Тоа што Љиља го спомна за коментарот на Тоше кон уредникот на геј магазинот е многу голем кикс од нејзина страна. Неубаво е да се изнесуваат такви работи, тоа е нејзина грешка конкретно во оваа емисија. Но, донекаде можам и да ја разберам зошто така изреагира, во сета таа хајка од гладни кучиња што ја бркаа вечерва. Ова и беше момент кога прецвика без да сака и изнесе нешто за Тоше, што сигурна сум дека инаку не би го кажала јавно.
И во врска со тие информации што ги имаш, подобро чувај ги и не ги кажувај, бидејќи од многу муабети, абери, рекла-казала се случуваат вакви емисии. Може има вистина, може нема, во тоа што го знаеш, ама време е да се престане со расипан телефон од типот "чув-ама не дочув-ќе си направам своја верзија". Не ме разбирај погрешно, не те напаѓам, ама неважно е што и да се каже сега.
И Френки, никој не вели дека Љиља е светица и не сноси морална одговорност за некои работи. Дека требала како менаџер да се постави многу поинаку за некои нешта во врска со неговата кариера е точно, дури и јас имам забелешки во тој однос.
Но, што е поентата доколку тоа сега се коментира или се каже јавно пред камери? Што ќе се постигне, кажи ми? Ќе можат работите да се поправат или да се врати времето назад? Не може. Ништо нема да се постигне, само што се обидуваат да најдат кривец во Љиља. Нема кривец**(види забелешка подолу), ниту Љиља, ниту Ѓорѓи, и да се бара таков во оваа трагедија е сулудо. Биднало така како што било во тој момент. Разбери, не ја оправдувам, ниту ја бранам. Жената ќе си носи грижа на совест цел живот, ќе си прекорува самата за многу нејзини избори и одлуки и нема потреба да биде и јавно прекорувана. Таа отсега си има своја планина да си носи на рамења, соочена со својата совест. Нема потреба и ние да и' додаваме екстра камења.
**постои разлика помеѓу кривец (некој што тенденциозно врши недело) и некој што треба да сноси одговорност, материјална или морална.