Каролина Гочева

Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Неможам да разберам зошто се карате волку.Се работи само за вкусови.Некој ја сака,некој не.Некој го почитува нејзиното „дело“ [кое дело?!],некој не.
Тоа не значи дека ако вие кои што ја сакате треба да се карате со сите тука,убедувајќи дека таа е најдобра или незнам што.Ваше мислење е тоа,некој друг си има сосема друго и си има право да го искаже на темава,така и е напишано во воведниот пост.
Остајте ги луѓето да си се искажат без нон-стоп да ги цитирате.Немаат сите ист вкус како вашиот.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Зашто да биде болно за мене да биде божица на сцена? Ме нарекуваш болна, кога јас некого што не ја сака сум навредила?
И како прво, од каде знаеш каква е по карактер, она е единствената која по толку години кариера никогаш не направи скандал, не навреди никого, туку секогаш одмерено ги интерпретира изјавите, многу кратко, јасно, точно без можност за дополнителни дебати, а воедно никогаш, ама никогаш не сум ја слушнала да земе да се фали како она најбоље готви дома, како она носи најскапа облека, како неа и поминува денот, па да земе плакарот да го покаже како што прават многу пејачици наши.
Никогаш не откривала детали од нејзиниот приватен живот, семејството, родителите, роднините, никогаш не се пофалила за нешто, туку многу дипломатски и фактички ги интерпретира активностите кои ги сработува, без никаква доза на преценетост и субјетивна нарцисоидност кон она што го работи. А тоа со дечковците и аферите, тоа секогаш го откривале сами новинарите и сами го филувале, а она никогаш не дала изјава дека дечко и се вика така и така и дека е сопственик на тоа и тоа, ама никогаш таква изјава не сме слушнале од неа.
Иначе Адри, доста го почитувам твоето мислење за тоа дека сметаш дека нема шарм и слично затоа што е многу коректно претставено без никакви навреди, али ете со мои докажувања се обидувам да го истакнам моето мислење и според мене да ја побијам вистинитоста на твоето.
И аман бе, кои глупи фаци ги правела кога пее:pos2::pos2::pos2:
Искрено морам да кажам дека според мене е речиси невозможно да се успее во овој свет ако си скромен и срамежлив и не се фалиш, меѓутоа КАРОЛИНА токму поради тоа ја освои публиката - поради нејзината скромност, одмереност, поставувајќи граница со која се обидува само преку песните и настапите да ја паметат луѓето, а не да прави циркузи на сцена
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Не гледам зашо не била ок споредбата во овој случај,ама секако не е битно:).А за љубомората,еве на мене на пример не ми се допага Каролина затоа што некако сметам дека нема шарм,не ми се допагаат многу песните,на сите интервјуа глупаво се однесува,дури кога пее некако глупи фаци праве(според мене),едноставно антипатична ми е.
Тоа ме праве љубоморна???Мислеш ли дека е болно тоа да не ти се допага некој и како карактер и на музички план,а не е болно тоа,да ја сметаш за божица,и незнам какви други глупости беа пишувале?
Па никој не ти рекол дека е болно тоа да кажеш што мислиш или дали ти се допаѓа или не,тоа е се во ред,но овде на форумов има некои ''пациети'' кој само плукаат за се и сешто и пишуваат цели реферати за некој за кој тие сметаат дека не вреди и е никој и ништо,пред се мислев за нив.

Но што се однесува до Каролина има факти со кои таа се потврдила и докажала во својата кариера,а сега дали на некој му се допаѓа или не тоа друга работа,но едно е сигурно дека за македонски услови постигнала многу во својата кариера,а и допрва ќе постигнува,ова беше само загревање.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Искрено DIJAMANTE од целиот пост шо ми го напиша,јас ништо не видов содржајно.
Јас само си го кажав мислењето за Каролина и реков кога веќе сте толку големи фанови,барем кажете што толку вреди Каролина.
Ти ми наброја неколку работи,шо да не речам немаа врска,реплицира ти скоро за секоја,а за тоа дека Каролина ја претставувала два пати Македонија на Евровизија,дури е негативно,затоа што незнам дали беше наместено или не,не е ни битно,ама после скоро сите ја пцуеја заради тоа,стварно немаше смисла,отиде еднаш на Евровизија,не направи ништо,требаше да оставе простор за други да се обидат....ама многу и била убава песната не за друго:pos2:
А за тоа за фаците,стварно глупо ми изгледа какви фаци праве,некако уфилмана ми е,па ако тоа ти е смешно,смеј се:toe:
А дискусијата стварно веќе нема поента,сакајте си ја Каролина,немам ништо против,само во наредните постови давајте повеке аргументи:)


Неможам да разберам зошто се карате волку.Се работи само за вкусови.Некој ја сака,некој не.Некој го почитува нејзиното „дело“ [кое дело?!],некој не.
Тоа не значи дека ако вие кои што ја сакате треба да се карате со сите тука,убедувајќи дека таа е најдобра или незнам што.Ваше мислење е тоа,некој друг си има сосема друго и си има право да го искаже на темава,така и е напишано во воведниот пост.
Остајте ги луѓето да си се искажат без нон-стоп да ги цитирате.Немаат сите ист вкус како вашиот.
Точно.Цело време се обидувам да го кажам тоа:)
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Точно.Цело време се обидувам да го кажам тоа:)
Ама кој да сфати,луѓево мислат дека сите треба да го делат нивното мислење,душа даваат за Каролинче,а они за неа се сосема непознат и небитен поим во животот.Сакајте си ја,никој нема ама баш ништо против само почитувајте го мислењето и на останатите и не се обидувајте да го смените со вашите постови во врска со неа.Вкусови...
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Ај малце флешбек... Кој и' беше првиот спот на Каролина?
Јас се мислам помеѓу „Без оглед на се“ и „Сакај ме“, но може да испадне и некој сосема трет. :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Ај малце флешбек... Кој и' беше првиот спот на Каролина?
Јас се мислам помеѓу „Без оглед на се“ и „Сакај ме“, но може да испадне и некој сосема трет. :)
Прв спот и беше ''Милениум со тебе" и истиот го режираше Игор Иванов Изи 2000година.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Прв спот и беше ''Милениум со тебе" и истиот го режираше Игор Иванов Изи 2000година.
Баш пред малку ми текна и на тој, ама заборавив да го ставам. :)
Да, тој беше доста интересен спот за тоа време.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Kako што знаеме, тој спот требало да биде снимен под вода, Каролина да биде со отворени очи и да пее со отворена уста, али тоа тогаш било неизводливо, така да затоа не испадна така спотот за Милениум со тебе. Е сега мислам дека после идеше Сакај ме, па Без оглед на се, па Немир, тоа беа спотовите од првиот нејзин албум ако не се лажам.

Еве ги сите нејзини спотови, ако не се лажам и немам пропуштено некој:

- Mилениум со тебе
- Сакај ме
- Без оглед на се
- Немир (со Тоше)
- Ти можеш
- Јамајка
- И ќе биде се во ред
- Од нас зависи
- Знаеш колку вредам
- Љубов под облаците
- Срешќемо се опет
- Љубовта е моја религија
- Хипокрит
- Штом сакаш
- Бела песна (со Аки Ракимовски)
- Се лажам себе
- Ти и ја (со Фламингоси)
- Ова срце знае
- Ајде да летаме (со ДЈ Бабура)
- Мојот свет
- Умирам без тебе
- Напред, Македонија
- Дафино вино црвено (со Тавитијан)
- Крај
плус спотови за сите песни од последните два албуми Во заборав и Македонско девојче снимени во Томато, што значи пејачка со најмногу видео изданија во нашата земја


Иначе, во сабота на големото финале на FASHION STAGE на Сител од 22 часот, Каролина Гочева и Милан Станковиќ се ексклузивните гости за финалето на ова модно шоу. Кристијан, сопственик на План Б продукција, и менаџер на Некст Тајм, најави дека на смаото финале освен прогласување на победникот, ќе биде промовиран и најновиот спот за песната Крај.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Во минатиот број на Свет покажаа сцена од снимањето на новиот спот на Каролина, кога и паѓа едната прерамка од фустанот и има tit slip:)
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Еве ги сите нејзини спотови, ако не се лажам и немам пропуштено некој:

- Mилениум со тебе
- Сакај ме
- Без оглед на се
- Немир (со Тоше)
- Ти можеш
- Јамајка
- И ќе биде се во ред
- Од нас зависи
- Знаеш колку вредам
- Љубов под облаците
- Срешќемо се опет
- Љубовта е моја религија
- Хипокрит
- Штом сакаш
- Бела песна (со Аки Ракимовски)
- Се лажам себе
- Ти и ја (со Фламингоси)
- Ова срце знае
- Ајде да летаме (со ДЈ Бабура)
- Мојот свет
- Умирам без тебе
- Напред, Македонија
- Дафино вино црвено (со Тавитијан)
- Крај
плус спотови за сите песни од последните два албуми Во заборав и Македонско девојче снимени во Томато, што значи пејачка со најмногу видео изданија во нашата земја
Jas go nemam videno ovoj spot,go ima li na you tube?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Има некој настап на двајцата, али спотот го нема, мислам дека и воопшто кај нас се нема прикажувано, само во Хрватска.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
КАРОЛИНА - специјален член на жирито на големото финале на модното шоу
FASHION STAGE - утре на Сител, 22 часот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom