Судбината сурово си поигра со животот на еден млад и невин човек. На тој ден Горан Штрловски трагично го загуби својот живот, далеку од својот роден крај, лутајќи по подобро утре. Горан беше талентиран, скромен интелегентен и амбициозен.
Поради овој немил настан кој ке остави длабоки траги на тага и болка во нашите срца, оформена е фондација за да направиме ден хуман гест кон него и неговата фамилија, достоинствено да го испратиме кон неговиот вечен дом.
Се моли секој еден човек кој барем малку сочувствува со сета оваа трагедија да донира симболична сума на пари како би помогнал да се оствари комплетно оваа хуманитарна акција со цел да се помогне неговата фамилија. За подетални информации можете да се обратите на тел: +1 862-684-5023-Драган или во редакцијата на "Македонски Глас" на тел: +1 973-546-1099.
Вашата донација можете да ја остварите и со плаќање преку кредитни картички на тел: +1 973-546-1099 во редакцијата на весникот "Македонски Глас".
Инаку фондацијата е оформена за да се соберат средства за да се помогне неговиот транспорт до Македонија.
Другарка ми кога ми кажа се потресов бидејќи го познавав лично и сеуште не можам да поверувам.
Почивај во мир Штрле.
Сочувство до твојата фамилија.