A
anaveno
Гостин
Јустинијан Први Велики
Најголемиот дел од истражувачите и историчарите сметаат дека нема сомнение дека тој се родил во близината на Скопје.
Овој податок е застапен и во Католичката енциклопедија (наслов: Justinian). Вистинското име на цар Јустинијан било Флавиј Петар Сабат Јустинијан (Flavius Petrus Sabbatius Justinianus).
Тој се родил во 482 или 483 година. Некои претпоставуваат дека уште како дете тој бил посвоен од византискиот цар Јустин (кој владеел од 518 до 527 година), затоа што бил син на неговата сестра. Овие истражувачи дошле до овој заклучок врз основа на името Јустинијан, кое му било додадено.
Познато е дека осум години по доа ѓањето на власт, Јустинијан наредил негoвото родно место убаво да биде уредено, по што тоа го добило називот "Јустинијана Прима".
Некои истражувачи сметаат дека Јустинијан воопшто не го зборувал грчкиот јазик. Така, на пример, авторот Кристофер Хиберт во својата книга под наслов "Градовите и цивилизациите", на стр. 59, пишува како не постојат докази дека цар Јустинијан добро го зборувал грчкиот јазик. Овде читаме:
"Како млад Јустинијан му се придружил на својот вујко Јустин во Константинопол, каде се стекнал со солидно образование, иако никогаш не научил добро да зборува грчки".
Јустинијан бил оженет со Теодора, која пред тоа била танчерка.
ВОЕНИ АКТИВНОСТИ
Јустинијан станал цар наместо својот вујко Јустин на 1 август 527 година. Пред тоа владеел како коимператор заедно со Јустин.
Првите години од царувањето Јустинијан расчистил со паганите. Сите пагански учења биле забранети, а некои од паганските филозофи побегнале во Персија. За разлика од паганизмот, јудаизмот на почетокот бил толериран, но подоцна Јустинијан наредил синагогите во некои делови од неговата држава да бидат претворени во цркви.
Јустинијан водел долги борби со Персија. Негов главен командант бил Белизарија (Belisarius). Откако ги поразил Персијанците, во 533 година Јустинијан водел војна против поседите на Вандалите во Африка. Истовремено војувал и против Берберите.
Во 535 година Јустинијан, преку Сицилија, извршил напад врз територијата на денешна Италија (некогашниот центар на Римското царство),каде што тогаш владееле Остроготите. Поголема борба се водела во Неапол (каде Остроготите имале свој гарнизон), кој паднал под опсадата на Белизарија. Набрзо потоа Белизарија, заедно со својата војска, влегол и во Рим.
Остроготите возвратиле со контраофанзива во која (според Прокопие) учествувале сто и педесет илјади војници. Бил извршен напад на Рим. Опсадата на овој град траела повеќе од една година, но Остроготите не успеале да го заземат, по што по барале преговори.
Меѓутоа, искусниот војсководец Белизарија ова го сфатил како знак на слабост кај Остроготите и тој презел напад, заземајќи го Римини и насочувајќи се кон Равена, каде што бил царот на Остроготите.