Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Колку беше најубава вчера. Дали тоа е од на Цаци бутикот што го носеше, многу ми се свиѓа.
На секој летен фестивал (а секоја година ја има на летните фестивали) е со различна фризура и различен стајлинг, сетете се само каква беше кога настапуваше на Сунчане скале со Кажи ми, Кад волиш, Ружа Ружица, после ревијално една година ја пееше Мојот свет, една година Се лажам себе, на Будба исто - секогаш различна.
Песната со ОТ Бенд станува преубава по повеќе слушања, ми се допаѓа, а изгледа Сајко и со дечкиве е скаран, зашто вчера кога го прашаа Вукашин дали демек Каролина ја заменивте за Сајко, он рече: Каролина радо ја заменивме за Сајко
 
Вчера стајлингот одличен и беше. Прекрасно изгледаше, нека и е честито за наградата,а песната со ОТ бенд е одлична многу ми се свиѓа. :pipi:
 
Во денешнито издание на дневниот српски весник-Курир Каролина е на насловна страна,сликана како се сонча на една од плажите во Херцег Нови.
http://www.kurir-info.rs/clanak/stars/kurir-08-07-2009/riba-na-suvom
riba-na-suvom
 
Еве како се правел спотот за "Крај"
 
Mене па последно време ми е најака од било кога до сеа, спотов заедно со спотот за примоција на Македоња од СНН што ја има е перверзии.
Килажа и трбала не и требало нема везе, има жени што им стои да се вакви штиљави а оваа е од нив.
Каролна-бел бумбар. : )
 
:costumed2 Каролина Гочева ќе одржи концерт во "Оф програмата" на Охридско лето, во Античкиот театар во Охрид.Каролина ќе го изведе материјалот од нејзиниот актуелен албум "Македонско девојче" и неколку традиционални македонски песни со нови аранжмани на концертот на 29 јули, во Античкиот театар во 23 часот.

:smeshko:Итар Пејо баш ме насмеа со белиот бумбар :icon_lol: Јас би и дала златен :pehar::back:
 
На 29 јули во Античкиот театар во Охрид Каролина ќе одржи концерт,ќе се претстави со "Македонско девојче",инаку ова ќе биде всушност 4ти концерт на Каролина во Античкиот театар во Охрид.
 
Одам:vozbud::vozbud::vozbud: Тогаш и така ќе бидам таму, значи одам пак на таков концерт, она што емотивно ми се случи во Универзална, морам пак да го повторам, повторно уживање во еден таков вид на концерт за опуштање, релаксација, уживање, слушање на прекрасен глас, гледање на извонреден стас и доживување на преубави новокомпонирани и стари македонски етно песни

E вака, вчера ја имаше Каролина на Бекстејџ, ја прашуваа за летово, за дечкото, а девојкава одговри во нејзин стил, затскриено, а сепак откриено малце, браво
Кажа дека има 29 години и дека не езгодно да расправа пред јавноста за нејзините врски, ниту пак новинарите не би требало тоа д аја прашуваат или за тоа да пишуваат затоа што она самата никогаш не изнесувала детали од личниот живот пред јавноста





Инаку токму денес во Бекстејџ, неколку јавни фацки кажаа за Каролина:
Маријана (Бекстејџ) - нашата некрунисана македонска принцеза
Дејан Миличевиќ - Каролина е совршенство од тело, од кожа, фризура, најлесно можел да соработува со таква ѕвезда
Александар Блажевски (Добра шанса) - Каролина и Тоше се најголемите македонски ѕвезди кои бележеа незапаметени успеси на Сунчане скале во нивното време кога настапуваа, затоа со гордост може да се зборува за нив како најголеми музички имиња кои настапувале на Сунчане скале од Македонија
Боки 13 - Каролина се облекува најубаво, исто ја очекувал на забавата по повод роденденот на Свет да ја види најубаво облечена
Александар Наков (уредник на Свет) - Каролина е најдобрата соработничка на Свет од македонските пејачки имиња и затоа скеогаш ќе има посебно место во нашиот магазин


Дали Каролина беше на забавата на Свет, или уште е во Црна Гора?
 
Да, да.И јас гледав.Мислам дека е сеуште во Црна Гора и дека не беше на забавата на Свет.Боки 13 кажа дека очекува Каролина и Лила да бидат наубаво облечени мислејќи дека ќе биде таму.Но, ако беше таму сигурно ќе ја дадеа на ТВ.А и во некое интервју дали вчера на Бекстејџ или на друго не знам точно,Каролина кажа дека ќе ја спои работата со мал одмор и дека во Црна Гора ќе остани 5-6 дена.Ама па не ми се верува да не се врати за концертот на Сантана :raz: Ќе видиме:salut:
 
Одам:vozbud::vozbud::vozbud:

E вака, вчера ја имаше Каролина на Бекстејџ, ја прашуваа за летово, за дечкото, а девојкава одговри во нејзин стил, затскриено, а сепак откриено малце, браво
Кажа дека има 29 години и дека не езгодно да расправа пред јавноста за нејзините врски, ниту пак новинарите не би требало тоа д аја прашуваат или за тоа да пишуваат затоа што она самата никогаш не изнесувала детали од личниот живот пред јавноста

А,каква врска имаат годините со интересирањето на јавноста за нејзиниот приватен живот???

На Каролина како јавна личност со подолг стаж,би требало да и јасно дека јавноста ја интересира нејзиниот приватен живот,и сега и по 30 години,ако е актуелна тогаш.Ај сега ако се разделат Анџелина Џоли и Бред Пит(не дај Боже,и споредбава е без врска,знам:icon_lol:),и двајцата да изјавуваат дека се возрасни,па нема смисла да ги прашуваат вакви прашања.:pop:
Ако не сакаше да изнесува детали,сосема во ред,али не мора да се вади со годините...Не би требало да ја прашуваат?!?:icon_roll Заради тоа што имала 29 години..:pos:
 
супер е каролина сите песни и се cool, посебно некои дуети
 
Сега го гледав новиот спот. Нешто многу ослабена ми се гледа, посебно во лицето. :icon_neut
Ги читав и претходните мислења, гледам не сум добила само јас таков впечаток...
 
Ме изненади на спотот, баш проверив 29 години и 3 месеци а изгледа поубаво и помладо од 19 годишно девојче! Исто ми е многу убава и на спотот за Македонија на CNN, дефинитивно една од најубавите македонски девојки (пореално би било да ја наречам девојче кога ќе ми текне дека изгледа толку млада а уште малку ќе полни 3 децении):smir:
 
Со последниот албум Македонско девојче, го заслужи епитетот на најубаво македонско девојче, иако ја викаа македонската некрунисана принцеза.
Колку интересно, сите идат напред во години и старост, а Каролина од принцеза и девојка, станува девојче:pos2:
Инаку д анапоменам дека и оваа недела песната Крај е повторно на врвот на топ листата на сите македонски радија, а хит на неделата е песната "Заборави" во дует со ОТ Бенд, колку повеќе ја слушам, толку повеќе ми се допаѓа таа песна, мислам дека е баш во стил на Каролина таа песна
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom