И како е?
моќно, а?

:back:
Моќно моќно

Во цел мој живот не сум видел поаматерски меч во 4-те најсилни лиги во светот без разлика дали е куп или првенствен меч...
Чиста среќа што денеска не загубивме со двоцифрена разлика после грешките кои ги направија нашите дефанзивци.
Е ако Давид Рочела треба да е заменикот на Лопо на кој ова лето му истекува договорот и сигурно не е будала да остане во бродот што тоне, ондак тешко нас

Се надевам дека ова беше само лош ден за него, бидејќи имам големи надежи за момчето

Направи толку многу грешки, губејќи ја топката во нашиот празен шеснаесетник на неколку пати, и чиста среќа како инвалидизираните противнички играчи неможеа да погодат. Само еднаш успеаа да ги погодат рамиите на голот при ваквите 10000000000% шанси но ману со парада прекрасно одбрани.
После Зе кастро...
Темолам напушти го тимот човече. И овој за малку ќе играше на СП за Португалија???

:nesvest:
Боже господе, па јас за него сум класа фудбалер бре...
Абе со закон треба да му забранат да игра!!! Уствари добар беше денес... можеби прв меч кај што не си дал автогол

Целиот состав вечерва беше смешки. Ласад се трудеше нешто, но напразно. Бас драјверот Десмаретс не се состави со топката, Пабло Алварез хаварија...
И кога ќе размислам дека како што не напушаат играчите овие еден ден ќе бидат предводниците, ондак не го гледам Депортиво погоре од трета лига...
А замените на Лотина...
Го вади лопо, го става Ајтами...
Демек по пола утакмица за да ги одмори за во недела

Го стави Валерон место Алварез, а пустиот Валерон немаше ни со кој да сврзе топка, пошто го немаше Адријан. Ех да беше Рики тука само ќе ги поминуваше ова цреповиве од одбранава на Алмерија и ќе тепавме со 1-8...
И третата измена беше врв.
Жука место Хуан Родригез хахахахаха
Како можелебе да купат трето класен играч од Партизан!!! 80% од времето е повреден, поспор е од желка...
Подобро никој нека не купуваат, него ли вакви фаци да го носат дресот!
Бтв и оние кои се солидни на крај на сезонава им истекуваат договорите

Веќе е извесно дека Родригез без пари како слободен играч од идна сезона ќе го носи дресот на Гетафе. Изгубивме играч кој беше екстра борбен иако не многу квалитетен. Сепак таков играч значеше многу за екипата, а без него кој ќе бидат замени??
Рубен Перез дефинитвно е најдобар во тој дел, но он ќе си иде во Атлетико после позајмицата од 2 годинби. Остануваме на Томас, кој истотака му завршува договорот сезонава и можно е да си иде како слободен во Сантандер. И нормално ќе остане само Жука...
Мада и на него му завршува договорот сезонава...
Тоа што највеќе боли е завршувањето на договорите на Адријан и Лопо, и малите шанси истите да бидат продолежни...

Замислете го овој и онака слаб тим на Депор без Лопо, Адријан и Хуан Родригез...
Сигурно ќе паднеме во сегунда, ако не се случи тоа и во оваа година.
Веќе е спремна замената за лопо...
Се работи за 28 годишен играч на Кордоба, кој никогаш нема играно над втора Шпанска лига...
Катастрофа...