city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Со спотови и билборди треба да се вратат почитта, индивидуализмот и „многудетно семејство“
Враќање на самодовербата кај граѓаните, меѓусебнaта почит и разбирање и зголемување на наталитетот се цели на трите кампањи за кои Владата распиша тендер. Генералниот секретаријат бара фирми или автори што ќе осмислат логоа, телевизиски спотови, билборди, печатени огласи и маркетиншка стратегија за промоција на тие идеи.
Љубов и разбирање се пораките што треба да им се пренесат на граѓаните со кампањата за зголемување на почитта и толеранцијата меѓу луѓето, која треба да се спроведе од почетокот на март до средината на јуни следната година. Намерата е да се посочи дека секој човек греши со лична навреда, непочит, јавно потценување, понижување, срам и уривање на дигнитетот, но казната не треба да биде преостра.
„Секоја искажана љубов и поддршка се враќа. Секој човек сака љубов. Независно дали некој е директор или работник, невработен или пензионер, студент или лекар, секој човек сака респект, секој човек сака минимум разбирање, минимум коректност кон неговата личност и дигнитет. Ако не давате љубов, нема ни да ја добивате“, се вели во образложението, во кое се повикува на коректно укажување на грешките.
Таа кампања, според Владата, е предизвикана од се' посилната динамика на живеење и борба за успех, која луѓето ги прави дрски, некултурни, прекумерно горделиви, безмилосни и невнимателни за чувствата на другите и предизвикува пад на моралните вредности.
Со кампањата „Ти си Македонија“, која треба да се спроведе од февруари до крајот на јуни, кај граѓаните треба да се промовира индивидуализмот, да се врати самодовербата и довербата во институциите. Во образложението пишува: „Во Македонија конечно се зазема поактивен пристап и доаѓа до постепено подобрување на состојбите. На Македонија во овие моменти и' е потребна помош од силни, одговорни и активни поединци и индивидуални вредности што ќе фатат приклучок кон заедничката визија: Македонија подобро место за живеење“. Според Владата, кампањата ќе се спроведе бидејќи индивидуалната одговорност и енергија се претопиле во „пасивност, бездушност и апатија, што има негативен повратен ефект врз целокупниот прогрес на државата“.
Кампањата за промоција на значењето на семејството, планирана за истиот период, треба да ги поттикне семејствата да имаат три или повеќе деца. Во неа ќе се повика на традицијата на македонското „многудетно семејство“, на смислата и богатството што децата му го даваат на животот. „Децата се наши најдобри учители, имањето деца ја зголемува нашата самодоверба и не' прави да се чувствуваме помлади“, се некои од елементите што треба да ги содржи кампањата.
ЛИНК
Значи целта на темава ми е:
Што мислите дали со горе-наведедните кампањи владата ќе може нам правилен начин да промовира љубов, разбирање и наталитет?
И гледано од аспект на целите кои ќе ги постигнат овие кампањи, вие сте ЗА или ПРОТИВ?