Каролина Гочева

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Значи ама замарате со едно па исто. Како бе тоа за одредени ниту едно чувство на ниту еден човек не е реално и е глума?
Шо треба да прави Каролина? Да се појави на ТВ како Калиопи и да рикне од плачење? Ако жалиш, жалиш со срцето а не со количината на солзи. И тоа е веќе друга тема.

Во однос на изведбата на Каролина. Дијаманте, на високите делови од Немир го нема оној тоналитет кој го има во оригиналната песна. Пее многу длабоко. Можеби е така за да се прилагоди на гласот на Ѓоко, ама мислам дека пониските тонови бар во ваква изведба звучеа посолидно.

И што по ѓаволите сте се фатиле за невиноста на Каролина. Не мислите дека и јавните личности треба да имаат приватен живот?
На крај, ме здоболе мене дали Каролина легнала со некој или не. Ја слушам и ја почитувам поради начинот на кој пее и поради енергијата на гласот.
А не заради тоа колку пати имала и дали воопшто имала секс. Трачевите не ми се меродавни за квалитетот на еден пејач.
Она како јавна фаца си е спремна на секакви прашања. Ама и новинарите како новинари треба да си го поднесат како одговор секој одговор.

Глупаво е да се фатиме сег за гуша и да дискутираме дали Каролинката е девица. Не за друго, не пее со половиот орган.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
29. јануари 2010
СНЕГОТ ЈА НАТЕРА ПЕЈАЧКАТА ДА ПРЕНОЌИ КАЈ КОМШИИТЕ
Каролина по едночасовна одисеја над Скопје се врати во Белград

Каролина затсиноќа доживеа вистинска драма на небото над Скопје. Поп-дивата, враќајќи се дома, наместо да слета на скопскиот аеродром, поради снежното невреме што го зафати главниот град, повторно се врати во Белград. Пејачката во средата во раните утрински часови заминала во Белград, каде што била поканета да гостува во шоуто "Све за љубав". По завршувањето на снимањето било планирано да заврши уште неколку обврски во српската престолнина и вечерта повторно да се врати во Скопје. И се одело според планот до моментот кога авионот, во кој била Каролина, не требало да слета. Авионот од Белград, што требало да се приземји на "Александар Велики" неколку минути по полноќ, поради лошите временски услови, како што тоа им се случи и на авионите кои доаѓаа од Љубљана и Будимпешта, морал да се врати во Белград. Во Скопје Каролина, според нејзиниот тур-менаџер, Филип Николовски, конечно требаше да пристигне во текот на вчерашниот ден, но поради откажаните и поместени летови овојпат треба да се враќа со автомобил. Превозот до македонската граница каде што ја требаше да ја пречека Николовски, го организирале луѓето од Шоумастер, задолжени за нејзината промоција во соседството.
Добро е што се' убаво и добро завршило.
Снежното невреме ја фатило и нашата Каролина.
Изгледа во СВЕ ЗА ЉУБАВ во понеделник на А1 ќе ја има.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Каролина во снежна авантура (насловна на ВЕСТ)

СНЕЖНА ДРАМА НАД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Каролина завеана во авион

Авионот цел час кружел околу скопскиот Аеродром, па се вратил назад во Белград



Поп-ѕвездата Каролина Гочева, поради снегот и лошото време завчера не успеја да слета на скопскиот Аеродром, додека се враќала од снимање во Белград. Каролина била дел од патниците во авионот на српскиот авиопревозник ЈАТ. Поради вејавицата и намалената видливост над аеродромот Александар Велики", авионот еден час кружел над Скопје и на крајот се вратил назад во Белград.
Поп-ѕвездата гостувала во емисијата "Сè за љубов" на ТВ Пинк завчера утрото, а поради обврски во Скопје требала да се врати вечерта. Каролина од Белград тргнала на време, а во Скопје требало да стаса во 22,30. Нејзиниот менаџер од "Авалон" продукција Филип Николовски ни рече дека еден час ја чекал на Скопскиот аеродром и гледал ја како авионот кружи и се обидува да слета.
- Во речиси исто време требаше да слета и авионот од Загреб, но тој побрзо се откажа и се врати назад. Белградскиот беше поупорен. Цел час го гледавме како кружи и на крајот разбравме дека се враќа назад во Белград. Потоа се слушнав со Каролина и ми рече дека целата случка ја примила многу "кул". Често патуваме заедно и ова не е прв пат дома да не стасаме на време. Драго ми што Каролина не се исплашила", ни рече Николовски кој организираше возач да тргне за Белград и да ја донесе Каролина до Скопје.
Откако се вратиле на аеродромот во Белград, на патниците им бил понуден хотел кој го обезбедува ЈАТ. Каролина не ја прифатила понудата од авиопревозникот, ни раскажа еден патник од авионот, кој летал со пејачката. Таа заминала во подобар хотел, со повисока категорија, кој секогаш и го обезбедува "Емоушн", продукцијата во чија емисија гостувала.
- Каролина секогаш спие во тој хотел. Не знам што и понудиле од ЈАТ, но немало потреба затоа што во Белград секогаш имаме обезбедено сместување, додава Филип Николовски.
Каролина пред неколку месеци потпиша договор за соработка со концертната агенцијата "Шоумастер" од Белград, која е во сопственост на "Емоушн". Тие, заедно со "Авалон" ќе се грижат за настапите на поп-ѕвездата во Србија и за издавање на новиот албум на нивниот пазар. Во моментов, таа е актуелна со баладата "За година, две", а ги снима и останатите песни од албумот кој би требало да излезе на крајот на април. Приватно, Каролина е во врска со хрватскиот бизнисмен Анте.
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Сметам дека е најдобар вокал на балканскиве простории во согласност во Цеца.Има глас прилагоден за сите жанрови на музика..Мислам дека досега За година две и е вооедно и најубава песна..Прави добри хитови(пред се со нејзиниот глас)Ја нема многу во јавноста а се јавува само од една причина-работа,...а не промовирање како што тоа го прават другите.Се најдобро за неа-ја сакам де...Особено затоа што ми има подарено цд:pos2:,за убавиот глас...за таа нејзина хармонија и убавина..
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Вечерва во 21.30 Каролина ќе биде специјална гостинка во СЕ ЗА ЉУБАВ, емисијата на А1 каде ќе ја промовира најновата балада на српскиот пазар.
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Вечерва во 21.30 Каролина ќе биде специјална гостинка во СЕ ЗА ЉУБАВ, емисијата на А1 каде ќе ја промовира најновата балада на српскиот пазар.
Сигурно? Затоа што последниот пат на Пинк Нина од ОТ беше гостинка. А напоредно ги даваат, прво таму па на А1
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Не беше гостинка Каролина, туку Нина. Начи прво на Пинк оди?
Епа тогаш следната емисија треба да биде Каролина, затоа што уште пред 2 недели снимала за оваа емисија.

Значи идниот понеделник во Све за љубав
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Не беше гостинка Каролина, туку Нина. Начи прво на Пинк оди?
Епа тогаш следната емисија треба да биде Каролина, затоа што уште пред 2 недели снимала за оваа емисија.

Значи идниот понеделник во Све за љубав
Овој четврток, Каролина ќе биде гостува во емисијата "Све за љубав" на Пинк,инаку Каролина ќе биде изненадена когa ќе и ја пуштат нејзината прва песна "Мамо, пушти ме".
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Утревечер на излегувањето на вториот учесник од Големиот Брат, гостинка ќе биде Каролина заедно со Нина Бадриќ
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Супер, Каролина е најпознатата Македонка во земјите од бивша Југославија, па затоа е присутна на сите вакви големи шоуа. Сигурно и утре ќе ја пее новата балада.:vozbud:
Вчера беше супер во СВЕ ЗА ЉУБАВ, ги испеа и Успомомене на тебе и Крај, а во почетокот и ја пуштија Maмо пушти ме како изненадување. Водителот побара од Каролина да зборува на македонски затоа што толку изгледало тоа секси, а исто така Каролина кажа дека како и сите жени, и она има огромна желба да стане мајка, но тоа ќе се случи во вистинскиот момент за неа.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Зашто Каролина не пееше вчера на Велики Брат? Од каде информацијата дека ќе пеела?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom