Книга: Тајната на Бакарната книга

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
БАКАРНАТА КНИГА

Книгата која ја разбранува македонската интелегенција во последниве 15 години. Според книгата "Тајната на Бакарната книга" , конечно е во рацете на државата и во многу блиско време се очекува нејзиното јавно презентирање.

п.с
Многу ме интересира што е планот Б, во преговорите за името со Грција?!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Александар Донски е еден сензационалист чии фантазмагории немаат ништо општо со историграфијата како научна дисциплина, кој нема историографско образование.

Чуј глупости: ЈНА ја барала “Бакарната книга“ (зошто војска која е обучена за огнени дејствија во поширок простор, а не полицијски и агенцијски служби), а Грците “копале тунели под граница“ да дојдат до книгата (а предпоставувам не знаеле се уште каде е).Што, не можеле со пасош да испратат агенти кои ќе се представат како туристи, бизнисмени, потенцијални студенти итн.?

Тој не објавил ништо во "ревидиран од врсници" (peer reviewed) научен магазин, мерило за научна вредност каде статијата би ја прегледувал колегиум од 5 до 20 научници минимум 6. месеци (некогаш и до две години) пред да се публикува.

На некому може да му направи впечаток дека тој има некаков авторитет бидејќи издал многу книги.Книги може да издава секој и да пишува во нив што сака, поготово ако ги издава во сопствена режија, како што е случај со Донски.

Неговите дела сум ги читал онолку колку што ми било потребно да разберам дека немаат никаква вредност, се ползуваат со квазидокази и квазилогика со погрешна интерпретација и безвредни заклучоци.

Она што не може да му се порекне е дека нашол економска ниша во која има монопол: книги наменети пред се за македонската емиграција која го протежира и која треба да им послужи во самовоспитувањето дека се во радиус од 1000 км од Скопје е македонско,онака, за инат на душманите.

До вистината така не се доаѓа.Историјата нема друга функција освен вистината за она што било.

Очигледно е дека не си ја прочитал книгата, ниту пак си разбрал нешто. Првиот дел од книгата е роман, за кој е замолен да го напише, а вториот дел е вистинската случка и објаснување од кај он во сета таа брканица.



 
Очигледно е дека Донски не ни наметнува некои лажни идеи и далеку е од тоа да ни предава лажна историја. Не сум ја читал книгата, намеравам да ја купам само заради тие историски “факти“ и нивната валидност. Треба добро да се познаа историјата за да се почне да се верува во вакво нешто. Не ми е уште јасно зошто до сега немавме слушнато за Бакарната Книга и како можел толку глуп да биде нејзиниот сегашен сопственик да размислува да ја продаде за пари? Каде е тој патриотизам и идентитет што го носела неговата фамилија со векови, што ја задржале книгата до ден денешен? СРАМОТА! Не сум сигурен и дека книгата треба да се даде и на денешното “државно управување“. Може многу погрешно да се протолкува.
 
Бакарната книга потекнува од античко време, и говори за богатството на Александар Македонски. Нејзиниот препис се случува во времето на Самуил, и од тоа време останува во наследтсво на едно велешко семејство, се додека комунистите не ја одзимаат. После подолго време, таа се враќа во рацете на фамилијата, која одлучува да ја подари на Македонската држава. Во бакарната книга стојат записите и за гробот на Александар кој се наоѓа на територијата на денешна Македонија, како и старото античко македонско писмо кое наводно не постои. Книгата на Донски ,, Тајната на Бакарната книга,, е пишувана за Бакарната книга и за нејзиното патешествие од СФРЈ до денес. а следново е непишано во книгата за баба Ванѓа-

-камен саркофаг во кој била сокриена тајна писменост, кришум од Египет бил донесен со помош на робови и камили во нашите земји. и дека во него него биле содржани тајни кои се непоимвливи за денешните генерации,

Книгата се очекува да биде презентирана на македонската јавност под силно обезбедување наскоро.
 
Бакарната книга потекнува од античко време, и говори за богатството на Александар Македонски. Нејзиниот препис се случува во времето на Самуил, и од тоа време останува во наследтсво на едно велешко семејство, се додека комунистите не ја одзимаат. После подолго време, таа се враќа во рацете на фамилијата, која одлучува да ја подари на Македонската држава. Во бакарната книга стојат записите и за гробот на Александар кој се наоѓа на територијата на денешна Македонија, како и старото античко македонско писмо кое наводно не постои. Книгата на Донски ,, Тајната на Бакарната книга,, е пишувана за Бакарната книга и за нејзиното патешествие од СФРЈ до денес. а следново е непишано во книгата за баба Ванѓа-

-камен саркофаг во кој била сокриена тајна писменост, кришум од Египет бил донесен со помош на робови и камили во нашите земји. и дека во него него биле содржани тајни кои се непоимвливи за денешните генерации,

Книгата се очекува да биде презентирана на македонската јавност под силно обезбедување наскоро.

Кога? Од кога е напишаново? Извор? Тоа се бара, не само извадоци..
 
WTF???

Бакарната книга???

Првпат слушам дајте малку повеќе за темава...
Да се едуцирам и јас како македонски:)


еве читај овде

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce451/Tekst08.htm


А историчарот Донски има напишано книга што содржина имала бакарната книга

http://www.canka.de/forum/messages/93.htmlhttp://gusar.blog.com.mk/node/113611/print
 
Извадок е цитатот од баба Ванѓа, другото е она за кое се збори во книгата на Донски. Најдобро е да си ја прочитате ,,Тјната на бакарната книга,, зашто тое е до сега единствено нешто од прва рака за бакарната книга. Битно е јасно дека половина век е тајна,и не е јавно експлоатирана. Затоа не можам да ти кажам некој особен факт, освен од книгата на Донски и од некое интервју кое сум го прочитал.
 
bakarnatakniga_02.jpg

bakarnatakniga_03.jpg


Како член и главен координатор на светскиот експертски тим за анализа на текстот од Бакарната книга, д-р Душко Алексовски ја заврши македонската верзија на анализата.

Како што елаборира д-р Алекосовски, текстот содржи 65 страници вклучувајќи анализа на писмените знаци, лигатури, групи и композитни групи, табели и фотографии. Во книгата постојат 310 различни писмени знаци, лигатури, група од букви и композитни групи. Аналогија на писмените знаци има во: Винчанскиот писмен систем стар 8.000 години....

08b.jpg
 
bakarnatakniga_02.jpg

bakarnatakniga_03.jpg


Како член и главен координатор на светскиот експертски тим за анализа на текстот од Бакарната книга, д-р Душко Алексовски ја заврши македонската верзија на анализата.

Како што елаборира д-р Алекосовски, текстот содржи 65 страници вклучувајќи анализа на писмените знаци, лигатури, групи и композитни групи, табели и фотографии. Во книгата постојат 310 различни писмени знаци, лигатури, група од букви и композитни групи. Аналогија на писмените знаци има во: Винчанскиот писмен систем стар 8.000 години....

08b.jpg

Аман, наведувајте извори.. да се знае од кого и кога е напишано.
 
Еј не се сложувам за мислењето за Донски:nenene:! Мислам дека треба да сме радосни на тоа што некој напиша нешто за бакарната книга. Секогаш историјата се повикува најпрвин на пишаните извори, а Донски создаде таков и тоа од прва рака. Сите тие случувања кажуваат една многу реална и чудна сторија за Бакарната книга. И немојте со македонскиот синдром (создаден од македонските скептици - не е целта навреда), да плукаме по нешто што што говори за нас, македонците ( со тоа има оставаме на соседиве јадежи живи - простор за манипулација! Реклама - глупости, би рекол образование. А доколку направи пари од книгата Донски што има тука лошо! Па тој човек живее од книгите што ги пишува, а оваа книга е достојно сведоштво за Бакарната кига, поточно вовед во нејзиното истражување. И баш ќе ми биде мило ако направи пари, кога државата не ги плаќа истражувањата што ги прави овој човек. Тоа тој го заслужува, парите нит ги краде, нит ги изнудува. Ги заработува и со тоа тој е достоен за мене. Никој не те принудува да ја читаш неговата литература! Дај веќе доста со небитните размислувања за неговата книга. :smir:
 
Ако ништо повеќе, барем еден добар холивудски филм би требало да направиме, мислам дека би бил погледан и подобар од Кодот на Давинчи, но тоа подразбира да се одврзе ќесето и да се инвестира сериозно во филмот.

Поголема презентација и афирмација нема ништо друго да придонесе.

За крај, дали оригиналната бакарна книга ќе ја види светлината на денот и нејзино официјализирање. Што ќе донесе тоа? Поголеми проблеми или ...

Мислам дека ќе се појават многу диви копачи.

Инаку романот е интересен, ако ништо друго ги отсликува времињата на комунизмот. Како се доага на висока функција но исто така и како се уништуваат животи.

Во врска со идентитетот, таа може да понуди малку, бидејки како што е наведено и во романот, ќе се протолкува како допишуван текст низ годините. Нешто околу глаголицата и винчанските знаци ќе треба да се работи. Е сега мати вода дека словенските зборови одат заедно со латинските и се во контекст. Кога ќе се објави (доколку се објави) официјално, ќе погледнат повеќе луге и ќе има спектар на теории.
 
ништо не ве разбирм ??!!

Па прочитај ја книгата и ќе разбереш, навистина вреди да се прочита книгава, без разлика дали некој ќе поверува во неа или не, приказната е стварно интересна
 
За оние кои ништо незнаат во врска со бакарната книга, тоа е археолошки или историски артефакт кои е наследен од една фамилија во Македонија. Долниот линк ја прикажува оригиналната книга, не романот.
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1217371

Потоа, во долниот линк е анализата на оригиналниот артефакт - бакарната книга.
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1217366

Е сега, романот Тајната на бакарната книга е пишуван од Донски и во романот е патешествието на оригиналната книга/артефактот. Кој се бил заинтересиран за неа, какви тајни крие и т.н.

Една сторија која е во стилот на Кодот на Да Винчи, потоа Индијана Џонс и Џемс Бонд. Незнам, ама според мене ова плаче за филм.

Инаку дали некој стварно слушнал за тој РЕБУШ, таму пишува дека ребушот бил Македонски симболичен јазик кој го познавале овчарите до пред комунизмот. Стаповите им биле шарани со симболи кои ги викале ребуш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom