Mакедонија "се прости" од ЕУ а најверојатно и од НАТО!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Според најновите информации Македонија ја изгуби битката со Грција за прием во Евроатланските организации под уставно име.Вестите кој се лиферираат од ЕУ ни го кажуваат тоа во малку подзаскриена форма но сепак доволно јасно да се констатира овој поразителен факт:

Грција попушти за Косово во замена за името на Македонија

Атина – Грција ја промени позицијата за Косово, а во замена за тоа доби нешто поврзано со прашањето за разликите за името со Македонија, наведува грчкиот печат. Ова, повикувајќи се на анонимни дипломатски извори, го објави вчера атинскиот весник „Та неа“, близок до опозиционата партија ПАСОК.
Според истите извори, грчката влада, која досега беше на позиција дека на Србија не може да и' биде наметното независност на Косово, сега застапува друг став.
Во замена за таквата промена на позицијата, Грција доби нешто поврзано со разликите со Македонија за името, тврдат дипломатски извори.

БРИСЕЛ - Политичкиот непотизам во Европската унија и' се удри од глава на Македонија преку заклучоците на министрите за надворешни работи кои јасно ги одразуваат интересите на Грција во овој деликатен момент за државата. Тие требаше да го оправдаат фактот дека Македонија нема да добие датум за преговори две години по добивањето на кандидатскиот статус, но и да се оцрни земјата во поголема мера од таа што ја заслужува, бидејќи пораката не е наменета само за ЕУ туку треба да ги одработи грчките интереси и во НАТО.
Македонија го плати данокот на португалско-грчкото пријателство и на незаинтересираноста на други земји-членки, освен Словенија, за идниот статус на земјата. Во нив комплетно беше игнорирана новата политичка клима, се споменуваат судски реформи кои се исполнија и се вметнува бизнис-климата, што асоцира дека таму има проблем, иако самата ЕК оцени дека има прогрес. Врв на се' е враќањето на проблемот со името во документите на ЕУ, иако Брисел еднаш не се прослави со тоа, и благодарение токму на импотенцијата на Унијата, тоа прашање останува нерешено и ја оддалечува Македонија од евроинтеграцијата веќе една деценија.
Дипломатски извори вчера оценија дека во друг документ и во други околности овие позиции на ЕУ немаше да бидат толку вознемирувачки за Македонија, но сега, кога се чека поканата за НАТО, јасна е целта да се искористат сите можности во Брисел за да се разниша нашата кандидатура, преку актуализирање на спорот и преку проблематизирање на нашиот прогрес.
Извори од НАТО велат дека таквите активности на Атина веќе даваат резултати и во Алијансата, каде што на расправата за проширувањето Бугарија, Романија, Чешка и Словачка, најблаго кажано, не покажувале интерес за прием на нови земји-членки, а Грција буквално и најарогантно се заканувала дека ќе стави вето на нашата кандидатура, и никој во тоа не гледа кршење на приремената спогодба, туку притисоците се насочуваат кон нас.
Генерално, дипломатите сметаат дека оцените се тенденциозни и дека имаат понаква тежина сега отколку во извештајот на ЕК, а се одраз на грчкото лобирање и на општото расположение во ЕК нашата држава се' повеќе да се критикува.
Ако се примени теоријата за морковот и стапот, Македонија го доби стапот, а Србија го добива морковот, вели еден дипломат, толкувајќи ги најавите од Брисел дека веднаш по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација Белград ќе може да добие и кандидатски статус, бидејќи имал голем административен капацитет и „можел“ да одговори на тоа. Ваквите лажги со опашки, зад кои стои потребата да се убеди Србија да се откаже од Косово, фрлаат сенка на тврдењата дека ЕУ следи некакви критериуми за членство, но, што е поважно, покажуваат дека кога Брисел има интерес, со леснотија констатира прогрес, а кога нема, со иста леснотија пишува негативни оцени.
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:............Абц ова не ти требаше...аман од секој весник нешто шо ке прочиташ копи-пасте прајш......ај кажи го барем изворот да видиме дали е некој озбилен медиум
 
Е па нека идат нека се е*ат.
Можеме ние и без нив.
Така де,ќе се заебаваат они како сакаат.Дебили.Ич не ни требаат.
 
Оваа вест и на вестите по телевизииве ја дадоа
 
И што треба сега?
Едно шамивче и ред мрсули ред солзи?
Да цимиме ли?
Камо среќа да се израсниме во една Швајцарија, па што ќе ни е Европа....
Европа па Европа, алергија веќе ќе почне да ми се јавува, ко набаре Европа се ќе ни донесе....
Ако на домаќинот во домот не му чини, комшијата ќе го опрај:tapp:
Знаејќи ги колку и кои се условите за влез во ЕУ, тоа требаше да му е јасно на секој обичен граѓанин...
 
Ало... СДС на линија??? Дали се тоа партиските полтрони??? :tapp:
 
МОже ли еднаш без партија.
Па шо сега треба да плачеме, ќе влеземе следниот пат, за 10 години
 
Зар се битни изворите кога тоа е реалноста,само ова треба да не зајакне и да ги пренасочи нашите напори кон правилниот пат за развој на нашата земја.Владата треба веднаш да реагира и да ги преиспита сите с-рамковни и други договори со ЕУ при тоа да ги прогласи неважечки и да наговести дека признавање на Косово нема се додека Србија не го стори тоа.Значи доволни се две-три изјави за да долетаат дипломатите од Брисел со поинакви изјави и наместо стап да ни понудат малку морков.
 
На ЕУ не и е прв пат за дневно политички цели се и сешто да усвојува, и ова може да се менува по потреба
 
Е баш ме заболе Арчибалд дека немало да не примат во ЕУ...а тоа за НАТО ќе видиме...ко шо ми се гледа мене работава изгледа дека тоа за НАТО е веќе завршена работа и до крајот на 2008 ќе бидиме членка на НАТО и баш ме радува дека ќе е така...а за ЕУ не дај Боже да влеземе...дури тогаш ќе ни се еби мајката..ме мрзи да објаснувам зошто и како
 
На ЕУ не и е прв пат за дневно политички цели се и сешто да усвојува, и ова може да се менува по потреба

Сепак датумот за извештај којa земја ќе пристапи кон НАТО е мошне блиску за ова да може да се менува според "наши" потреби.
 
Во политиката се е можно, ќе биде на дневен ред помошта за грција и тогаш таа ќе замижи на едно око за ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom