Cokance,
домашни прослави? Препорака - Македонско девојче, Пролет, лето, есен, зима е песната од тој албум која и на свадби се пушта.
А не знам кој дел не е јасен од гостувањето во популарни и гледани шоуа. Велики Брат и Велики брат ВИП се најпопуларни шоуа за минатата сезона, Кој те шиша со Жаре е најгледана македонска емисија за минатата сезона, не го зборам ова на памет, затоа кажувам каде гостува Каролина.
Ако сакаш квалитет од емисија, Вртелешка и Зајди, зајди - поквалитетни емисии од тие, амин. И таму оваа година гостинка, интервјуата беа поставени и на страните на телевизиите.
А за тоа каде и колку се појавува, не одлучуваат медиумите, туку Каролина и Авалон.
Не знам колку пратиш медиуми но по ова што го кажуваш не си запознаен со програмските шеми на телевизиите и радијата.
Каролина е ексклузивка на Сител телевизија, што значи ја има во Бекстејџ тогаш кога треба да се каже нешто ново, како што ја имаше вчера кога се славеше соработката на Авалон и Каролина со новиот спонзор.
Песните се личен вкус за секого. Не издала досега песна која не станала хит, а Крај и За година две станаа најголеми нејзини хитови, а се оваа година издадени, што значи паѓа во вода муабетот дека нешто не штимало со популарноста на песните.
Крај и За година две се доказ за тоа.