Катализаторот, т.е. каталитичкиот конверетер има за цел да го намали емитувањето на штетниот јаглероден моноксид кој се создава при согорувањето на горивото во моторот кај моторните возила. Се наоѓа веднаш после издувната грана, и личи на издувен лонец.
Кои хемиски реакции се случуваат во него?
2NOx → xO2 + N2
2CO + O2 → 2CO2
Првото е редукција на азотните оксиди до азот и кислород а второто е оксидација на јаглеродниот моноксид до јаглероден диоксид.
Обично, куќиштето на катализаторот се состои од метална легура, отпорна на температура, или керамика, а внатре има најразлични катализатори кои го овозможуваат опишаниот процес. Тоа може да биде платина, но не се употребува заради цената, и некои нус појави, и затоа Родиумот и Паладиумот се досега најупотребуваните катализатори.
Да го видиш онака, изгледа како обичен лонец од ауспух, со тоа што на влезот и на излезот се монтираат сензори кои ја мерат количината на штетните гасови. преку ЕГР вентилот, зад катализаторот, гасовите ако се чисти одат кон издувот, а ако не се чисти минуваат пак низ катализаторот на повторна обработка.
Википедија исто така постои...ѕирни си и таму.