каде ке пишува ...кога КЕ НЕ префрлат на ФИНКИ тогаш ке пишуваме таму ОК ?
 
A

apidrone

Гостин
Епа ај пошо и ја сум на ФЕИТ, ќе си пишувам за поларните мечки у Африка, за Јапонија и Либија, за Гадафи мадафи и остало...
П.С. ја да бев главен, немаше ниеден оф топик пост да остане.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ме заболе мене ти дали ќе останеш или не. Си имате тема за финки? Си имате. Што тролате тука ебате?
Друже се согласувам со повеќето од твоите мислења али некогаш претеруваш...ФИНКИ уште не е почнат со работа, луѓето се сеуште на ФЕИТ така да нормално е тука да пишуваат...
 
A

apidrone

Гостин
Друже се согласувам со повеќето од твоите мислења али некогаш претеруваш...ФИНКИ уште не е почнат со работа, луѓето се сеуште на ФЕИТ така да нормално е тука да пишуваат...
Јас не ги бркам да пишуваат, јас барам од нив да не пишуваат ништо што нема врска со нашиот факултет. Точно, новиот факултет не е почнат со работа, ама темата е. Затоа кажувам. Сите информации за ФИНКИ, како и сите дискусии поврзани со истиот е подобро да одат таму, барем според мене. Знам дека ме разбираш што сакам да кажам :smir:
 
A

apidrone

Гостин
Обраќање на Деканот до студентите на ФЕИТ

Почитувани колеги студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Во врска со актуелната ситуација со формирањето на новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Ви се обраќам со одговори на некои од прашањата кои си ги поставувате и се поврзани со континуитетот на Вашите студии во областа Информатика и компјутерско инженерство (ИКИ), односно професионални студии по Информатика (ИНФО):

  • Согласно Законот за основање на ФИНКИ, во учебната 2011/2012 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе продолжат да се реализираат студиските програми ИКИ и ИНФО на кои ќе запишеме и нови студенти во прва година. Овие студиски програми ќе се реализираат и на ФИНКИ.
    Вие имате право да одберете каде ќе продолжите со студиите!

  • Наставата на студиските програми ИКИ и ИНФО на ФЕИТ и понатаму ќе ја изведуваат наставниците кои и досега ви предаваа. Во случаите кога некој од нив нема да биде во можност да предава и на ФЕИТ, ќе биде ангажиран друг соодветен професор.

  • Студентите кои ќе продолжат со своите студии на ФЕИТ на студиската програма ИКИ на крајот од студирањето ќе добијат диплома за Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии, специјалност - информатика и компјутерско инженерство. Други факултети од УКИМ не можат да издаваат иста таква диплома.

  • Дипломата од ФЕИТ е препознатлива во светот – стотици наши поранешни студенти се истражувачи и професори на престижни универзитети и инженери и менаџери во познати фирми во земјата и ширум светот.

  • Квалитетот во образованието се создава со традиција, 52-годишната традиција не може да се создаде за еден ден ниту да се уништи за еден момент.

  • ФЕИТ покрај постојните студиски програми ИКИ и ИНФО својот развој ќе го ориентира кон формирање и на нови студиски програми од областите на информатичко-комуникациските технологии.
Имавте доверба во ФЕИТ кога се запишувавте, имајте ја и сега!
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.159
Поени од реакции
5.933
Досега не ви се мешав во каранициве околу ФЕИТ и ФИНКИ, али за ова мора да пишам.

Согласно Законот за основање на ФИНКИ, во учебната 2011/2012 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе продолжат да се реализираат студиските програми ИКИ и ИНФО на кои ќе запишеме и нови студенти во прва година. Овие студиски програми ќе се реализираат и на ФИНКИ.
Вие имате право да одберете каде ќе продолжите со студиите!
На ФЕИТ ќе примат 50 студенти што ќе учат програмирање, на ФИНКИ 830. Разликата е апла очигледна.

Наставата на студиските програми ИКИ и ИНФО на ФЕИТ и понатаму ќе ја изведуваат наставниците кои и досега ви предаваа. Во случаите кога некој од нив нема да биде во можност да предава и на ФЕИТ, ќе биде ангажиран друг соодветен професор.
Во случај ниеден професор да не остане на ФЕИТ (навивам за ова) - жими курот што ќе се донесат други професори. Ќе треба да ги викаат тие од факултетите во Штип и Охрид, а тие во споредба со моменталните се небо-земја.

Студентите кои ќе продолжат со своите студии на ФЕИТ на студиската програма ИКИ на крајот од студирањето ќе добијат диплома за Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии, специјалност - информатика и компјутерско инженерство. Други факултети од УКИМ не можат да издаваат иста таква диплома.
Нема да биде иста бидејќи на неа ќе го има печатот од ФИНКИ. Реално гледано при вработување никој не ти ја гледа дипломата, туку гледа колку знаеш.

Дипломата од ФЕИТ е препознатлива во светот – стотици наши поранешни студенти се истражувачи и професори на престижни универзитети и инженери и менаџери во познати фирми во земјата и ширум светот.
Овде ќе го цитирам деканот на ФИНКИ кој се изјасни на ова прашање на трибината: "Најдете ми парче хартија, статија на интернет итн итн, каде што пишува дека ФЕИТ е признат од тој и тој факултет за понатамошно продолжување на студиите".

Квалитетот во образованието се создава со традиција, 52-годишната традиција не може да се создаде за еден ден ниту да се уништи за еден момент.
ФЕИТ како ФЕИТ постои 7 години. Таа 52 годишна традиција се пренесувала преку 3 други факултети, за ФЕИТ да ја наследи. Истото ќе важи и за ФИНКИ. Они си ја наследуваат традицијата од ФЕИТ и ПМФ, и испаѓа дека и они имаат 50 годишна традиција.

ФЕИТ покрај постојните студиски програми ИКИ и ИНФО својот развој ќе го ориентира кон формирање и на нови студиски програми од областите на информатичко-комуникациските технологии.
Can't wait to see that.

Имавте доверба во ФЕИТ кога се запишувавте, имајте ја и сега!
Факултетот го прават професорите. Ако постоечките професори си заминат - како да имам доверба во факултет без професори?
 
A

apidrone

Гостин
Досега не ви се мешав во каранициве околу ФЕИТ и ФИНКИ, али за ова мора да пишам.


На ФЕИТ ќе примат 50 студенти што ќе учат програмирање, на ФИНКИ 830. Разликата е апла очигледна.
А: Најубаво ќе беше да ги укинат тие смерови на ФЕИТ, не ни требаат.

Во случај ниеден професор да не остане на ФЕИТ (навивам за ова) - жими курот што ќе се донесат други професори. Ќе треба да ги викаат тие од факултетите во Штип и Охрид, а тие во споредба со моменталните се небо-земја.
А: Сличен одговор како претходниот, кој не сака да остане на ФЕИТ, не е врзан.

Нема да биде иста бидејќи на неа ќе го има печатот од ФИНКИ. Реално гледано при вработување никој не ти ја гледа дипломата, туку гледа колку знаеш.
А: Многу фирми, барем досега, бараа студенти исклучиво од ФЕИТ и ПМФ. Знаеш зошто?

Овде ќе го цитирам деканот на ФИНКИ кој се изјасни на ова прашање на трибината: "Најдете ми парче хартија, статија на интернет итн итн, каде што пишува дека ФЕИТ е признат од тој и тој факултет за понатамошно продолжување на студиите".
А: Деканот на ФЕИТ кажува дека од ФЕИТ излегуваат квалитетни кадри кои понатаму се професори и истражувачи на признати факултети, и инженери во познати компании, не вели дека може да се продолжи некаде со студиите.

ФЕИТ како ФЕИТ постои 7 години. Таа 52 годишна традиција се пренесувала преку 3 други факултети, за ФЕИТ да ја наследи. Истото ќе важи и за ФИНКИ. Они си ја наследуваат традицијата од ФЕИТ и ПМФ, и испаѓа дека и они имаат 50 годишна традиција.
А: Брендот ФЕИТ постои 7 години. Факултетот како факултет има 52 годишна традиција. Се менувало само името. ФИНКИ е brand new факултет.

Can't wait to see that.
А: Воопшто не е моја желба. Повеќе би сакал развивање на постоечките студиски програми, отколку експерименти со нови програми, каде што би се запишале студенти кои не сакаат да студираат математика, електротехника, физика и слично.

Факултетот го прават професорите. Ако постоечките професори си заминат - како да имам доверба во факултет без професори?
А: Ве зезнаа професорите, вие величајте ги.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom