F
fantomX
Гостин
Нашите реакции се оправдани.... Зошто има 2 аршина за казнување во Ф1? Ако беше правилно, ке го казнеа и Маса за инцидентот во Валенсија с +25 секунди на времето, а не со парична казна. Нели, ситуацијата беше иста горе долу гледано, и тој веднаш ке го поминеше Сутил, а и Хамилтон беше многу побрз од Раиконен. Ја скрати шиканата не по негова вина (како и да е), човекот си застана и го пропушти Кими, кој му е крив на Кими што имаше бавен болид и можеше веднаш да го престигне? Или да, доколку Ферари е во прашање, мора да се почека 2 круга по кратење за да може да се нападне
И ако си реален, ке видиш дека казните што се изрекуваат за Мекларен се далеку поголеми во споредба со оние на Ферари. Само во ланската сезона што се деси... 100 милиони долари казна и одземање на сите бодови во конструктори дека Мекларен крадел информации... А не крадел, Мекларен ги добивал информациите од шефот на Ферари, едно е да крадеш (да влезиш во некоја канцеларија незабележано, да земеш што можеш и избегаш), а друго е да ти доаѓа се сервирано на тацна. Значи колку што е крив Мекларен толку е и Ферари, зошто не си обезбедуваат лојални луѓе? И нормално, казната се знае кај кој ке оди.
Ситуацијата на Хамилтон / Раиконен и Маса/Сутил, нема ама баш никаква сличност. Не можиме да зборуваме за двојни аршини. Ама има нешто друго шо јас не знам:
Дали има такво правило за случаи како тој во бокс меѓу Сутил и Маса? Јас немам слушнато или видено. За пресекување на шикана и претекнување на возач знам таква регулатива, а за вакви случаи како овај не знам точно. Можи да требало да се казни со поминување низ бокс, ама јас не знам за такво нешто. Зато се воздржувам, или пак ако знајте точно дека е така, замолувам да дајте да видам дека е стварно така.:smir:
Мекларен е крив шо ги примил тие податоци. То го призна и Рон Денис колку шо знам. Не било едноставно да се речи: Не, благодарам. Или се видело шанса да се искористи нешто во борбата со најголемио ривал? Јас не верувам дека тие податоци биле само така чувани во фиоките на Денис и фаќале прашина, туку тие податоци биле користени.
Паричната казна,се знај, да се полни касата (и џебо) на Макс Мозли и Берни Екелстоун. Казната со бришење на сите бодови можда беше и престрога, но во секој случај Мекларен заслужи некаква слична казна.