Виктораниус ли беше, кој беше, не ми текнува, истресе една дека Струмица е нов тим кој постои две години...
НЕ!
Денешнава Струмица е формирана некаде септември-октомври 1991 год. како Македонија `91 во кафеаната Есенин која беше под библиотеката. Ме мрзи сега да пишам кој се беа на основачкото собрание. Името дојде како резултат на патриотскиот емотивен излив на основачите таа 1991 после референдумот за независност.
Долго време опстојуваше под тоа име, па во зависност од спонзорот менуваше име во Струмица Табак, Струмица Поло Трејд, Поло Трејд...И фолкерот немаше веќе пари за давање во кошарката, па реши (паметно по мене) да свика собрание, и да го смени името во Струмица 2005, тоа беше во 2005 год. кога градот го зема клубот под свое, се избра нова управа, каде членуваше и Карапиперис, и наредното Собрание донесе одлука тој да биде и Претседател како најголем спонзор...
Како Македонија `91 клубот има играно во евро-куповите во 1994 и 1995, исто и Неметали Огражден.
@Радикал:
Многу мерак да потценуваш.
За твоја информација, кошарка во Струмица се игра од 1947 година, и тоа во клубот Партизан, при истоименото спортско друштво, какви што ги имаше низ цела Југославија.
Подоцна, клубот се вика Струмица, го носи тоа име до 1971, кога спонзор е фирмата ФОС, и клубот го носи името ФОС 71, и игра во Првата македонска лига.
Подоцна, промена на спонзорот и до некаде средината на 80-тите се вика Југопромет.
Подоцна со распадот на Југопромет пак се враќа името Струмица, и е под градска капа.
И, на крај, доаѓа како Неметали Огражден, и како таков клубот умира, за жал.
И други големи екипи менувале имиња, па никому ништо, освојувале и Европски шампионати и разни купови...
Кошарка се играла и по други места низ Македонија не само во Скопје.
И тоа не е причина сите да ги потценуваш. Јасно е кои се МЗТ и Работнички, и тоа никој не го спори. Можеби, токму сега Струмица гради имиџ и создава историја која ќе стане традиција?
Струмица веќе не паѓа во рацете на фолкерот и такви како него. Сосем други ветрови дуваат во струмичката кошарка пријателе...