Весна ти е асистентка, не професорка. :smir:
Мнооогу е брза, можеби ќе ти се случува да не можеш да ја „следиш во чекор“. Сепак, секогаш е добро спремна, можеби брзо објаснува, но објаснува се`. Обавезно да и ги препишуваш задачите што ви ги решава, или барем да ги копираш ако не си фан на седење на предавања. Ма да ја би ти препорачала кај неа да идеш на вежбите, многу помагаат.
На колоквиум, ако пишуваш читко и прегледно, нема да имаш никаков проблем. Сепак оди си на увиди за секој случај, мене ми се случувало да ќарам уште по некој бод.
Коректна е вака. Некогаш е пресериозна, т.е беше на почетокот, ама после некое време се олабави атмосферата. Не е страшна Весна, ако учиш ко шо треба нема да имаш проблем со неа. :wink: