Стечајците пред Собрание пишуваат филмско сценарио

Катја

Journalist
Член од
18 декември 2007
Мислења
56
Поени од реакции
3
Скоро 1 година во импровизирана шаторска населба пред законодавниот дом, барајќи од избраниците на народот да го решат нивното статус кво, овие средновечни луѓе се изнагледале се и сешто. Велат , она што се случува пред народното собрание, но и навечер во паркот непосредно до нивниот логор, е доволен материјал за филмско сценарио. Секојдневно се сведоци на сензационалните акциите на супер алфите, незгодното обезбедување на Али Ахмети, кој со кого се ,, дружи,, од парламентарците, кој е хомо , кој обожава бурен ноќен живот. Од другата страна на линијата пак, во паркот се изнагледавме на малолетничка девијација, научивме што е шат, кец, смајли...
Но ако размислиме подобро, развртничкиов парламент или како што они љубат да го наречат домот на срамот, и не е во ништо поразличен од нашево жално секојдневие- велат од заборавената класа.
Ќе дојде некој тек-тук да ни донесе паштети, минерална вода и тоа.:pusk:
Еден од нашиве спречи сообраќаен инцидент, запирајќи југо45 запалено во движење, ги извлече од колата мајката и нејзината ќерка , па овие ни дадоа 500 денари за леб. И додека стечајците чекаат владата да се смилува и им одобри 5000 денари месечен надоместок, некои од нив размислуваат да почнат со пишување на сценарио за филм.
Треба ли да се предвидат овие луѓе како ставка во буџетот за следната година?
Или подобро продукциски да го финансираат снимањето на нивниот филм?
Предложете наслов?
п.с сите горенаведени изјави се точни, имињата на моите соговорници не се наведени заради заштита на нивниот идентитет
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
А дур маваат „шатови“ и „кецови“ и чекаат да им се смилува некој, да побараат работа?

Мажите во 40/50-тите се најдобри за физичка работа. Петстотче на ден за растоварање. Ем гимнастика, ем занимација, ем добра месечна плата. Не им завршил животот ако отишле под стечај. Еве, може да започнат со расчистување на ѓубриштата пред нивната импровизирана „населба“. Сигурно секој од нив ќе добие по петстотче за почеток.

Мислам, океј, жално е и лошо. Ама фак, една година да седиш во шатор наместо да преземеш нешто?
Седиш недела, месец... Гледаш не функционира - засукај ракави и продолжи понатаму.
 
Член од
29 октомври 2007
Мислења
129
Поени од реакции
1
Бараат нешто што неможе. Сакаат по 5000 месечно до пензионирање. Сакаат да бидат третирани како специјален случај на социјална помош. Сите по 1000, а они 5000. Ова воопшто не е издржано законски, ниту па ке се донесе тој закон што го бараат што треба да им ги обезбеди тие пари. Дај нека се тргнат срамота е у сред центар.



Ако грешам со бројките и со тезата ве молам поправете ме.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
И на тие луѓе не им е лесно...кој ќе вработи човек со максимум средно образование на возраст од 45+ години? За таквите и 35 е премногу...Оние стечајци со факултети се снајдоа. Искрено, мака ми е за луѓето, но нивното е донкихотовска борба со ветерници...
како што рече Acid, можат да работат само како амали, некаде утовар - истовар.
Тоа се луѓето, жртви на еден систем кој вработуваше по 100 работника на исто работно место и 99 беа вишок, и на криминалната транзиција.
А решението за нивниот проблем не се гледа.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тоа се луѓето, жртви на еден систем кој вработуваше по 100 работника на исто работно место и 99 беа вишок, и на криминалната транзиција.
А решението за нивниот проблем не се гледа.
Нешто слично како Македонската администрација во овој систем,само што тие немаат проблем за да бараат решение.Мислам дека е време сите стечајци да побараат азил пред амбасадите на западноевропските земји и своите шатори да ги преселат во нивните дворови,сигурно ќе добиеа позитивни решенија на нивните барања,како не ми текна досега да им предложам на представниците од Прилеп,хе,хе,хе,одам утре кај еден мој пријател.:)
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Има да ги решат за 5 минути, само треба запад да не подгурне

Добра идеја, одма ке најдат кеш
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
ma ajde tie site samite si gi razgrabaa i unistija firmite pa sega uste i parii da im davame so cesni isklucoci koi stvarno ostanaa so prstot vusta
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ma ajde tie site samite si gi razgrabaa i unistija firmite pa sega uste i parii da im davame so cesni isklucoci koi stvarno ostanaa so prstot vusta
Нема да бидат со прстот во уста кога ќе ги примат азиланти во земјите низ светот,комплет со се фамилии би дошле окулу 20 000,што не би бил никаков проблем за ни една западноевропска или прекуокенска земја.
 
Член од
29 октомври 2007
Мислења
129
Поени од реакции
1
Погоре спомнав се а па ке казам. Ако за чувството према државата треба да следи дневница ни се е*а мамата! Ова е капитализам. Ете владата понуди по 5000 евра за самовработување што не се пријавија, него чекаат друг да им ги среди проблемите, 17 години неможат да се свестат дека ова е друго општество КАПИТАЛИЗАМ и секој сам си ги брка работите а не чека на државата.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Погоре спомнав се а па ке казам. Ако за чувството према државата треба да следи дневница ни се е*а мамата! Ова е капитализам. Ете владата понуди по 5000 евра за самовработување што не се пријавија, него чекаат друг да им ги среди проблемите, 17 години неможат да се свестат дека ова е друго општество КАПИТАЛИЗАМ и секој сам си ги брка работите а не чека на државата.
Sto ti e USPESNA propaganda 5000 evra za samovrabotuvanje?????....epten sum dobro zapoznat so slucajot na eden "samovraboten" koj uste ,"S" ne kazal od samovrabotuvanje, mu se pojavi uplatnica za firmarina.. :)..... a na prasanjeto kako da dojde do taa VLADINA PONUDA.....slusnal samo edno gooolemo HA,HA ....HA..!
Mislam deka znaete deka toa sto ke se kaze na TV i vo vesnici , najcesto nema vrska so REALNOSTA....

A ovie pred sobranie......zar uste gi ima...?????
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Зошто да работат ако можи да земаат 5000 ден до пензија.Туку нека бидат среќни што не се сдс и компанија на власт оти до сега ќе ги исчистеја со булдожери,само оваа влада дозволува да и се качуваат на глава,тешко е,не велам не и таткоми е стечаен па се снајдува некако,не оди да спија по шатори пред влади и да пита за паштети.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Зошто да работат ако можи да земаат 5000 ден до пензија.Туку нека бидат среќни што не се сдс и компанија на власт оти до сега ќе ги исчистеја со булдожери,само оваа влада дозволува да и се качуваат на глава,тешко е,не велам не и таткоми е стечаен па се снајдува некако,не оди да спија по шатори пред влади и да пита за паштети.
Уште го чуваш дома,инаку ќе мораше и тој по шатори пред влади а се надевам за брзо време и пред амбасади,да спие.:)
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Пред амбасади, само така ке им се реши проблемот
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Пред амбасади, само така ке им се реши проблемот
E да,за оние стечајци кој ни дома не ги сакаат,единствено решение ќе биде да побараат азил во некоја од амбасадите,тоа им е загарантирано право а верувам дека уште тоа им преостана како излез од навистина тешката состојба.
 

Катја

Journalist
Член од
18 декември 2007
Мислења
56
Поени од реакции
3
за стецајцива стварно сум во дилема, од една страна има луѓе кои имаат 24години и неколку месеци стаж , и ако воопшто се донесе закон за примање надоместок на овие со над 25 год, тогаш ќе се испровоцира реална неправда.
Од друга страна пак, кој газда на денешницава ќе вработи 50 годишен/на.
А партииве ги лажат ли ги лажат, најпрво СДСМ уште додека беа на власт, па им ги оставија како мираз на следнава власт, па Тито од ,,лево на десно,, им ветува точка на дневен ред која сеуште не доживеа расправа. Ќе си дочекаат они пензија ако си поседат уште неколку години пред собрание.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom