Судени за Македонија

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Лошо е Ванчев, немаме некој истакнат историчар кој континуирано следи. Барем не сум чул за некое дело од поновата историја.

Многу работи се кријат пред се поради сеуште актуалните актери, кои ден денес го живеат врвот. Ќе чекаме додека заминат од овој свет.

СРАМ ми е да си признам дека не сум запознаен со ова што го постираше за ВМРО-хххх.

Што имаш кај себе, постирај. Ако можеш и објаснувај кој што како, патем.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
"VMRO-PRAVDA se pretvori vo izrazito opoziciono, politichko, socijalno i nacionalno makedonsko demokratsko dvizenje.Vo uslovite i vremeto vo koe se pojavi so nejzina programa i cel, ovaaOrganizacija predstavuva orginalna istoriska pojava koja spdja vo zabelezitelnite nastani na makedonskoto nemirenje so nesrekjnata sudbina na delbi shto ja dozivee makedonskuot narod na balkanskite prostori.Pojavata i dejstvuvanjeto na VMRO-PRAVDA e dotolku povazno shto toa se sovpadja so najmrachniot i najsvirepiot stalinistichki period na titova Jugoslavija- nasilnata kolektivizacija na seloto (1949-1953) i "progonot" na "privrzanicite" na rezolucijata na Infonbiroto (1948-1956).Vsushnost i pripadnicite na Organizacijata , po procesot od 1950 godina, ja spodelija teshkata sudbina na osudenite "po kolektivite" i "po linija na IB", vo brojnite logori za opshtestveno prevospituvanje ili t.n. rabotni logori.Se smeta deka samo vo Idrizovo , vo toj period bile zatvoreni 2500 lica."
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
"VMRO-PRAVDA se pretvori vo izrazito opoziciono, politichko, socijalno i nacionalno makedonsko demokratsko dvizenje.Vo uslovite i vremeto vo koe se pojavi so nejzina programa i cel, ovaaOrganizacija predstavuva orginalna istoriska pojava koja spdja vo zabelezitelnite nastani na makedonskoto nemirenje so nesrekjnata sudbina na delbi shto ja dozivee makedonskuot narod na balkanskite prostori.Pojavata i dejstvuvanjeto na VMRO-PRAVDA e dotolku povazno shto toa se sovpadja so najmrachniot i najsvirepiot stalinistichki period na titova Jugoslavija- nasilnata kolektivizacija na seloto (1949-1953) i "progonot" na "privrzanicite" na rezolucijata na Infonbiroto (1948-1956).Vsushnost i pripadnicite na Organizacijata , po procesot od 1950 godina, ja spodelija teshkata sudbina na osudenite "po kolektivite" i "po linija na IB", vo brojnite logori za opshtestveno prevospituvanje ili t.n. rabotni logori.Se smeta deka samo vo Idrizovo , vo toj period bile zatvoreni 2500 lica."
Колективизацијата на македонското село, спроведувана според советскиот модел на аграрот и со опробаните сталинистички методи, била една од мерките на југословенската аграрна политика која предизвикала далекусежни негативни последици во целокупниот развој на Република Македонија по Втората светска војна. Македонскиот селанец, по остварувањето на неговите национални (државност) и социјални права (праведна аграрна реформа), во годините на судирот на КПЈ со Информбирото, се соочи со суровоста на новопечените «народни» претставници за кои исполнувањето на партиската директива беше услов за напредузањето во државно-партиската хиерархија.

Овие новопечени «народни» претстаници газеа врз честа и достоинството на селанецот и со примена на психолошка и физичка тортура го принудуваа да се откаже од својот вековен сон – парчето сопствена земја.


Засилената колективизација се спроведуваше во периодот 1949–1951, односно 1953 година, а нејзиниот биланс беше бегство на селанството и од селото и од земјоделството и негово населување во приградските и градски населби, на градилиштата на првата петтолетка. Селата остануваа празни, а градовите се поселанчуваа.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не сум бил свесен колку окупаторска земја била Југославија, под ропство а да не си свесен. Цели генерации станаа горди Југословени.

Ќе завршеше и Кочо Рацин на Голи Оток.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Како оснивач на првата регистрирана организација означена како ВМРО-СДРМА
(за Самостојна Демократска Република Македонија под покровителство на САД),
Глигор Крстески се осудува на затворска казна од три години - гласи пресудата на овој некогашен осуденик за политички идеи Глигор Кстески кој тогаш имал само 15 години и живеел во Прилеп. "Одлежав малку во куќата на Шајкар во Прилеп, потоа ме однесоа во самиците на УДБА, еден месец бев во Прилепскиот затвор, два во затворот кај црн мост во Битола, еден месец во озлогласениот затвот во Ниш, оттука во Белград, па во Славонски Брод, па во Глина во Хрватска. Ова опозиционо политичко и национално македонско движење во 1949 година се трансформира во ВМРО-ПРАВДА. Наредната година, Крстески, како идеен осмислувач на
По излегувањето, слободата му се претвора во вистински пекол, тој е цели 40 години следен, под третман на УДБА, тамам ќе нашол работа, како лектор или уредник, под притисок морал да дава отказ од работното место. Во 1991 година добива инвалидска пензија, како уредник во редакцијата Енциколопедија на Југославија.
"Јас веќе чувствувам потреба од нега. Инвалид станав како резултат на тие страдања и трауми. Некогаш бев здрава конструкција. Никаква сатисфакција немам, никаква помош од државата за тоа. Имаат само т.н. народни херои од НОБ, за само четири години борба. Симболична оштета, велите од три до пет илади марки - не, благодарам!

Јас барам прво да се изедначиме во правата со борците од НОБ, иако и таму како 12-годишно момче сум бил. Има луѓе кои лежеле по затвори поради различни политички идеи и до пет години.

Сите учесници во НОБ имаат признанија. Имаат споменици. Никој од политичките осуденици го нема тоа. Зошто имаме улица Бошко Буха ? Кој е тој Буха за нас? Фрлил бомба во некој бункер. Го прогласија за народен херој, а ние овде уште имаме улици со негово име.

Тие херои не ги прогласил народот, туку тоа се титули што по војната ги делеше Белград. Зошто да нема улица со петтемина студенти од Струмица, кои по војната беа стрелани од чисто идеолошки причини, бидејќи беа земени на око , а нивна организација не е до денеска откриена!?"- се нелогичностите, со кои Крстески вели, живее сиве овие години.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
"Vo godinite na pritisokot na zemjite na Informacionoto biro (IB) protiv Jugoslavija (1948-1956), politichkiot i opshtestveniot zivot e pod celosna kontrola na partijata.Pritoa permanentno se represira kakva bilo pojava na ponaglaseno nacionalno iskazuvanje.So silna represija, so neosnovani kazni, brutalnost vrz obvinetite vo istraznata postapka i vo zatvorite, so sozdavanje na cel eden sistem na doushnici, seto toa se koristelo vo ramkite na politikata na prenasochuvanje na nacionalnata identifikacija na Makedonija kon Jugoslavija preku komunistichkata identifikacija. No, i pokraj vakvata presija, vo Ministerstvoto za vnatyreshni raboti na RM (od 1993god.) sto deka vo periodot 1945 do 1985 godina vo republikata bile otkrieni 105 "ilegalni teroristichko-separatistichki grupi i organizacii, so preku 1200 pripadnici chie dejstvuvanje bilo nasocheno kon "otcrepuvanje na R.Makedonija od zaednicata na jugoslovenskite narodi i sozdavanje na samostojna obedineta Makedonija".Od niv bile lisheni od sloboda 1045 pripadnici na iligalnite grupi i organizacii, od koi 242 bile osudeni na smrt ili vremenski kazni do 15 godini.

Niz sudskite dosiea mozat da se najdat iminja na onie shto bile upateni na "opshtestveno prevospituvanje", no ne se znae tochno za mnogu, mnogu pogolemiot broj ludje shto pominale niz racete na istraznite organi, zad koi ne ostanala nikakva pishana traga ili tragite se unishteni."
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ванчев, имаш ли повеќе информации за:
„Демократски фронт на Македонија“, „Илинден-903“, „Македонско национално движење-бунт“, „ВМРО-Гоцева“?

Не сум бил свесен колку окупаторска земја била Југославија, под ропство а да не си свесен. Цели генерации станаа горди Југословени.

Ќе завршеше и Кочо Рацин на Голи Оток.
Од територијата на Република Македонија, во државите на Запад службата евидентирала околу 1.500 лица што имаат статус на политички емигранти.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499


Вдахновен за македонската кауза, тивок публицист и неверојатно луциден критичар, чиишто критички полемики се само континуитет на неговото верују и борба за демократија во сите сегменти на општествениот живот - од политиката до културата, Глигор Крстески на историската наука, на книжевната историја и на младите поколенија им подарува едно историографско дело кое претставува неизбришливо сведоштво за континуитетот на нашиот непокор.

Неговиот труд "Моето полициско досие" ни предочува еден неодминлив сегмент од не така далечното минато, видено и одживеано од човек, директен учесник во историските премрежија одиграни по завршувањето на Втората светска војна нанашиве простори. На вкупно 272 страници се поместени: вовед и четири тематски целини, а се претставува и повеќе фотографии, како и автентични документи од истражните и судските процеси во кои авторот на книгава е обвинуван, суден и оспервиран.

Во првиот раздел од книгата авторот го дава на увид своето досие (однсоно она што останало од него) водено од полицијата во пеиродот од 1947 до 1981 година до кога датира последната службена белешка...

Во вториот раздел сме соочени, низ текст и факсимили, со правосудни акти од судски процеси во 1947 и 1950 година на младинци-активисти на движењето за независна и демократска Македонија во Прилеп и Скопје.

Во третиот раздел се внесени еден дел од полемичките записи и интервјуа на авторот по 1990 година. Во нив, со педантна прецизност, својствена на стилот на пишување на Крстески, аргументирано, се побиваат одделни обиди да се поцрни, од една страна и од друга - да се минимизира улогата на споменатото движење и на неговите основачи. Во претставените интервјуа можат да се извлечат аналитичко-синтетички оценки за местото на ВМРО-СДРМА и ВМРО-Правда во современата македонска историја.

Во последниот раздел од книгата, Глигор Крстески ни претставува неколку свои книжевно-критички статии (потесен избор од неговата книжевно-критичка актива) напишани кон крајот на 50-тите и во 60-тите години на минатиот век. Тука, своите погледи тој ги насочува кон тогашните дела на македонските книжевни критичари Димитар Митрев и Милан Ѓурчинов, како и кон театарската критика во тој период во Македонија. Полемиката со некои од авторитетите во служба на "социјалистичката" култура ќе доведат до тоа да му го одземат правото за збор на тематската расправа на Струшките вечери на поезијата во 1965 година.

А колку е важен и тежок зборот според Крстески, покажуваат неговите текстови и особено нагледно неговото критичко навраќање кон поезијата на Блаже Конески. Отфрлајќи ги однапред наметнуваните програми и барања, како критериуми за добра и современа литература, Крстески ќе каже: дека изворот на висококвалитетно уметничко создавање лежи "во длабочината и широчината на зафатот во човековата сушност, оној духовен и душевен натиск немирот, емоцијата и мислата, забележувањето или откровението да станат мелодија и ритам, метафора и боја, песна... Човекот каков што е и каков што може да биде во нашиов простор и време, со својата сопствена судбина, под товарот на неговите горки испити и тешки сознаија во и за животот што го живееме..." (с. 241).

Со достојна почит Крстески го апострофира и Кочо Рацин, но не како "мртов симбол" туку како човек кој пионерски загазил по с? уште непробиените патеки на македонската поезија и кој и кој ни оставил во наследство неколку неповторливи песни, како поет сраснат со тагата и судбината на својот народ (текст прочитан на Рациновите средби 1974 г.).

Трудот завршува со написот "О писменех" со кој се одбележува триесет и едната година од првиот македонски правопис. Завршната мисла во овој напис би можеле да ја ставиме и како завршок на целиот труд, зошто авторот вели: "... Секоја искажана или напишана мисла... на чист македонски литературен јазик, значи истрелан проектил против оние што го негираат тој јазик и нацијата што го негува..." (с. 271).

Книгата "Моето полициско досие" од Глигор Крстески нуди многустран спектар од современата македонска историја - и политичка и културна. Од историски аспект, преку изворните материјали и полемичките записи, таа презентира покази за сложените и противречни политички опции околу рзрешувањето на македонското национално прашање во првите години по Втората светска војна; за политичките побуди и погледи на официјалната државно-партиска власт и функционирањето на нејзините судско-извршни органи; за постоењето на организирано движење и борба за целосно решавање на македонското национално прашање преку обединување на распарчена Македонија. "Отпори и прогони" (изд. "Матица македонска", Скопје, 1994). Но она што и е помалку познато на современата, помлада генерација историчари на литературата се текстовите од областа на книжевната критика напишани со јасна мисла и со изграден стил и јазик кои несомнено претставуваат значаен сегмент од оваа сферае на културата. Во нив се отсликува и континуитетот на борбата за демократија, против догматизмот и наметнувањето диктати во слободата на творештвото, кое е ораз на длабоката верба во победата на демократијата како единствена опција за опстојување на македонската држава, кое авторот си го поставил како цел уште во своите младешки години, во далечната 1946 година.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
"So ischeznuvanjeto na Josip Broz Tito (1980), glavniot protagonist na jugoslovenskiot "pat" vo socijalizam,vo pochetokot na devedesetite godini,dojde do raspadjanje na SFRJ prosledeno so krvavi medjuetnichki raschistuvanja.Taka , prestana da postoi drzavata so mozebi najkontraverzniot politichki sistem sozdaden vo antifashistichkiot svet po Vtorata svetska vojna-Socijalistichka Federativna Republika Jugoslavija.Ovaa drzava propadna vo sopstveniot jaz od esencijalnata i dolgogodishna neusoglasenost poedju ideoloshko-politichkiot proekt na opshtestveniot razvoj i opshtestvenata praktika, pomedju proklamiranite politichki celi i opshtestvenata stvarnos.

Zad deklarativno najhunanata frazeologija vo javnite programsko-politichki dokumenti i drzavni akti se krieshe avtoritarna drzava na edna partija i kultot na edna lichnost Josip Broz Tito.
Sozdadena vrz temelite na dlaboki ekonomski razliki na podrachjata shto ja oformija nejzinata teritorijalna ramka, vrz temelite na razlichni istoriski tradicii na hnarodite koi vo nea se vkluchija, vrz razlichnite nacionalni interesi staveni pod zakrilata na "jugoslovenstvoto", Jugoslavija so decenii ziveeshe so site protivrechnosti zadushuvani od unitarizmot ili od komunizmot.Koga deneska ja analizirame taa drzava, mozeme samo da go konstatirame istoriskiot fakt deka taa bila Federacija koja nemala shansi da opstoi bidejki sekoj kostituitiven narod vo nea se stremel kon posebno nacionalno drzavno konstityiranje kako i sekoja moderna nacija."
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
"Zatoa, del od od posmelite Makedonci, vo najteshkite migovi na zadushuvanje na site nacionalni proiznesi vo titova jugoslavija, ne se otkazale od idejata i od borbata za obedinuvanje na makedonskiot narod vo negovite etno-geografski granici.Site tie lichnosti bile akteri naedno burno i polno neizvesnosti vreme koe ostavilo neizbrishlivi i bolni tragi vo nivnite zivoti.nivnite nadezi, zelbi, ideali, nivnata zed za povisoki dostreli na slobodata i za celosnoto i konechno reshenie na makedonskoto prashanje, bile ispokrsheni niz titovata mashina "vo ime na narodot", no nikogash ,nikogash ne bile dokraj unishteni.Tie go predstavuvaat onaa zarche na makedonshtinata koja ostanala nezgasliva i koja predstavuva del od istoriskiot identitet i od dostoinstvoto na makedonskiot narod."

d-r Violeta Achkoska
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ванчев, имаш ли повеќе информации за:
„Демократски фронт на Македонија“, „Илинден-903“, „Македонско национално движење-бунт“, „ВМРО-Гоцева“?
Од територијата на Република Македонија, во државите на Запад службата евидентирала околу 1.500 лица што имаат статус на политички емигранти.
"Vo pochetokot na1945 godina, vo novosozdadenata slozena sostojba zap[ochnuva da funkcionira edna nova ,tajna makedonska organizacija koja shto se stremi da gi voskresne kadrite na VMRO vo novonastanatite uslovi. Na chelo na novata VMRO-vska organizacija stojat oetmina smeli Makedomci od razlichni kraishta na Makedonija: D-r Ilija Chulev lekar od Kavadarci, D-r Dimitar Zlatarev (doktoriral pravni nauki na univerzitetot vo Rim) od Ohrid,Kosta Hrisimov-Smilec uchitel, rodum od Starchishta, Drama (Egejska Makedonija), Stefan Kuzmanov, ekonomist od Bitola i Kosta Dinev, ekonomist od Sarachinovo, Voden (Eghejska Makedonija).
Organizacijata nosela ime "DEMOKRATSKI FRONT NA MAKEDONIJA ILINDEN -1903". Sostanoci se drzele vo Skopje i vo Bitola a bil predviden kongres vo mesec noemvri 1945 godina, vo Skopje.Dejnosta na organizacijata se sostoela vo toa da gi obedini pod parolata "Nezavisna Makedonija" site vistinski makedonski patriotski sili.Krajna cel bila izdvojuvanje na Republika Makedonija od sostavot na Federativna Jugoslavija i nejzino celosno osamostojuvanje pod pokrovitelstvo na OON. Za taa cel napishan e Memorandum i e predaden vo Ambasadata na Velika Britanija so molba da bide preupaten do OON."
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
"Organizacijata bila aktivna od februari do oktomvri 1945 godina, srbokomunistichkite vlast ja razotkrivaat organizacijata i gi zatvaraat rakovodnite lica.Provalata se sluchila poradi nepredpazlivost na eden od rakovoditelite chij shto sin bil komunist i prenel izvesni informacii vo srbokomunistichkata UDBA. Zatvoreni se: Konstantin Hrisimov-Smilec,Stefan Kuzmanov, D-r Dimitar Zlatarev, D-r Ilija Chulev, konstantin Dinev, Petar Tashulov, Kiril Pecakov, Luka Sekulov, Stefan Lazarov, Atanas Anev i Metodija Svetiev. Zlobniot komunistichko - stalinistichki sud kon niv se odnesuva iskluchitelno surovo: Konsatin Hrisimov e osuden na 20 godini strogzatvor, Stefan Kuzmanov na 15 godini, D-r Dimitar Zlatarev na 14 godini, D-r Ilija Chulev na 10 godini, Konstantin Dinev na 6 godini ,Petar Petrov na 4 godini i tn.
Treba da se odbelezi tragichnata sudbina na D-r Chulev i Hrisimov. D-r Ilija Chulev beshe priblizen kon levite sili na Makedonija ushte vo Kralstvoto Jugoslavija. Toj duri beshe izbran za naroden pratenik vo 1938godina. No za vreme na razotkrivanjeto i sudenjeto srbokomunistite sfatija oti toj e glavniot organizator na Demokratskiot front pa zatoa i go podlozija na najsurovi izmachuvanja.Denonokjno go tepaa i go stavaa vo bezvozdushen karcel. Tie machenja traea tri godini. Vo 1948 godina podlegna na straotnite tormozenja. Od bezvozdushniot karcel go izvlekuvaat mrtov.
Ostanuva somnevanjeto i za amputacijata na edna noga na prvoobvinetiot Konstantin Hrisimov-Smilec vo zatvorot."
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
"Spored obvinitelniot akt programata na organizacijata se sostoela vo slednite tochki:

A) na teritorijata na makedonija da se organiziraat mesni cheti po obrazec na starata VMRO koi preku svoi mesni cheti kako zadacha bi go imale slednoto:
1.Sobiranje na parichni i materijalni sredstva;
2.Obezoruzuvanje na milicijata i sobiranje na oruzjeto;
3.Osloboduvanje na zatvorenici VMRO-vci i nivni istomislenici;
4.Vospostavuvanje na vrski so zapadnite kapitalistichki zemji (so "medjunarodnata reakcija") so chija diplomatska pomosh ke se realiziraat ideite na "Demokratskiot front na Makedonija"

Spored obvinitelniot akt za gorenavedenite celi petminata prvoobvineti go priznale slednoto:
1.Sozdale sekcija na nivnata organizacija vo Bitola.
2.Sostavile memorandum koj bil upaten do nekoi stranski drzavi vo koi shto go iznele vnatre-politichkoto polozenie vo Makedonija kako nepodnosimo so zahtev Makedonija da se otcepi od FNR Jugoslavija i da se stavi pod protektorat na OON.
3.Opredelile da se svika kongres na delegati, nivni istomislenici na koi bi se legalizirala programata na revolucionernata organizacija.
4.Izrabotile pechat na svojata organizacija na koj pishuvalo:"NEZAVISNA MAKEDONIJA-DEMOKRATSKI FRONT-ILINDEN 1903"."
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ефтим ГаШев: НАШАТА КАУЗА

Демистификација на белите дамки

Намерата да ја изнесам на виделина сопствената вистина, вистина на еден од многуте обични актери во една историско-политичка драма, дури и од временска дистанца од половина век, колку и да се чини благородна, свесен сум, во исто време е и мошне опасна, зашто секој искажан збор и суд, покрај историчноста, судејќи за собитијата од тоа време, може да погоди некои од другите живи актери, оние кои беа на спротивната страна.
Колку и да се труди човек да говори објективни вистини, не може да избега од субјективните судови. Познат ми е тој ризик и таа предност, истовремено. Затоа, со нужна критичност и со нескромна самокритика, настојувам да не предизвикам чувство на омраза, одмазда и на реваншизам, а изнесените факти нека бидат едно сознание повеќе за демистификација на едно време исполнето со табу-теми, бели дамки, за коешто јавноста пројавува интерес.
Ниту суровите глад и студ, ниту физичкиот и психичкиот притисок и тормозење не се во состојба толку да го скршат човекот и неговата благородност, колку што узурпираната лична слобода го разорува човечкиот интегритет и идентитет. Опкружувањето со смртта и со оние чија основна преокупација е уништување на слободољубивоста и на родољубивоста, во човека го буди исконскиот инстинкт за одржување и за самоодбрана, што најчесто прераснува во желба за одмазда. Оваа констатација, за жал или за среќа, ја потврдува тезата дека луѓето не се раѓаат како злосторници, туку таквите се продукт на определени општествени, политички и на социјални околности. Настојувајќи своите субјективни доживувања и политички опсервации да ги опфатам во еден широкоаголен објектив, максимално ги потиснувам емоциите, за што поубедливо да ги обелоденам догматско-анахроните искривувања на човековите духовни, политички и економски вредности, што демократијата ја сведоа на најобична демагогија и на декадентна утопија.
Настојувам да се дистанцирам и од личната исклучителност, а својата личност да не ја исфрлам на преден план, како главен јунак на овој животен роман. Но, тоа нема да ме спречи нештата и настаните да ги именувам со вистинските имиња, без сентименталност, колку и да звучи болно, жестоко и засегливо. Настојувам критички да се изјаснам за побудите и за целите на поробувачите на човечката психа и мисла, за нетолерантноста кон спротивното мислење, за монструозните судски процеси, за масовната репресија, за историските фалсификати, за жестоката пресметка со родољупците. Заради консеквентност, морам јасно да се определам за нашето спротивставување не само кон владејачката олигархија, туку и за идејната борба, која ние, анатемисаните Македонци, ја водевме против големобугарските и големосрпските врховистички сили. Како автор, не претендирам на монографско-историска елаборација, туку автентичното искажување го засновам врз национално-политичка определба за државно-правно конституирање на Македонија како самостојна, обединета, суверена и демократска држава на македонскиот народ.
Колку ќе ја оправдам сопствената доверба кон една вистина и дали почнатата табу-тема ќе ја демистифицирам, во голема мера ќе зависи и од другите актери на оваа драма, независно од тоа кој на која страна од барикадите се наоѓал.
Во овој контекст, еве и неколку неминовни прашања: До кога црните шамии ќе бидат знак за препознавање на македонските мајки? До кога татковците со избраздените чела, од непребол, немо и со раскрвавени срца ќе ги погребуваат отепаните синови? До кога сестрите ќе ја завиваат својата младост во црно? До кога браќата ќе сонуваат за одмазда? До кога Македонецот ќе гние во зандани? До кога македонскиот синдром на самоуништување ќе биде нашиот симбол на нетрпеливост и на нетолеранција? До кога!…До кога!

(Продолжува)

ЕФТИМ ГАШЕВ: НАШАТА КАУЗА

Бунтовниците од „Бунт“

На Петтата конференција на КПЈ, одржана од 19 до 23 октомври 1940 година во Загреб, македонската делегација предводена од секретарот на ПК, Методија Шаторов-Шарло, беше прогласена како националистичка, поради тоа што делегацијата се спротивстави на кралскиот југословенски закон за колонизација на Македонија, за кој проект програмски се залагаше и КПЈ. За попластично да се илустрира атмосферата во кралска Југославија, во сегментот на дејствувањето на КПЈ и релацијата со Коминтерна по македонското прашање, ќе го наведеме цитатот од Историјата на Сојузот на комунистите на Југославија - (1985 година) : „Националната програма на КПЈ усвоена на Третата земска конференција (Белград, 1-4 јануари 1924 год.) потврдена на Петтиот конгрес на Коминтерната, одржан од 17 јуни до 8 јули 1924 год., но со една суштинска промена-правото на самоопределување на секој народ мора да дојде до израз во паролата „отцепување на поробените народи и создавање на одделни држави“... „Заклучено е, општата парола на КПЈ во врска со правото на самоопределување да мора да се изрази во форма на одделување на Хрватска, Словенија и на Македонија од Југославија и создавање на независни републики“ (стр. 98, 99). Во таква кошмарна политичка клима, македонскиот народ иако окупиран, не беше индолентен кон својата национална и политичка иднина. Но, и покрај националниот ентузијазам, не суштествуваше адекватна, сеопфатна програма на еден општонароден фронт за организирано спротивставување на окупаторот. И покрај сета трагедија, метафорично речено, на крајот од тунелот се наѕираше искрата на надежта, олицетворена во идејата на традиционалната ВМРО. Во индивидуални и групни размислувања се роди идејата за создавање на еден национално-политички пропаганден актив за ширење на идејата за македонската државност, а со самото тоа, борба против големосрпската и големобугарската асимилација. Така, една група скопски ентузијасти, национално македонски дефинирани, се определуваат за создавање на Македонското национално движење - „Бунт“. Тоа се случи на 30 мај 1938 година во Скопје, на иницијатива на Трајко Попов од село Раштак, скопско, и студентот Борислав Градишки од Скопје. „Бунт“ не беше класична политичка организација, туку нелегален национално-пропаганден актив, без формална хиерархиска поставеност. Програмата и целите се подразбираа и од самиот назив на движењето, во чии постулати беа вградени целите на централистичката ТМОРО, приспособени на политичко-економските услови на времето. Национално дефинирани како Македонци, активистите на „Бунт“ се спротивставуваа и на големобугарската кауза на ренегатот Ванчо Михајлов за самостојна Македонија, „држава на македонските Бугари“. Окупираните, Егејскиот, Пиринскиот и Малопреспанскиот дел од Македонија, „Бунт“ ги сметаше како составни делови на единствена Македонија. За илустрација на овие настани ќе се послужиме со искажувањата на Борислав Градишки, еден од основоположниците и идеолозите на „Бунт“. Тој се сеќава на имињата на некои од активистите од тоа време: Димче Недев, Никола и Борис Блажеви, Димче Жабев, Славе Начов, Славе Георгиев, Ѓорѓи Зафировски, Стојан Вуканов, Борис Пешев, Караџа Ристевски, Дончо Рибарски, Киро Стојанов, Тодор и Панче Андрееви, Киро Трајковски-Бавчански, Благоја и Коста Костови, Киро Мошо, Благоја Дилберов, Никола Попов, Трајко Попов, Ефтим Чешмеџиев, , браќата Крсто, Томе, Благоја и Круме Мирчевски, Киро Јорданов и други. Активот се ширеше низ Македонија, па еве и некои имиња од Штип: Ангел Анџакара, браќата Панови, Трајко Патраклиев, Небојша Митревски, Сотир Грне и други. Од Куманово: Благе Каранфилски, Темелко Тошевски, Бранко Димовски...
Борислав Градишки ќе напомене дека заедно со Трајко Попов имале контакти и разговори со познати скопски комунисти Цветан Димов, Орце Николов-Морнарот, Коце Стојановски-Металец, Боро Чушкар, Киро Црногорски, Панче Кондев и др. Се дејствуваше агитациски, ширејќи ја националната идеја, ползувајќи при тоа најразлични форми и методи; какви што беа селските слави, собори и панаѓури, семејните верски празници, каде пред доверливите пријатели се читаше и илегална револуционерна и патриотска поезија на македонски јазик (Б. Градишки, К. Трајковски-Бавчански, С. Таневски) . Истомислениците повремено се собираа на илегални средби каде што долго се дискутирало и оформувало неформалната програма. Се пишуваа куси летоци и растураа по маалските дворови, а позната е и политичката манифестација, кога пред скопскиот француски конзулат, при доаѓање на висок француски функционер, група од десетина активисти на „Бунт“ извикуваа: „Македонија! Македонија! Либерте! Либерте!“Лидерот на „Бунт“, Трајко Попов беше познат, почитуван и нограничено ценет по својата храброст, патриотизам и борбеност во целата скопска околија, како во скопските маала-Чаир, Крњево, Топаана. Истовремено, во тогашната јавност тој беше познат и како раководител, играорец и кореограф на најпознатата македонска играорна група „Раштак“, која со турнеите низ повеќе европски земји ги презентираше македонските песни и ора, како и богатството на фолклорот и носијата. Трајко Попов и Борислав Градишки беа мошне активни за време на предизборната кампања во 1938 година, експонирајќи се на страната на опозицијата, па во една акција се затворени во Ханриево (Ѓ. Петров) од скопската жандармерија и добро претепани.
(продолжува)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom