Ми се чини дека проституцијата не е она што најмногу не засега или боли. Всушност курвите одсекогаш постоеле. Биле присутни на сите општествени скалила. Ги има(ло) во најразлични изданија - куртизани, гејши, проститутки, ороспии, курви, порно ѕвезди, старлети, стриптизети, деловни придружничи и спонзоруши (нека ме извинат оние што не се спомнати). Тие се тоа што се и се е јавно како и нивната професија.
Проблем се оние, што се навидум добри сопруги и сопрузи, чесни домаќинки и примерни родители. Оние кои морализираат и осудуваат. А после ги трти пола држава.
Проблемот се состои во тоа што денес се меша слободоумноста и цивилизираноста со промискуитетот, а некои вредности со балканштината и простотијата. Да биде уште поглупо испаѓа дека девојките се или курви или светици.
Според мене курва/проститутка е секоја која се омажила од финансиски интерес и која го трпи својот сопруг цел живот заради парите (не мора да го изневери). Курва е секој(а) која не изградил(а) искрен однос во врската па набива рогови кај ќе стигне. За да стане некое лице и засекогаш да остане курва не мора да има долга и разновидна пракса. Доволно е барем еднаш да се пегла со најдобриот другар, шефот на својот партнер или кој и да е друг.
Најмногу боли изгубената доверба, погрешната проценка на партнерот и понижувањето и изгубеното време што следуваат како логична казна после тоа. И не е толку битно што мисли средината. Важно е што мислат оние кои ни значат.