Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Не си ме разбрал. Знам за што се дава минус бодови и дека не е шала, туку мислев дали може да имаш на крај -10 бода на пример или најниско е 0 :)

Moже ...јас имав колега со - 15 бода од можни 60 па сеа ти види ... :))

пс:Ке има бар за летниве семестри поправно нешто ? Или пак го јадеме ***** без казнена никаква ....
 
Мислам дека поимот „казнена сесија“ е избришан од речникот на ФЕИТ.

Да де ....мислев на *дополнителна* нешо бла бла ...ко што имаше лани ама само за летните (така нешто беше) ...Ебати факсот једини без шанса за поправна ....

--- надополнето ---

Оу и некој да знае кои прашања/што како паѓаат по Електронска и Мобилна Комерција ?
 
Ај некој што бил на испит математика кај Билјана Тунеска и електротехника кај Грчев, нека пише што одприлика бараат за усно?

Дајте број, или било што за контакт од некој професор или професорка по математика:smir:
Someone?:smir:
 
може ли некој од постарите да каже шо се паѓа на втор колоквиум мат 1(усно) кај Марија Кујумџиева?!
 
Тие што имаат бодови за 9 - 10 матемaтика кај Боро да се замараат за усно или може комотно да се појават неспремни на полагање? Има ли ситуации кога намалува оцена, крати бодови и слично? :smir:

И? :smir:
 
Незнам за кај Боро, али сигурно нема поента вие да сте посебно привилегирани. Кај Билјана Јолевска Тунеска, една другарка имаше поени за 10ка, па еве си го презапиша предметот зашто 3 пати падна на усно.

И сите останати што немаа добро усно, безразлика на поените, си преполагаа само усно. А тие што не успеаа никако да го пројдат усното, си го презапишаа.

Истото беше и кај Анета Бучковска по математика. Џабе 10ка, ако немаш добро усно.
 
Милион пати имам напишано али ај дека си за 10ка ќе ти кажам :) Обично не ги замара, лани баш тие што беа за 8ца, 9ка и 10ка ги викна посебно и им поставувал прашања и имало некои што не знаеле ама им викал нешто како ми должиш за математика 2. Ама до сега привилегирани биле појаките студенти иако тој е многу чуден човек и којзнае што ќе му текне. :smir:
 
Истото беше и кај Анета Бучковска по математика. Џабе 10ка, ако немаш добро усно.
Не знам кога си полагал ти кај Бучковска, ама јас сум оваа година кај неа. Усното не влијае на оценката, само се гледа дали си положил или не. Дава само едно прашање (една лекција) кое треба да го раскажеш, и треба да си глуп за да не положиш теорија кај неа. А за кај бабата и кај Санева лани, усното беше научна фантастика.
 
Милион пати имам напишано али ај дека си за 10ка ќе ти кажам :) Обично не ги замара, лани баш тие што беа за 8ца, 9ка и 10ка ги викна посебно и им поставувал прашања и имало некои што не знаеле ама им викал нешто како ми должиш за математика 2. Ама до сега привилегирани биле појаките студенти иако тој е многу чуден човек и којзнае што ќе му текне. :smir:

Се надевам дека и оваа година така ќе направи :smir:

Инаку, за 'озбилното' усно кај Боро треба да се учат само тие 15-тина прашања што ги даде или треба да се чита цел учебник?
 
Се надевам дека и оваа година така ќе направи :smir:

Инаку, за 'озбилното' усно кај Боро треба да се учат само тие 15-тина прашања што ги даде или треба да се чита цел учебник?

Прашањата :)
 
Не знам кога си полагал ти кај Бучковска, ама јас сум оваа година кај неа. Усното не влијае на оценката, само се гледа дали си положил или не. Дава само едно прашање (една лекција) кое треба да го раскажеш, и треба да си глуп за да не положиш теорија кај неа. А за кај бабата и кај Санева лани, усното беше научна фантастика.
Па да де, истото е. Услов за да земеш оценка:) Џабе 10ка, ако те падне на усно;)

И не треба да си глуп за да паднеш, едноставно треба да неучиш:)
 
Па да де, истото е. Услов за да земеш оценка:) Џабе 10ка, ако те падне на усно;)

И не треба да си глуп за да паднеш, едноставно треба да неучиш:)

Па еве за третото усно на пример, ни кажа што ќе има, теореми за средна вредност. За тие што не знаат, тоа се 4 теореми, секоја теорема (со дефиниција, доказ и геометриско толкување) зафаќа 1 страна. Па ако не научиш 4 страни, не знам што да кажам :) На превоспитување кај бабата :pos:
 
Еј немој ти многу за бабата!!! :D Се зезам него, електротехника никад резултати а? :)
 
Еј немој ти многу за бабата!!! :D Се зезам него, електротехника никад резултати а? :)

Другата недела сигурно :wink:
Ако го имате колоквиумот (задачите), постирајте, многу ме интересира што се паднало :) На феитле обично го објавуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom