Длабоко се извинувам, мислев дека си машко затоа извини уште еднаш и фала ти на информацииве.
Исто така сакав да те прашам дали има некоја разлика помегу со педигре или без педигре, уствари дали се на некој начин исплати да се земе куче со педигра или исто е дали ке биде со педигре или не.
ПС: Извини ако те замарам со вакви глупи прашања, али стварно не се разбирам ич во кучиња, а многу сакам Хаска да чувам.
Ич без гајле биди, многу луѓе видоа дека одлично се разбирам од кучиња и секој ден сум бомбардирана со разни пораки и прашања во врска со кучињата.
И не си ти единствен што мислиш дека сум машко,просто не им се верува како може женско толку да се разбира од кучиња,демек кучињата се машка работа :pos2:
Па пред се зависи колку пари можеш да издвоиш за да купиш.Колку поскапо толку поквалитетно и поубаво.
За било која раса секогаш е подобро да има педигре,пред се ќе го знаеш потеклото на кучето,од која крвна линија е и кои му се родители.Исто така ако сакаш да го/ја париш по педигрето се гледа дали се во сродство,а ако се во сродство несмеат да се парат.
Тие што се без педигре всушност се понеквалитетни и кога ќе порасне возрасно нема да изгледа исто како и тоа што е со педигре.
Моја препорака е да земеш со педигре,а твое е што ќе одлучиш и колку пари ќе издвоиш.
Еве ќе ти направам споредба со слика измеѓу куче со педигре и без педигре.
На првава слика е без педигре и се гледа дека длаката му е покуса и како сплескана/впиена за телото,тоа куче е без педигре и е понеквалитетно.
Додека на вторава слика,кучето е со педигре и е одличен претставник на расата,мислам дека нема потреба да коментирам,разликата е воочлива од авион,а ти избери какво сакаш да чуваш.