A
anaveno
Гостин
Каптерев: "Во 1676 година Светиот Охридски Патријаршиски Синод апелирал до рускиот суверен да се сврти кон Македонија, да ја земе во заштита и да ј помогне да излезе од стегите на мракот, бедата и неподносливиот ропски живот...!"
Руската царица Елисавета Петровна (1725-1761) неколку пати се подготвувала да го посети Охрид, меѓутоа
"постојано била попречувана да го оствари тој нејзин голем сон".
Таа одржувала многу блиски врски со охридскиот патријарх Дионисиј III, кој преку своите специјални пратеници често пати ј испраќал слики во платно на кои биле насликани делови од градот, но и стари и вредни иконографски дела и разни други предмети од резба, со што настојувал да ј ја долови сликата и културата на Охрид, преку зографската и резбарската уметност.
Царицата Петровна, пак, за возврат "во една пригода му испратила црковни книги со кои биле опремени десет епархии" во Охридската диецеза.
Во период од повеќе од шест века, престолнината на Русија - Москва, ја посетиле 36 поглавари на Охридската патријаршија и неколку стотини архијереји - епископи и егумени на поголеми манастири.
Се е ова е од Руски извори т.е. од средновековната Црковна дипломатија.
Р.Ѕ. Во периодот меѓу 1819 и 1839 година во Русија престојувал Анатолиј Зографски, вториот "Јован Кукузел", обновител и игумен на манастирот "Хилендар" на Света Гора, кој цели 20 години бил афимериј и исповедник во царското семејство Романови. Тој бил крстител на синовите на императорот Николај I, на Александар II, подоцна император на Русија и на великиот кнез Константин.
Во тие моменти заговарал "царот да се заземе кај османлиските власти во Цариград за обнова на Охридската патријаршија" и "за руско воено ангажирање на Балканот заради ослободување на Македонија од османлиското ропство и тиранијата". Во една пригода царот Николај I му се обратил со зборовите:
"Стрпи се отец Анатолиј, не очајувај, ќе ја обновиме Светата Охридска патријаршија и ќе ги ослободиме сите наши јужни браќа. Денот не е далеку, тој веќе доаѓа...!"
Со указ на импер. Николај I, за неговиот придонес во развојот на духовните и на културните врски меѓу македонскиот и рускиот народ, бил одликуван со три највисоки руски признанија, со "Златен крст", со "Св. Ана" и со "Св. равноапостолски кнез Владимир".