Колку се сигурни вашите сметачи и нивниот софтвер

  • Креатор на темата Креатор на темата majjaa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 ноември 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
Што мислите колку се сигурни вашите сметачи и нивниот софтвер?
 
Сигурно е тазе гимназијалка....зашто само во учебниците за прва година по Информатика за Реформирано(Деформирано) Образование се нарекуваат сметачи....

Иначе мојот „сметач„ е доволно сигурен....има убаво метално постоље на кое стои сигурно. Имав една шанса да испробам и земјотрес и сигурен си остана компјутерот....Што се однесува до мојата софтверска сигурност НЕЗНАМ......сега за сега е сигурен, има по некое црвче/тројанче ама си гурам и со нив...чат пат праам по некој формат
 
Јас сметам дека мојот сметач иако смета дека има сметња у облик на сметачки вируси и сметачки црви, дека нема да ми смета во секојдневната работа на сметање и пресметување и сметам дека сметачот ми е добро заштитен од малициозни сметања од страна на сметачките вируси.....
 
Убаво тоа сите што сметате на вашите сметачи и нивната сметачка сигурност. Но сметам дека од многу сметање фајде нема. Ипак, кога нешто смета на сметачот тој не може со ефективноста карактеристична за сметач да - смета.
А што ви смета ваш изразот сметач, кога тој така и така најчесто само смета и ништо повеќе. Сега, мене не ми смета, бутнат е у ќош и без сметање си смета.. али.. сметам дека сметач - како сметач .... тоа и треба да праи.. да смета... вие сметате дека е така ?

Сметам дека го отупеф, али не можев да се воздржам :pos:
 
Епа мајјаа семинарската нека ти биде со наслов СМЕТАМ
 
Буквално:
моите сметачи веќе ептен упорно почнуваат да ми сметаат со глупости, префрлања, досетки, вицеви за мене и слични ствари, ама тоа што можам со сигурност да кажам е дека нивниот софтвер им нема врска, неквалитетно и неплански им е граден, полн со багови и ај да не почнувам.
Заклучок: моите сметачи се сигурни во сметањето и реметењето, а нивниот софтвер им е сосема несигурен.Толку.

p.s. Аман, и ова стана сеир.
 
Маја кај си Мајаааа, врати се да развиеме дискусија за тоа колку сметаме дека нашите сметачи сметаат дека се сигурни.

П.С. Не бе, зашто сеир? :pos2:
 
Мајава опште не верувам ни дека е женско :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom