Филип II Македонски

  • Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
Народе дајте нешто повеќе за нашиот најголем патриот-крал Филип II.
 

don PASCAL

Tne last Don Protected By the Mafia..
Член од
2 октомври 2007
Мислења
647
Поени од реакции
19
Se razbira deka e car...tipot napravil SIN koj go imal pola svet na dlanka.

Toa e gordost za MAKEDONCITE.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Bо историите за Филип многу убаво си стои дека е ЦАР, неговото владеење се протегало низ цела европа вклучувајќи ја и Aнглија. кога бил спремен да тргне во ослободување на ѓупта (египет) украинскиот крал бил нападнат од хуните па морал да ја пренасочи војската , кога се вратил од походот бил убиен. Hеговиот син Аце тогаш рашчистил со данајците и ја продолжил политиката на Филип.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Филип II Македонски (382-336 п.н.е.), Крал на Македонија (владеел 359-336 п.н.е.), е таткото на Александар Македонски со Олимпијада, и на Филип III Аридеј. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава. (види исто: Античка Македонија)
Раните години

Роден во Пела во 382 год. п.н.е., тој бил најмладиот син на Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (околу 368-365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да седне на македонскиот трон во 359 п.н.е.. Оригинално назначен за регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, тој ќе успее целосно да ја превземе власта.



Реформи и походи

Наскоро по доаѓањето на власт извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните племиња и Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја завземал aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета и таа веќе се употребувала во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженува со Епирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип II го освојува Кренид, и го преименува градот во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. го освојува атинската колонија Метон, при што ќе го изгуби едното око.
Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од Атињаните во Термопиле, 352 п.н.е.. Во таа година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продира јужно, туку ќе ги освојува источните региони достигнувајќи до реката Хебрус (словенско име Марица).
Во 349 п.н.е. Филип II ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз кон Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, Македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип превзел успешен поход против Скитите на север.



Коринтската лига

Во 340 п.н.е. го освоил Перинт а во 339 п.н.е. Визант со што империјата достигнува до Црно Море. Подоцна пак се вратил кон неговата стара цел - освојување на Грција. Во битката кај Херонеја во 338 п.н.е. Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани, и им подигнал споменик на Тебанците поради нивната храброст. Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, решиле да ја формираат Коринтската Лига, раководена од Филип II Македонски. Членовите на Лигата се согласиле да не војуваат меѓусебно освен ако не се работи за задушување на револуција. Филип бил избран за водач (хегемон) во походот што планирал да го превзеде против вековниот грчки непријател - моќната Персија. Имајќи ја безрезервната поддршка на грчките држави, започнал големи воени подготовки, но во времето на нивниот тек во 336 п.н.е. бил убиен во заговор на дворецот (најверојатно од неговиот љубовник Павсаниј).
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Во тоа време постои Долна Пела и Горна Пела.

Александар (Божин) е роден и погребан во Горна Пела.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Пела (БЕЛА) односно Долна Пела била воен гарнизон. Горна Пела која се наоѓа во пелагонија (царскиот дворец)
тука се и царските гробници.
 
F

FilipMacedon

Гостин
:nenene:
Пела (БЕЛА) односно Долна Пела била воен гарнизон. Горна Пела која се наоѓа во пелагонија (царскиот дворец)
тука се и царските гробници.


Пела бил град кој се наоѓал далеку од Тесалоника како што е Скопје од Куманово.А градот за кој го викаш Горна Пела се викал Пелагон и бил уметничко културен центар на Линкестите односно Македонците.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
И Крсте Мисирков е роден во Пела(Постол) престолнината на Македонија, така да они се соселани:))
 
F

FilipMacedon

Гостин
Можеби Горна Пела е денешно село Неа Пела односно Нова Пела или Нов Постол
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Најбитниот податок е дека Филип прв во Европа создал држава, во вистинска смисла на зборот со сите атрибути. Државата Македонија. Тоа му го признаваат сите. Пред него све било шикишана и селендра, каде се збирале пет-шест души и одлучувале за селото, нешто као селски совет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom