Аферата Мис Стон

Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
Некој знае ли нешто за неа? Ето еден източник.

Запленувањето на американската мисионерка мис Стоун​
„Во летото 1901 година Сандански намислува да го зароби протестантскиот мисионер д-р Хаус, кога со помошта на месни протестанти од с. Банско го договори неговото повикување од Солун. Од разговорот со протестантите тој дознава, дека во Разлошко тукушто пристигнала мис Стоун. Дига раце од планот за Хаус и се запира на готовата примамлива пљачка: жена, при тоа државјанка на земјата на доларите. Чернопеев, на кому Сандански му го открива планот, ја дава својата согласност и на 21 август приквечер една специјална стокмена чета, облечена во аскерски и други турски алишта, на патот меѓу Банско и Горна Џумаја до „Потпрената карпа“ фаќа три жени: мис Стоун, нејзината другарка Цилка, протестантка по вера, и една бабичка. Еден Турчин се задава при заробувањето, пука со револвер во четата, но бидува убиен. Четата ја ослободува бабичката, која припаднала од страв и ги поведува двете жени кон планината.​
Главните дејци во тоа пленување се: Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов. Во четата влегуваат Јуруков од Карлово и Антон Ќосето (војводи), Алексо Илиев, Кара Васил, Стефан Мандалов, Дрводелски од Враца и др. Во разни моменти составот се пополнува со други четници и месни одбрани работници. Од легалните најголема заслуга има Сава Михајлов, тогаш учител во с. Лешко (после војвода) и член на околискиот комитет во Банско.​
Четниците сакаат да изгледаат како обични разбојници од од разни народности и се мачат да се прикажуваат како турски. Бидејќи комедијата не им успева, а од друга страна жените мислеле, дека навистина попаднале во рацете на турски разбојници и неутешливо плачат во продолжение на 5–6 дена. Најпосле Сандански им ја открива вистината и тие се поуспокојуваат.​
Веста за заробувањето брзо се распространи по двете страни на океанот и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимаваше со сензационалниот настан. Околу разбојниците и животот на двете заробени дами од планините се создадоа легенди. Интересната положба на госпоѓа Цилка и очекуваното нејзино ослободување од бременост при една крајно оригинална комитска опстановка, манирите на разбојниците кон двете жртви на анархијата во Турција; енергичната интервенција на Американската влада и преговорите за откуп – сето тоа правеше од зарабувањето на мисионерката една приказна колку романтична, толку и актуелно политичка.​
Во стварноста, двете заробенички се радуваа на максималниот комфор, кои што во селските куќи по Разлошко, Џумајско и Малешевско можеа да им дадат и беа предмет на најголемо внимание и грижи од страна на четата и месните комитети. Се презедоа и мерки за да биде приготвено најнеопходното за очекуваното новороденче: алишта, пелени и др. Двете дами шиеја и плетеја. Госпоѓа Цилка малку веруваше – после толку немири и физички мачења – во среќниот исход на настанот и очекувајќи го најлошото, го направи усно својот тестамент пред мис Стоун. При сето тоа на 21 декември во текот на ноќта, во една винарска визба крај с. Србиново, госпоѓа Цилка потпомогната од две жени, кои што војводата ги повика од селото, среќно се ослободи од бременоста и доби бебе од женски пол – „здраво, полничко“, како што уверува Сандански.​
„Го зедовме детето в раце, – продолжува Сандански – другарите ј честитаа и јас ги почестив другарите. На третиот ден требаше пак да се патува. Цилка не можеше да јава, а требаше да си одиме, бидејќи во селото беше дојден аскер. Ја легнавме спружена во еден долг сандак, го натоваривме на коњот, а од другата страна на коњот натоваривме бали, и така, со потпирање отстрана поминавме 6–7 часа пат и стигнавме во с. Влаи, каде што се сместивме во една куќа. Детето по патот го носевме на раце, – тоа си плачеше, а мис Стоун јаваше на друг коњ.“ [Спомени на Јане Сандански]​
Преговорите за откуп се водеа во Цариград и Софија. Рољата на посредници ја играа рускиот дипломатски агент од Софија Бахметиев и неговата сопруга, којашто лично ја познаваше мис Стоун. Бахметиеви воспоставија врска измеѓу пратеникот на американската амбасада од Цариград Дикинсон со пратениците на четата Кр. Асенов и Хр. Чернопеев. Преки преговори за откупот и предавањето на жените заврза и самиот Сандански со д-р Хаус, истиот оној, кого што имаше намислено да го зароби пред мис Стоун. Бараше една сума од 25 000 лири. Но акцијата беше придружена со неверојатни тешкотии и ризици и многу се одолжи. Турците ја прогонуваа четата и како по обичај го измачуваа месното население. (Во врска со аферата мис Стоун беа затворени 43 Бугари од разни села во Разлошко и Неврокопско. Дваесетина души од нив беа подложени и на мачења.) Крај границата ја бараа органите на бугарската власт а ја прогонуваа и четите на врховистите, која борба во тоа време беше во полн ек. Пред Цилка да роди, четата беше нападната во село Тросково од врховистичкиот војвода Дончо со 78 души. Престрелката траеше цели 10 часа и се заврши со повлекувањето на четата заедно со жените кон с. Лешко. Сето тоа направи пленителите да го намалат откупот на 14 000 лири. Договорено беше предавањето на сумата да се случи на самото место. Парите, златни лири во сандачиња, беа однесени во Банско од д-р Хаус, обезбедуван од 250 души аскер. Требаше да се предупреди и подгонувањето на четата со парите, откако се ослободат жените. Д-р Хаус, кој не им се доверуваше на војниците и ги чуваше сандачињата во неговата соба, се согласи со барањето на четата – тајно да го изнесе златото во џебовите, во една доверлива протестантска куќа во Банско и на неговото место да постави олово. Сe се сврши: сумата се зеде и се изнесе од Банско, двете жени беа пуштени на слобода од Чернопеев во Струмичко, а војската заедно со д-р Хаус го го продолжи обезбедувањето на сандачињата со оловото... дури до Сер. Дури таму Американецот им откри сe на Турците.​
Долготрајноста на заробувањето и блескавиот крај се должат колку на вештината и упорноста на пленителите, толку и во на совршенството на месната организациона мрежа.​
Дел од сумата беше разпределена меѓу окрузите во внатрешноста, но поголемиот дел од „мис-стоунките“ беше потрошен, како што и Ѓорче Петров признава – за борба против врховистите. Заробувањето на мис Стоун има и добри и лоши резултати. Кон добрите треба да се додаде и тоа, што американската мисионерка се приврза кон идеалите, на кои што им служеа и нејзините заробувачи и после ослободувањето, држеше во Америка беседи во полза на македонското ослободително движење.“ *​
Откупот од 14 500 турски лири е добиен на 20 јануари 1902 г. во Банско, а жените се ослободени на 10 фебруари 1902 г. крај с. Градошорци, Струмичко.​
Акцијата предизвика бурни бранувања не само во Бугарија и Америка, туку и во многу други земји, придонесувајќи за популаризирање на делото на револуционерната организација. Самата мис Стоун, наспроти преживеаните стравови и тешкотии за време на заробеништвото, по нејзиното враќањето во САД држи беседи и пишува статии, во кои го осудува турскиот режим и ја поткрепува борбата на поробениот македонски народ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Oвa e eдна од најголемите победи на Јане Сандански против Бугарите/бугароманите.

Всушност, со овој потег (да ја плени Мис Стон) ги ставил во шах-мат позиција.

Штета што главницата од парите што ги добил отишла во борба против крлежите-врховисти, заради што подоцна сме биле недоволно вооружени за време на Илинденското востание.

Еве од New York Times oд 1901 година, вели -“Македонски револуционери’’:

http://query.nytimes.com/mem/archive-free/pdf?_r=1&res=940CE5DB1E39E733A25755C2A9669D946097D6CF&oref=slogin

.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Абе луѓе им срипавте на Бугарофилите како тие нешто да грешат, тие само го зборуваат она што е официјално.

Светот не не ферма 2%, за нив ние секогаш ќе бидеме некои Бугари кои поради политички причини ни е испран мозокот да бидеме Македонци.



Еве што се продава под MISS STONE
http://www.amazon.com/Miss-Stone-Affair-Americas-Hostage/dp/0743258053

In Macedonia, ethnic Bulgarians still ruled by Turks formed a guerrilla resistance, partly financed by brigandage. A rogue band of these revolutionaries seized Stone and another hostage, a local Protestant convert, who was five months pregnant.

Her captors were Macedonian Bulgarians, for whom her ransom would buy arms for their independence struggle with the nominal Bulgarian government in Sofia.

Ете колку кретенски е светот, па бре ние да бевме Бугари, и Комитите да беа Бугари, ке се бореа да се соединат со Бугарија, а Македонија ќе се ослободеше заедно со Бугарија. Ниту еден Татар не загинал за слобода на Македонија, секогаш тука само краделе. Русија ќе воспоставеше власт и над нас како во Бугарија, се ќе беше една држава.

Ете тоа е светот. КРЕТЕНСКИ
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
...тој само го зборува она што е официјално.

Светот не не ферма 2%, за нив ние секогаш ќе бидеме некои Бугари кои поради политички причини ни е испран мозокот да бидеме Македонци.
Mogu glupav zakluchok, pokraj toa shto e netochen. Tereza Karpenter, isto kako i Robert Kaplan i slichni na niv, e novinar, a ne e istorichar. Shodno nejzinoto ne e "oficijalno". I da e oficijalno, ne e tochno.

Aferata "Mis Ston" se sluchuva vo vreme koga VMRO osoznava deka mora da se samovooruzhi za da ja izvojuva avtonomijata na Makedonija, i shodno ja odbiva "ponudata" na Bugarija zaradi prethodnite takvi opiti so Bugarite koi se pokazhaa pogubni po makedonskite interesi.

Idejata da se grabnat bogati ili znachajni lugje, doagja vo vreme koga bugarskite agenti na chelo so general Conchev na IX Kongres na makedonskata emigracija vo Bugarija uspevaat da go prevzemat Vrhovniot Komitet. Tie togash zapocnuvaat otvorena vojna protiv VMRO vo Makedonija i protiv privrzanicite vo Bugarija (nasproti kongresnata rezolucija da se limitira rabotata na Komitetot samo vo Bugarija).

Aferata Mis Ston e povod vo Bugarija, vo opshtata kampanja protiv VMRO, taa dodatno da se degradira i diskreditira kako edna obichna mafija. No koga razbrale za kakvi pari se raboti - bugarskata kampanja stanuva povod da se osueti dobivanjeto na otkupot i opshtiot razvoj na VMRO. Komentarot na bugarskiot vesnikot "Mir" od 11 noemvri e mnogu reprezentativen, narekuvajkji go kidnapiranjeto na mis Ston "razbojnichko delo...grozno predavstvo...golemo zlo".

Isti stavovi izrazuva Conchev vo vesnikot "Reformi" otkako uvidele deka Sandanski gi stavil "u shishu". Bugarite duri pratile cheta od 78 dushi na chelo so eden vistinski razbojnik, Doncho, da mu ja odzemat Mis Ston. Porazot na chetata na Doncho, i pogubuvanjeto na 4ca nejzini vodachi, vo Bugarija e dozhievean kako shok i pochnuvaat dodatno da plukaat po VMRO zoshto sega znaat za namerite na VMRO da ne se potchini pod nikogo!

Otkako generalniot konzul na SAD vo Carigrad, Dickinson, se sretnuva so pretstavnicite na Sandanski vo noemvri 1901 godina -- se e jasno koj stoi pozadi deloto i zoshto, imeno VMRO. A potatarenite na Sandanski ne mozhat da mu prikachat nishto za da go diskreditiraat bidejkji e chist vo namerite.

Taka shto AngPu ne izbrzuvaj vo zakluchocite. Bugarskata propaganda e najpovrshna, taa igra na karta "pravenje buka". Malku chepni vo dlabochina i vednash krvari.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Misirkov, Nie site mnogu ubavo zneme sto e sto, megutoa onie koj ja kupuvaat knigata, slepo ke veruvaat na tekstot, da ne si mislite ke baraat dodatni informacii.

Znaci jas zboruvam kako na sekoj mozen nacin ni se nametnuva bugarska pripadnost.

Posle toa Nie trosime 10 pati poveke vreme da se dokazeme.

Se nadevam sega e pojasno.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
E ako de, kje dokazhuvame onolku kolku shto treba. Vsusnost treba da ti e zadovolstvo, namesto da ochajuvash, bidejkji vistinata e na nasha strana.

A koga kje se izvadat izvori kako ovoj podole, togash nema nazad:

" Врховистите претставуваат полна негациjа на Внатрешната организациjа - меѓу неа и нив има бездна. Пред се, наспроти целта на Организациjата, автономна Македoниjа и неjзината девиза 'Македониjа на Македонците', тие поставуваат некаква 'автономна Македониjа' со прикриена девиза 'Македониjа за Бугариjа'. Aвтономна Македониjа се сваќа од Организациjата како самостоjнаржава..."

(Официјална притурка, Револјуционен' лист', 2 јуниј, 1905, стр. 3).
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Misirkov, Nie site mnogu ubavo zneme sto e sto, megutoa onie koj ja kupuvaat knigata, slepo ke veruvaat na tekstot, da ne si mislite ke baraat dodatni informacii.

Znaci jas zboruvam kako na sekoj mozen nacin ni se nametnuva bugarska pripadnost.

Posle toa Nie trosime 10 pati poveke vreme da se dokazeme.

Se nadevam sega e pojasno.

Bо право си, никој не те оспорува; поентата на Mисирков е да ја прикаже вистината.

Bакви неосновани работи прават и грците и србите, а сега и албанците.

Oни си тераат со лаги, а ние ќе си ја пишуваме вистината.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Очигледно играта на светот не е добро разбрана.

Бугарите што велат, Ја подржуваме Македонија како Швајцарија на Балканот, тоа значи во нејзе живеат полно народи, од кои најголемиот се етнички Бугари (во денешно време испрани мозоци да бидат Македонци)

Така и светот гледа на работите, за жал.

Нивните аргумети се, бидејки во тоа време светот не дозволувал формирање на голема бугарија, македонските бугари се решиле за независност. (нешто слично со денешно Косово)

они си тераат со лаги
а ние ќе си ја пишуваме вистината
Што е вистината?
Светот е креиран по принцип на институции и титули, слепо верување во нивните ставови. Дали мислите дека сега некој од Англија ќе верува на Вас или на Оксфорд. Дали некој угледен проф. ќе си ја руши својата позиција, спротивствувајки се на пропагандата.

Документи за независна Македонија колку сакате, тие никој не ги оспорува. Се оспорува Македонскиот етнос, а со тоа сите наши права во светот (името, историја, црква ...)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Се оспорува Македонскиот етнос, а со тоа сите наши права во светот (името, историја, црква ...)
Освен грција(сходно кипар) и бугарија, кажи ја следната држава која го негира Македонскиот етнос?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Bо тоа е поентата, досега никој во Mакедонија не инвестирал во историјата и археологијата, и сите македонски документарни ги слават грците, хеленизмот, дури и праисторијата ја поврзуваат со нив.

3начи дека проблемот е во институциите. Aманет за младите, отстранете го фалсификатот.

прво треба да се цениш самиот себе , па потоа другите ќе те ценат. 3а 15 г со толку непријатели добро се држиме.

Cамо напред.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Нема да должам, Бирмингем-Англија пред неколку години влагам во Супермаркет и едно црнче ме прашува од кај си, Ја му викам од Македонија. Не помина ни секунд тој ми вика, ама Вие не сте Македонци. Несакам сега да редам тука случки низ светот, тука ја завршувам дебатата.

Продолжете за Мис Стон.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Претпоставувам дека си му рекол дека ти не си Македонец колку што и тој не е црн...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom