Ќе спомнеме уште едно пророштво на Нострадамус кое е посветено на Македонија и за кое се шпекулира дали се остварило или ќе се оствари во блиска или далечна иднина.
Се работи за песната број 96 Quatrains - Century II
Burning torch will be seean in the sky at night
Near the end and beginning of the Rhone:
Famine, steel: the relief provided late,
Persia turns to invade Macedonia
Или на македонски превод
Огнен факел ќе се види ноќе на небото.
Близу крајот и почетокот на Рона
Глад и челик - олеснувањето ќе дојде подоцна
Персија ќе упадне во Македонија
http://www.crystalinks.com/quatrainscentury2.html
Јасно е дека Персија како држава одамна не постои. На што мислел тогаш Нострадамус кога ја спомнал Персија? Дали можеби ги имал на ум стотиците илјади Албанци, кои за време на Косовската криза упаднаа во Македонија? Да се потсетиме дека Албанците своевремено долго време живееле како лојални граѓани на Персија (во чии азиски граници се наоѓала нивната прататковина Албанија). Албанските единици дури биле и составен дел од елитата на персиската војска во војната против Александар Македонски. Да го поткрепиме ова со неколку докази.
Учеството на Албанците како составен дела на персиската војска во борбата против Македонците ги споменува уште древниот грчки историчар Аријан. Тој пишува дека во битката кај Гавгамела против македонската војска на страна на Персијанците (освен илјадници грци) се биеле и Албанците, кои тогаш живееле во нивната татковина во средна Азија. Опшувајќи ги разните народи чии припадници се бореле на страната на Персија и нивните команданти Аријан пишува:
"Медите, кон кои беа придодадени Кадусјаните, Албанците (на англиски е запишано како Albanians) и Сакесинијаните, беа предводени од Артропатес" (Arrian: "The Campaigns of Alexander" , во превод на Aubrey De Selincourt, Pengiun books, USA, 1987, str. 158 и 160).
Во продолжение Аријан го дава распоредот на единиците на персиската војска пред оваа голема битка, при што повторно ги споменува Албанците и Грците и тоа како ударни единици против Македонската војска (цит. дело. стр. 164) Овде читаме:
"На десното крило беа поставени контигентите од долна Сирија и Месопотамија, како и Медите. Потоа, веднаш до нив беа Партијаните и Саките, а до нив Тапуријаните и Џирканијаните. Најнакрај, веднаш до центарот беа Албанците и Сакесинијаните...Грчките платеници - единствените војници кои се бореа слично како македонската пешадија, беа пставени наспроти неа во два сектора, по еден од секој страна на Дарие и неговата Персиска гарда"
И понатаму (стр. 167)
"Таму стоеше Персиската Златна Гарда..... а индиските, албанските, каријанските и мардијанските стрелци, кои го претставуваа кремот на Персиската војска стоеја токму наспроти Александар кога тој тргна во напад заедно со својата Царска дивизија"
Значи нема сомнение дека Албанците долго време живееле како лојални жители на Персија.
Прашање е дали сите овие стихови не претставуваат една целина која можеби се однесува на Косовската криза од 1999 година? Дали можеби "факелот што ќе се види ноќе" не ги претставува бомбардираљата на Југославија, кои и навистина почнаа ноќе и кои беа резултат на неуспешните преговори токму во Франција (која можеби овде е симболизирана преку реката Рона)? Сигурно дека во ваквите претпоставки се вклопуваат и "гладот" (на кој беа изложени бегалците) и "челикот" (авионите), како и "олеснувањето" што "ќе дојде подоцна" (завршувањето на воздушната кампања и потпишувањето на мировен договор, како и враќањето на албанските бегалци во своите домови).
Или пак Нострадмус мислел под поимот "Персија" која е денешниот Иран и третата светска војна која ќе дојде кога некој водач ќе ги обедини сите муслимани и ќе ги поведе во света војна, па тогаш ќе се случи тоа како што читаме од стиховите: "Персија ќе упадне во Македонија"
Секако сите овие претпоставки остануваат во доменот на шпекулациите.