Лектири

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
1. Клетници - фантазија, нешто што секој треба да прочита!
2. Демијан - по мој вкус, напишана на филозофски начин!
3. Странецот, книга со која албер ками добил нобелова награда за литература! Фасцинантно
4. Злосторство и казна, руска литератира со прекрасни црти за описот на еден престап!
5. Шагринска Кожа
6. Чичко Горио


Од основно:
1. Повикот на дивината, баш онака како што треба да изгледа една книга, со добра сторија и совршен, посебен и уникатен крај!
2. Улавите години!
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Последната ми е волшебното самарче до пола. :kesa:
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Уфффф.:helou: од сите лектири што сум ги читал најголем впечаток ми остави лектирата "времеплов" од основно.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Последна што сум ја читал е ''Хамлет" и ми се допадна!!:salut::salut:
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Омилени лектири од средно: Епот за Гилгамеш, Цар Едип, Божествена комедија, Декамерон, Клетници, Демијан, Лет во место.
Книги што ги прочитав од што морав: Малечката Фадета, Чекајќи го Годо, Процес, Странецот...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Gi citav site lektiri i dela za obrabotka sto ni gi zadavaa od skolo, edinstveno ne e a procitav Pirej, mi bese mnogu dosadna. Ne prepisuvav lektiri, nikad ni u osnovno ni u sredno ne ne terale da go citame toa sto sme go napisale pa ako me mrzese da raskazuvam pisev nekoi izvadoci. Inaku imase dosta lektiri so mi se dopadale, i koi uzivav da gi citam. Eve od osnovno najmnogu mi se dopadnaa:Marta, Bojan, Isti oci, Spomenka, Pajazinata na Klimentina, Ulavite godini, Golemi i mali. A od sredno megju poomilenite mi bea: Zlostorstvo i Kazna, Krpen zivot, Dekameron,Cicko Gorio.
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Лектирите од прво до петто одделение ги купував во комплети и сеуште ги чувам но не се сеќавам колку коштаа, а од шесто одделение па натаму ги позајмував од библиотека а тие што ми се допаќаа ги купував.
Во основно немавме некоја посебна метода за обработување на лектирите, ги раскажувавме во тетратки, наставникот ги земаше дома ги прегледуваше и ни ги враќаше со оцена на час раскажуваа само оние ученици кои сакаа поголема оцена или им требаше бод повеќе.
Значи не бевме приморани да читаме, да се трудиме да прераскажуваме сами се беше личен избор и ден денес незнам зошто беше тоа така но ете.
Јас ги читав лектирите за време на распустите а кога ќе требаше да ги прераскажуваме само се потсеќав и ги раскажував сама.
Во средно веќе беше поинаку секоја книга детално ја обработувавме на час, читавме извадоци од книгата што нас ни оставиле впечаток, коментиравме во врска со нив и донесувавме заклучоци, што сакал да каже авторот во тој дел, какви емоции предизвикал кај нас и сл.
Омилената лектира ми е од 3то одделение, Орхан од Неџати Закерија.
Најдосадна Робинзон Крусо, мислам дека беше за 5то одделение, едвај чекав да ја дочитам.
 
Член од
11 март 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
aj pls da mi pomognete za pismena mi se странствувањето на чајлд харолд и евгениј огенин ako ima nekoj so saka da mi pomognee nekaa pishee ve molaam
:pipi::vozbud::vozbud:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
читам само за школо што бараат....иначе најмногу ми се допадна досега Страданијата на младиот Вертер - Гете
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Последно што прочитав се демијан - се океј со филозофските мисли према религијата и тако даље али стварно немораше демијан да е машко :),истата порака можеше да е испратена и преку Демијанка :).

А за смртта во Венеција немам зборови ...колку само на крајот очекував Ашенбах да се самоубие со фортомче затоа што неможел да ги контролира нагоните ...А кога прочитав дека самиот Томас Ман раскажува според вистинска случка во која тој бил вмешан ...грозно.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Љубов према книгата (читањето) никогаш не сум имал (повеќе сум за филм :) ), така да СЕ' до сега што сум прочитал е поради училиштето и материјалот што е планиран по мак.ј. 90% од книгите што ги прочитав ми беа досадни и со маки сум ги читал, ама постојат тука и тие 10ина% кои отпаѓаат на дела кои навистина ми го имаат свртено вниманието и предизвикано.

Од ОУ повеќето беа нереални и без веза книгички, ама најдобри ми се :
- Двојната Лота
- Повик од дивината
- Времеплов



Ааа во средно во 1. и 2. книгите ми беа фуј, но во 3. и 4. имаше што да се прочита. Меѓу омилените би ги издвоил :
- Странецот (no doubt, бр.1 книга што ја имам прочитано) / А.Ками

- Процес / Кафка

- Смртта во Венеција (провокативно стереотипна тема за муабет и обработка) / Т.Ман

- Демијан (philosophy rules) / Х.Хесе

- Шагринската кожа (едноставно вреди) / О. де Балзак

- Иии уште една имаше во 4та ја работевме второто полу-годие. Содржината беше судењето на еден млад, амбициозен архитект, поради смртта на еден работник на градилиште. Дечкото уште многу млад се има доста успешно истакнато во она што го работи и ги има заборавено вистинските вредности на животот (слично нешто на Мерсо од Странецот). Ако го знае некој насловот, плис нека пише.



Доста се, а и не ми текнува на други ... :)
 

Simple mind

Паметни баби
Член од
19 јуни 2010
Мислења
57
Поени од реакции
1
Ај ве молам некој ако знае да ми каже анализа на книгата Втора смена. Ми треба за брат ми а единствено што ми текнува е дека е за едно дете што отиде на одмор во Струга и не говите купиа Фичо. Другото магла. Ве молам ако некој знае нека пише или пак ако има некој проект направено, уште подобро. Фала.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Иии уште една имаше во 4та ја работевме второто полу-годие. Содржината беше судењето на еден млад, амбициозен архитект, поради смртта на еден работник на градилиште. Дечкото уште многу млад се има доста успешно истакнато во она што го работи и ги има заборавено вистинските вредности на животот (слично нешто на Мерсо од Странецот). Ако го знае некој насловот, плис нека пише.
Драма е. :)
Парадоксот на Диоген од Томе Арсовски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom