Aко ja знаеш приказната, што не ja кажеш???
"..Батак важи за мит-темелник на бугарската нација. Во тоа време османлиските трупи масакрирале цело село. Со ослободувањето од страна на руските трупи се создала младата бугарска нација. Уметничката слика од Антони Пиотровски „Масакрот од Батак“ стана национална икона, исто како и црно-белите фотографии од наводните жртви и сторители од Батак. Балева дојде до откритие дека официјалниот број на жртвите бил претеран, а „историските“ фотографии биле дополнително инсценирани.
Овие откритија предизвикаа бура од негодувања на националистите. Кон Балева беа упатени пцости и закани. Во општата разгневеност предничеа весниците „24 Часа“ и „Труд“, кои припаѓаат на германската група ВАЦ. Балева мораше набрзина да ја напушти својата земја и до ден денешен е конфронтирана со смртни закани, и тоа не само од страна на бугарско-националистичката партија Атака и нејзиниот ТВ – канал Скат. ...."
Наводниот колеж во Батак се случил за време на априлското востание во 1876 година. Бугарите тврдат дека османлиите го опколиле селото и по петдневна борба убиле 5000 души, а селото го изгореле до темел.
Но она што не го кажуваат е дека целата бука што се кренала во светот е иницирана од Русиjа. Имено, таа случка станала пропагандна каписла како повод за Русиjа да и обjави воjна нa Турциjа. Во тоа е суштината на митот за Батак: надувувањето на злосторствата до краjни граници се направени од политички причини за да може Русиjа да се пресмета со Турциjа.
Како и каj секоj мит, и во случаjов морало да има патетика, емоции итн. Ете затоа и постои информативен мрак. Не дека немало злосторства, но тие се толку преувеличени, што секое реално проучување носи опасност да се покаже што впрочем се случило.
Но во држава како Бугариjа коjа што е градена врз митови, и каде што не се баш прифатени концептите на толеранциjа и слобода на говорот, дали воопшто можело да има подуга реакциjа за одржувањето на еден академски семинар на оваа тема?
Точно, имало и петициjа од бугарски професори против насилното растурање на семинарот, но кои во голем дел морале да обjаснуваат на петициjата дека не се слагаат со кажаното туку само jа потркепуваат слободата на говорот.
Сепак би рекол, не се работи само за информациски мрак, за недостаток на информации, туку за менталитет. Покраj тоа што е краjно нетолерантен -- во случаjов им се руши митот за идентитетот, за хероjската борба на Бугари и трагична погибиjа -- па истиот реагира насилнички.