Но да се надевам дека е само почеток, а секој почеток е тежок.нели?
И да веруваме дека е технички аспект ќе биде малку подобар, а од аспект на натпреварувачи ќе биде многу и значително подобар.
Aпсолутно!
А сега, ексклузивно - 10-те прашања кои се поставуваат при тестирањето за квизот:
Страна 1, бел лист со печатни кирилични букви - елиминаторни прашања, се одговара со заокружување.
1. Дали си го знаете вашето име? Да Не Можеби
2. Сигурни сте? Да Не Можеби
3. Знаете ли зошто сте тука? Да Не Можеби
Страна 2, бел лист со една реченица, за релаксација:
*Добро е... одиме понатаму.
Страна 3, логички дел; жолт лист со син текст, стандардна печатна кирилица, се одговара брзо, одговорот се бара во форма на еден збор - времето за одговарање на прашањата е 47 минути:
4. Колку години има 35 годишниот Перо?
5. 2 баби и 2 жаби се? (за студентите на медицински: ова е трик прашање)
6. На кој континент се наоѓа Јурумлери?
Страна 4, бела со црна точка на средина - за концентрација;
Страна 5, познавања од општата култура. Се заокружува еден или повеќе од понудените одговори;
7. Кој ја открил Северна Каролина?
а) Мислиш: Гочева? б) Тој што ја покрил в) Драган Вучиќ
8. Кој бил првиот човек во вселената?
а) Вселе...како? б) Бегав од математика во средно в) Драган Вучиќ
9. Во кој месец била крената октомвриската револуција?
а) Одамна б) Среда в) Драган Вучиќ
Страна 5, цела е зелена... за одмарање и релаксација пред последното клучно прашање.
Страна 6, финалното прашање:
10. Дополнете: Јас сакам да бидам _______________?
-----> Дел од одговорите на кандидатите:
*Милиционер
*абе дај пари!
*Фудбал...вечерва...Буњамин Шабани...
*Јас ја згрешив вратата
*Мет Дејмон или Чак Норис
*Пато.. масовно...