Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Кулеги, дека сте бре? Учете, а? :icon_lol:
Занеме темава, ај да ве анимирам малце едно актуелно прашање... Како иде учењето, ако воопшто оди некако? Поздрав, среќна колоквиумска! :smir:

Правиот електраш, не е фруструран за време на колоквиумска. Правиот електраш пие пиво за време на колоквиумска.

Што си ти? ФЕИТаш или електраш?
 
Јас како надежна Електрашка се надевам, ама само се надевам, дека некако ќе успеам таму.. Сите различно кажувате, во однос на тежината на факултетот. Една ноќ дури имав и кошмари како сум на почеток на факс и одвај се снаоѓам..А уште не поминала ни државната матура.

Али не се откажувам од помислата да се запишам таму, не знам зошто.:pipi:

Инаку, се мислам помеѓу Тека и Ики.. како и 90% од луѓето =]
 
Тека и Ики може некој да ми објасни околу термините???:smir:
Абе зарем толку е тежок??Јас планирам да се запишам на овој факс ама уплашен сум до некаде:jaj:
 
Кога сме кај совети за, електро : Отпишетесе и идете на филозофски Книжевност по можност гарант проагате :pos2:

Ај ај сеа и ти ....За факултетов треба чат пат бонус учење али кога ќе размислиш што струка учиш и колку таа е барана низ светов .. а и ПЛАТЕНА богами ... Вреди и тоа како ...
 
И ТК е потешко од ИКИ?:nesvest:
Кои предмети се учат на ТК?Има ли некој од тука на ТК?:toe:
 
Тека и Ики може некој да ми објасни околу термините???:smir:
Абе зарем толку е тежок??Јас планирам да се запишам на овој факс ама уплашен сум до некаде:jaj:
ТК- Телекомуникации
ИКИ - Информатика и компјутерско инженерство
Околу тежината на факултетот најубо ти објасна Dek0.
Шо поблиску ми идат времево за да се запишам на факултет, тоа повеќе се плашам.
Ама си имам зацртано еден план. Ќе скратам ако тебит 4 години (па и повеќе нека се), ќе учам појке, ама знам дека после ќе бидам инженер, а не слаткар.
Повеќе факултетов го гледам како некој предизвик за мене.
Иначе јас сум загреан за ЕРПС, пошо најмногу тоа ме влечит и најмногу го сакам.
 
И ТК е потешко од ИКИ?:nesvest:
Кои предмети се учат на ТК?Има ли некој од тука на ТК?:toe:

Јас сум друже на ТК. Релативна работа е кој смер е потежок. Али ако прашаш повеќе луѓе би ти рекле дека ТК и ЕРПС се најтешки смерови... Зависи за кого како. Има од кај мене текаши што ако ги пратиш на ики нема ни едно програмирање да положат, па ќе им биде тешко...

Инаку велат дека ТК е потешко зашто има многу математики, не само како предмети туку основата на студиите е математика. Јас искрено се каам што се упишав на ТК, требаше да се упишам на ИКИ и да бирам предмети од ТК (бидејќи ЕКТС го дозволува тоа). Се каам зашто одвратно лоша ми беше втора година... дури и по завршена трета година нема да знам да ништо, зашто битните предмети се учат последните 2 семестри... има 7-8 предмети кои ќе ти требаат. Другово е само вовед во тоа за да ги разбереш стварите од почеток...

Али енивеј, мислам дека ќе вреди да се чека до 7ми семестар... ѕирни на сајтот ќе видиш што предмети се учат и што содржат истите, ама едно знај. Прва година е иста за сите, али втора на ТК е чиста математика без разлика како се викаат предметите.... со математички ствари го разбираш понашањето на сигналите (кои се основите на ТК). Ако немаш проблем со математика и учење теорија, тогаш нема да имаш проблем со ТК....

Правиот електраш, не е фруструран за време на колоквиумска. Правиот електраш пие пиво за време на колоквиумска.

Што си ти? ФЕИТаш или електраш?

Риспект ЕЛЕКТРАШУ!!! :cug:
 
Колеги/шки .. ја го изгубив индексот ... (т.е некој ми го земал после потписи на ЛиФп денес ...) А тие од студентски ми рекоа "ќе се сликаш"

Aj некој понормално да ми објасни што/како у случај да не го најдам утре на колоквиум.

Фала !
 
За тие кои слушнале и за тие кои сеуште не разбрале.
Жална вест денес ни го стресе факултетот и на нефер начин ни беше одземен најдобриот од нас.
Никола Постолов, студент на 4 година ИКИ, најдокажаниот и најуспешниот од сите досега кај нас, утринава почина после повеќе дневна кома.

Да не збориме овде, може повеќе да прочитате овде, а во меѓувреме во холот на факултетот има отворено книга на жалост.
 
Идам годинава на ИКИ -99%,уште матурава да помине ...:wink:
Се гледаме идни колеги..:salut:

Исто така би сакале да нагласиме дека темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, туку се внесува само оценката добиена по истата.

:helou:
 
Знаеш ли математика,физика?Не онака да знаеш Питагорина теорема или монжење да двоцифрен со троцифрен.Размислете убаво пред да се упишетена ФЕИТ.А не онака само да идете дека е добар факултет со многу можности за понатаму.Бидете свесни дека треба учење на памет(бубање) и многу решавање.Јас мака мачам со математика и основи на електротехника,ги спремам за испит па со Господ напред да фатам прелазно нешто.
 
Решен сум за таму, господ не може да ме предомисли.:)

Инаку математиката ми е јака страна...:smir:
А физикава не баш толку колку математика ,професориве не ми се погодија ...:tapp:
Од прва до трета имам просек 5,00 сега уште четврта па матурата и идам :helou:
 
Со учење не бери гајле,ама нередовно учење и решавање тешко ќе биде верувај.И пазете се физика 1 во прва година е изгледа најтешка за повеќето студенти.За за тоа што следува понатаму нема потреба да се зборува...Математика 2 поготово..
 
Да бе, стварно, не знам оти и мене и на колеги други од група Физика1 најтежок ни е. Еден Основи на електротехника го спремив за испит, Физика не ми влегува во глава и не ми влегува.
 
Мори Елено не лажи :smir:. Абе деца не се плашете толку факултетот нема да ве изеде...Има интересни моменти многу, особено кај Ласко со неговите "прекрасни" задачи. Само да не се лажете "од утре ке учам",другото се ќе си дојде на ред. Tолку од мене, другото останува на вас
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom