Фан Клуб : Фени Индустри

  • Креатор на темата Креатор на темата gento
  • Време на започнување Време на започнување
еве статија на другарот и.крстевски(нешто што веќе го знаеме)


Чековски и Соколов го напуштија кавадаречкиот брод


feni1.jpg
Репрезентативниот двоец Ѓорѓи Чековски и Дарко Соколов повеќе не е дел од составот на актуелниот кошаркарски шампион Фени индустри откако двајцата побараа и добија раскин на договорот со кавадаречкиот тим. Причина за тоа е 50-отстотното намалување на платите, кое управата на Фени И. им го наметна на играчите поради финансиските проблеми со кои во последно време се соочува главниот спонзор на клубот, комбинатот „Фени“.

- Засега само Чековски и Соколов ја искористија дадената можност да си заминат во случај ако не се согласуваат со намалувањето на претходно договорената плата. Тие добија исписници и клубот им посакува сè најдобро во понатамошната кариера - вели Дивна Пешиќ, одговорната за односи со јавноста во редовите на Фени И.

Чековски и Соколов во моментов се насочени кон пронаоѓање ангажман во странство. Двајцата веќе имаат солидно интернационално искуство настапувајќи за Лукоил Академик (Бугарија) и Черкаси мавпи (Украина) односно за Босна (БиХ) и Химик (Украина). Неофицијално, во моментов Чековски и Соколов имаат по неколку интересни понуди за повторен излез од Македонија, а за кои ќе се решат ќе биде познато по новогодишните празници. Двајцата истовремено имаат можност и за премин во некој друг македонски клуб и тоа во зимскиот преоден рок, кој ќе трае од 5 до 9 јануари в година.

Можност за напуштање на кавадаречкиот прволигаш имаат и сите другии кошаркари, кои настапуваа во првиот дел од сезоната. Во моментов некако е најнејасна ситуацијата со Златко Гоцевски и со Американците Доналд Кол и Талик Браун. Неофицијално, другите, меѓу кои се Горан Самарџиев, Марјан Ѓуров, Слободан Михајловски и Србинот Милан Прековиќ, речиси сигурно ќе ја продолжат верноста кон тимот од Кавадарци.

- Деновиве го очекуваме изјаснувањето на Гоцевски, кој треба да ни каже дали ќе остане или ќе си оди. Истото се однесува и за Американците Кол и Браун, кои се во САД и кои телефонски се информирани за новонастанатата ситуација во клубот. Конкретни одговори немаме ниту од преостанатите, иако најавите од нив се позитивни. Последен рок за објавување на својот став кошаркарите го имаат до 3 јануари, кога тренерот Емил Рајковиќ продолжува со тренинзите. Тогаш ќе се знае речиси сè - дополнува портпаролката Пешиќ.

Фени И. сезонава ги брани титулите во двете домашни натпреварувања, првенството и во Купот. Кавадарчани настапуваат и во Еврохолд-балканската интернационална кошаркарска лига (БИБЛ), каде што се првопласирани во својата група по првиот дел од натпреварувањето.
 
Леле колку чекам да дојде 21 па да одам да вриам у Охрид:zlo::zlo:
 
ne li procitate kitot potpisal dogovor so ilo crna reka kucata da mu a cuval na ezeroto a moze i so krapceto da se dogovorat na ribnikot da rabote ribi da ciste

a za orizot darko ce napraime edna tezga i na pazarot ce go turime da prodava oriz oti drug timne go pobaruva da igrae
 
Лозари што ви е бе, че ве пријавам у милицијата да ве соберат
 
Фени во сабота на 3 јануари повторно ќе почне да тренира со зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната и за до понеделник се очекува да дојдат двајцата американци Дончо и Трајко па остануваат уште они да дадат позитивен одговор и да го продолжат престојот во Кавадарци и секако да имаме реални шанси за титулата,инаки вака чаршииски муабети шо се лафат слушам клубот бил во преговори со двајца играчи сега за сега не се спомнуваат имиња.:helou::helou:

Среќни Новогодишни и Божиќни празници ви посакува здружението на хронични алкохоличари на град Кавадарци. . . . П.С. Консумирајте одговорно! by Vaso Karasi :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Eве ај да го пишам првиот пост у ваа новата шо е година и ајде нека иде 31 јануар у пичкуматер тогаш мене ми почињат празниците :vozbud:
 
Eве и одмене среќна нова 2009 година за сите Лозари и Кавадарчани и фанови на Фени индустри да имаме подобра сезона од минатата и да не служи здравје среќа и по малце пари...:helou:
 
Eве ај да го пишам првиот пост у ваа новата шо е година и ајде нека иде 31 јануар у пичкуматер тогаш мене ми почињат празниците :vozbud:


abe vodza ne se nerviraj na arno neka e samo aj srkna neka ti novata i ne preteruvaj mnogu za praznicite :wink:
 
Среќна нова година до сите навивачи на Фени а и остали :)
Ај белки нема да биде кобна 2009 за кошарката у градот, шампиони пак да бидиме и вечни да сме :)
 
Среќна нова на сите фанови на тимот,да биде и оваа како и минатата со нови успеси и титули на клубот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom