Фан Клуб : Фени Индустри

Член од
27 март 2008
Мислења
201
Поени од реакции
4
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Nikogas ako me citas za fersped ne sum napisal rabotnicki tuku go vikam Radnicki od Shkup ,,,,vo prevod Rabotnicki od Sk.

Zatoa sto ic , ama ic ic ic ne gi sakam.
Според мене тоа се цене...Само постарите членови и оние коишто биле во Лозари во таа генерација знаат зошто треба да се мрази Работнички.Сум бил многу малечок но не ми сметало да запамтам дека со огромна помош на судиите 1998 та година на кукавички начин му беше одземен куп трофејот на нашиот тим тогашна Орка.Ако тогаш го земевме трофејот,Орка ќе постоеше уште многу години.Но како по обичај Работнички е крив за се...Една од тие 13 или незнам ти колку титули ако му е заслужена треба да бидат среќни.

А тоа дека Самарџиев го рекол тоа лани.Чиста измислица од скопјани
прво Самарџиев е бивш член на Лозари од неговото покасно детство
второ е кавадарчанец
трето како може да сакаш да играш за некој тим кој те измајмунил,те оставил на цедило,те направил инвалид...
Премногу работи за да остане било каква љубов
И НАЈВАЖНОТО.ДА НЕ СЕ ПОВРЕДЕШЕ ШУШ ЌЕ БЕШЕ СЕГА НА РАМНИШТЕ НА ВРБИЦА.Али јебига тоа е
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
ИЗВОНРЕДНО ИЗДАНИЕ НА "ПЕЛИСТЕРЦИ" И УШТЕ ПОУБЕДЛИВ ТРИУМФ НАД ФЕНИ ИНДУСТРИ
Пелистер висок за шампионот
СВИСЛИОН ПЕЛИСТЕР - ФЕНИ ИНДУСТРИ 89:75
(27-21; 22-15; 19-21; 21-18)
Сала "Младост" - Битола. Гледачи: 2.500. Судии: Денковски - И. Митровски- Ристовски Делегат: Пиперков - сите од Скопје
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин. Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин.
Петковски 0 0/0 0/2 0/0 0 0 03:01 Ангелов - - - - - - -
Нанчевски 0 0/0 0/0 0/0 0 0 02:52 ПРЕКОВИЌ 6 1/7 1/2 1/2 2 4 27:28
КАРАЏОВСКИ 17 3/8 2/4 4/4 3 8 35:29 Соколов 0 0/3 0/0 0/0 0 0 10:55
Милановски - - - - - - - БРАУН 15 0/0 7/10 1/2 2 1 34:11
Апцев - - - - - - - Кол 10 0/2 5/9 0/0 4 0 22:29
Петрушев - - - - - - - ЧЕКОВСКИ 11 1/1 1/1 6/10 3 5 27:45
РАЗИЌ 27 3/5 5/8 8/10 9 2 39:46 Манев - - - - - - -
ГОЈНИЌ 10 0/0 4/8 2/3 9 3 33:33 ГОЦЕВСКИ 6 0/1 2/5 2/2 8 0 28:14
Стефановски 2 0/0 0/0 2/2 0 0 04:16 Ѓуров 4 1/2 0/0 1/2 5 3 15:06
МИЉКОВИЌ 18 4/7 1/2 4/4 4 1 38:52 Баснарков - - - - - - -
ТАЛЕВСКИ 15 1/3 5/6 2/2 5 0 37:45 Михајловски - - - - - - -
Захариевски 0 0/0 0/2 0/0 2 0 04:26 САМАРЏИЕВ 23 5/12 2/3 4/4 3 2 33:52
Вкупно: 89 11/23 17/32 22/25 32 14 200 Вкупно: 75 8/28 18/30 5/22 27 15 200
Пелистер излезе превисок за шампионот од Кавадарци, а Свисслион Пелистер полесно од сите очекувања излезе на крај со актуелниот бранител на титулата.
Во добро пополнетата "Младост" одлична кошаркарска претстава на "зелено-белите" и изненадувачки убедлива победа над Фени Индустри од 89:75.
Во целост заслужена, од едноставна причина, првата петорка која "ја извади" тренерот Младен Микиќ делуваше како точен "швајцарски часовник".
И тоа од првата минута до последната. На фаворизираниот противник му дозволија само да поведе со 3:2 во првиот точен обид на капитенот на "портокаловите", Самарџиев.
Тоа беше и прво, но и последно водство за Фени Индустри во Битола.
А веројатно за првпат во оваа сезона кај "пелистерци" ги немаше оние веќе познати осцилации во играта, што се одрази и на резултатот .
Првата четвртина беше резервирана за капитенот на битолчани. Ѓорѓи Талевски постигна дури 11 поени во првите десет минути во кои Свисслион Пелистер изгради убава предност (27:21).
Во вториот период од играта неговата поентерска улога ја презема Миљковиќ, по чија тројка, во 12. минута домаќинот се одвои, за првпат и двоцифрено (32:21).
Следните четири минути веројатно беа најслабите на битолскиот состав, во кои Фени Индустри се врати, по заслуга на нивниот капитен Горан Самарџиев. По серијата од 10-3, во 16. минута гостите дојдоа на -4 (31:35).
Но, штафетната палка кај "пелистерци" тогаш ја зема Никола Разиќ, кој го повтори ефектот на Талевски од првиот период. Собра 11 поени за нецели четири минути, па Свисслион Пелистер на полувремето имаше високи 49:36.
Уште еднаш се обиде Самарџиев да го врати својот тим во игра. Успеа делумно, со помош на Чековски и Браун, по чиј кош Фени Индустри ја преполови разликата (46:52), во 23. минута од играта.
Но, тогаш "џокер" на битолчани станува Миљковиќ, точно на време погодува тројка, по него уште една на Караџовски за "мир во куќа", поточно водство на Свисслион Пелистер од 60:48.
А двете "тројки" на најдобриот поединец на средбата, Никола Разиќ, се чини дека ги откажаа кавадарчани од желбата за пресврт. Поведоа битолчани и со плус 17 (68:51), во 28. минута, но Гоцевски не даде да "избегаат" во целост, намали на 57:68, со кои се влезе во последната делница од натпреварот.
И по третпат Фени Индустри се доближи на достижни 62:68, во 33. минута и на само пет поени (66:71), потоа беше и 68:73.
Но на нецели четири минути до крајот Караџовски, со "тројка", а што друго, го одби и тој, се покажа подоцна, последен напад на шампионот. По двата негови "пенала", "пелистерци" побегнаа уште еднаш на двоцифрена позитива (80:70), која ја сочуваа до крајот, дури и зголемија.
Една ама вредна петорка имаа "пелистерци" во овој дерби дуел, која ја надигра фаворизираната чета од Кавадарци, во која имаше доста играчи со "нулта ефект", кои и тоа како треба да го загрижат стручниот штаб на кавадарчани во продолжението од сезоната во која го впишаа и вториот пораз.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom