Традиционалност и прогресивност

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Без разлика на се реалноста е таа... Во врската работите се небо-земја различни така да ке треба да се направат мнооогу компромиси, да се замиже пред речиси се во што едниот верува (другиот го негира) и тешко дека ке опстои.
 
Ќе опстане ваква љубов ако има преголема љубов меѓу нив односно ако има хемија е тогаш ќе си допуштаат некои работи и ќе се договараат мада потешко ќе им биде додека не се сфатат.
 
Ќе опстане ваква љубов ако има преголема љубов меѓу нив односно ако има хемија е тогаш ќе си допуштаат некои работи и ќе се договараат мада потешко ќе им биде додека не се сфатат.

Каква љубов е таа кога едниот има едни интереси,пријатели,сваќања,а другиот сосем спротивни од него.Со прост пример...едниот сака кафанска атмосфера,пријателите му се од ист или сличен калибар,несака гужви,фамилијарно настроен,те носи на ручеци,вечери со роднини,ти збори дека е подобро дома да седиш со детето,наместо да правиш кариера,името на синот е исто со на неговиот татко(дедо),бла бла...А ти сакаш гужви,сакаш народ,имаш немирен дух,сакаш журки,пријателите ти се секогаш за авантури,геј пријатели,не си по фамилијарни собири,ни на крај памет не ти дошло да ја запоставиш кариерата,да го крстиш синот Петко:)....
Кажи ми која е таа голема љубов помеќу овие два контраси?Кој ќе попушти?Што ќе измени?Овие два карактери припаѓаат на два различни светови,нема ни место ни простор за љубов и разбирање.
 
Скоро е невозможно да опстане врска во која партнерите имаат различни Системи на вредности. Дури и да им е заедничко взаемното почитување, и желбата/вољата да се прилагодат, врската ќе биде во најмала рака стресна.

Системот на вредности е нешто што се гради од најраното детство, нешто што би требало повеќе да се учи од родителите, а помалку од околината. Според него понатаму ги градиме приоритетите во животот.
 
Е ваква вска може да почне, да може. И ке трае цела целааа ВЕЧЕР:pos2: , и после тоа, нормално ке се стави крај.

Вакви две личности не би се поднесувале кога би биле во врска.
 
Колу и да постојат еммоции, колку и да постои разбирање, колку и да има воља за толеранција, ваква врска изложена на спротивни интереси, различна приказна за животот и соодносите во него, однапред би сила осудена на пропаст. Мешањето на црно и бело создава сивило, а во матното сивило неможе да се опстане....
 
А колку сте вие традиционални,а колку прогресивни во врска?
Ги комбинирате ли овие два поима онака како ви одговара во дадена ситуација и во зависност од партнерот до вас?
 
Па најверојатно нема да опстане,пошто имаат сосема различни гледишта на скоро се.

Е сега ако има вистинска љубов како што кажа некој претходно,можеби би успеала,зошто нели вистинска љубов,па ќе се прифатат такви како што се,блаблабла...ама бидејќи вистинска љубов и не постои,или ако постои ретко се наоѓа,а на двајца вакви баксузи што се нашле скроз различни не ми се верува дека ќе им се погоди,значи сепак нема да опстои.

Ама па во денешно време е во мода да се променат луѓето заради партнерот,па така или едниот ќе почне да биде по модерен,по напреден,или другиот ќе се запусти,па би имало некоја шанса за опстанок.

Инаку не ,не верувам дека ќе опстои.
 
:tapp: Ооооффф дај ви се молам луѓе бидете реални.За каква љубов зборувате? Денес нема љубов се е интерес.Љубов за љубов ама златно правило уште од на баба ми времето е дека од љубов не се живи, па сега вие видете. Врска како врска и би можела да успее некако, затоа што тука сепак повеќе има толеранција и повеќе му попуштаме на партнерот или пак тој на нас, сеедно. Но,брак! Мислите ли дека таквиот брак би успеал? Можеби ако сме непоправливи романтичари, но во реалниот живот поинаку функционираат работите.Почнете прво од самите себе (без разлика на која група припаѓате) и замислете се со партнер која е потполна спротивност на вас во тој поглед. Секоја чест на тие што мислат дека би успеале затоа што јас лично не би можела ни единствени два часа, а камоли повеќе.

А колку сте вие традиционални,а колку прогресивни во врска?
Ги комбинирате ли овие два поима онака како ви одговара во дадена ситуација и во зависност од партнерот до вас?

Нити сум премнога прогресивна нити пак премногу традиционална иако повеќе тежнеам накај прогресивното.Значи некаде средина или како што рече leandra комбинација од двете. Јас најискрено се сметам себеси повеќе за прогресивна личност со таа разлика што сум задржала и некои традиционални нешта кои ми се допаѓаат, но само во минимални дози. Немам ништо против традиционалното, но едноставно таквите нешта не се за мене и имам чувство како да ми ја скратуваат слободата.
 
Ова се два различни случаи.Според мене помеѓу нив не би имало ни другарство не па врска.Нема шанси да успее такво нешто.Да се и двајцата на некоја средина може ама вака не.Тоа ти е одење од една крајност во друга.Такви личности не можат ни да се заљубат еден во друг.Пошто што би го привлекло едниот кон другиот.Едниот е традиционален а другиот баш народски кажано либерте.И кога ќе ги прашат зошто си со партнерот?Што те привлекува?Што ќе одговорат?:helou:
 
Нити сум премнога прогресивна нити пак премногу традиционална иако повеќе тежнеам накај прогресивното.Значи некаде средина или како што рече leandra комбинација од двете. Јас најискрено се сметам себеси повеќе за прогресивна личност со таа разлика што сум задржала и некои традиционални нешта кои ми се допаѓаат, но само во минимални дози. Немам ништо против традиционалното, но едноставно таквите нешта не се за мене и имам чувство како да ми ја скратуваат слободата.

Се изјасни како комбинација од прогресивност и традиционалност.Јас тоа со други зборови го викам како што дува ветрот така ќе си кажам.Вака некако преку пример:курва е онаа што менува партнери - ако сакам да легнам со некој,што мене ми се допаѓа ќе легнам.Не сум за предбрачен договор - треба да се склучи брак.Никогаш во тројка - сакам да пробам свинг.
Многу сакаат да бидат прогресивни,но склопот не им дозволува.Не треба само да се сака треба и да се однесува баш во тој дух.

п.с.Изгледа како да ти стојам на врат,на секоја тема,но не ми е тоа намерата.Сакам и мило ми е што дискутираме.

~*~

Не се прогресивноста и традиционалноста тие што ја уништуваат врската, туку токму криењето и маскирањето на тој дух што секој го има во себе.Ако знаеш некој каков е навистина, можеш многу лесно да го љубиш или да останеш рамнодушен.
Кога влегуваш во врска со туѓи идеи кои што на крајот ќе се претворат во планови кои што те гушат е тоа е она што ќе ја зезне цела работа.

Инаку, никој не вика дека се живее од љубов The Goddess, но животот без неа е малку патетичен и празен.
 
Се изјасни како комбинација од прогресивност и традиционалност.Јас тоа со други зборови го викам како што дува ветрот така ќе си кажам.Вака некако преку пример:курва е онаа што менува партнери - ако сакам да легнам со некој,што мене ми се допаѓа ќе легнам.Не сум за предбрачен договор - треба да се склучи брак.Никогаш во тројка - сакам да пробам свинг.
Многу сакаат да бидат прогресивни,но склопот не им дозволува.Не треба само да се сака треба и да се однесува баш во тој дух.

п.с.Изгледа како да ти стојам на врат,на секоја тема,но не ми е тоа намерата.Сакам и мило ми е што дискутираме.

Епа така-комбинација. Не се декларирам ни како едното ни како другото затоа што имам присвоено и од прогресивното и од традиционалното и не би рекла како што дува ветерот. Не знам како го сфаќаш ова "како што дува ветерот", јас под тоа подразбирам често менување на мислења и ставови што не важи за мене. Не дека еднаш сум традиционална а еднаш прогресивна во зависност од тоа кој како доаѓа и си оди од мојот живот, туку имам превземено работи и од едното и од другото т.е. работи кои мене ми одговараат и ми причинуваат задоволство а кои придонеле до формирање на моите денешни ставови и сфаќања а кои досега не сум ги сменила за ниту едно машко.Кој ме прифаќа добро, кој не не, но јас не се менувам ако не ми одговара мене и ако не сакам јас да се сменам.

оф топик: :smir: и мене ми е мило што дискутираме.
 
Мислам дека може да опстои...тоа е како да викате дека неможат едни да опстанат ако едниот слуша турбо-фолк а другиот тежок рап...се е до луѓето и до нивните погледи кон животот...доколку не им пречи тоа на нив не гледам причина за неуспех...лично сум бил со различна личност од мене и немав никаков проблем од тој калибар,напротив различностите според мене се привлекуваат,се разбира не драгонски разлики,него оние кои можеш да ги решиш со некакобв дијалог,консензус...:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom