
Кинескиот ѕид добива конкуренција. Всушност, наскоро би можел да се најде во втор план. Вредните Кинези поставија камен темелник за најголемото тркало на светот, кое ќе се заврти во 2009 година. Најновата светска атракција е на повидок!
Кина ги повикува сите оние кои биле на Кинескиот ѕид, но и оние што не биле, во 2009 повторно да ја посетат оваа земја за да видат уште едно светско чудо – Кинеското тркало, кое се разбира, ќе биде најголемо на светот.
Од кабините на тркалото, во кои има дури и клима уред, посетителите за време на ведрите денови ќе можат да ја видат и „старата“ атракција, надалеку познатиот Кинески ѕид.
Кинеското тркало со своите 208 метри ќе биде поголемо од лондонското и сингапурското, а најверојатно работите ќе бидат завршени до 2009 година, кога тркалото ќе биде отворено за посетителите.
Тркалото ќе има 48 кабини, а секоја од нив ќе може да прими до 40 патници.