Да, помешано е.
Прашањето дадено во првиот пост од темава е дали знаеме други крвави ритуали на Маите, освен веќе опишаниот/ите. Опишаните ритуали се чисто Ацтечки. Мајанските ритуали го ставаат акцентот, пред се, на себежртвувањето. Личната жртва ја даваат само членовите на повисоките слоеви на општеството, најчесто преку доброволно испуштање на сопствена крв. Принесување на жртви во форма на човечки животи, не им се страни ни на Маите, но тоа е далеку од размерот и квалитетот присутен кај Ацтеките (прикажано во Апокалипто и опишано во прашањето горе и погрешно припишано на Маите).
Територијата на која живееле Ацтеките (централно Мексико) бледо се поклопува со територијата на која живееле Маите (Јукатан). Ацтеките голем дел од својата култура ја должат пред се на Толтеците, па потоа на други цивилизации, од тој регион. Мајанската цивилизација веќе била изгасната (причините за тоа се сеуште на ниво на недокажани теории), кога Ацтеките почнале со својот процут. Ацтеките се среќаваат со Маите кога веќе тие се наоѓаат деградирани на ниво на племиња во џунгла (како во филмот).
Квецалкоатл и брат му близнак Тезатлипока се Ацтечки божества, кои се приказ на дуалистичките верувања на овој народ.
Маите имале цел куп богови, кои сепак се надвишени од еден створител (Ахоу).