Клик со Адам Сендлер е многу добар филм. Го иам дома на ДВД и го иам глеано 2-3 пати.
Филмот е поучен и не учи дека животот е убав и треба да се живее. Ниеден момент, па макар бил и лош или тажен, не треба да се прескокне. Исто така и малите убави моменти се тие што го прават животот убав па и нив не би требало да ги прескокнеме.
Не мислам така,а знам и зашто не мислам така.Не се секирај знам горе доле што ќе прескокнам.4 години без живот...јеп!
Вака сеа...ако така гледам тогаш и јас би ги прескокнал 4те години во средно кога бев изгубен во вселената и се осеќав "лошо во мојата кожа", не дека немало и тогаш убави моменти, како и да е со време се си доаѓа на свое место.
А за на факултет колку и да има учење или нервози, моментите поминати со колегите во заебанции и дружење на факултет се незаборавни и остануваат за цел живот. А веќе кога спомнав колеги, еден од колегите кои ми беа поблиски на факултет минатата недела почина и одеднаш сваќаш дека веќе го нема и ти е криво што уште не е тука. Некој ден пред да почине јас, он и уште двајца колеги се зезавме во библиотека, на компјутер ги гледавме моменталните цени на акциите. Три-четири дена после ова му бевме на погреб. Многу жално.
И баш ќе ми остане во глава бидејќи тој сакаше да купи акции, а за жал никогаш не стигна да го направи тоа. Меѓутоа тоа не може да се смени.
Затоа треба секогаш да ги памтиме добрите моменти, а лошите да ги оставиме зад нас, и да се радуваме на секој момент додека живееме. :helou: