Моите сознанија говорат дека Мачка бил исплатен до денар, но голем дел од платата била покриена од некоја осигуреителна компанија каде што бил осигуран од повреда, а останатото, што не било покриено од осигурителната компанија било платено од КК Фени.
---
Сега пак некој ќе ме сфати погрешно, но имам еден пример да дадам кој се однесува на Лозари и на Сити Парк Бојси. ФА како навивачка група, никогаш не земалата пари од клубот Мзт Скопје и секогаш се финансирала сама. Лани имавме неколку гостувања кои сами си ги плативме, блузони, маици, огромна застава, се тоа со пари кои беа собрани од нашите членови. Мое мислење е дека навивачка група треба да навива за одреден тим, без да поставува услови во доменот на реквизити, штабови и пари кои ке ги добива, туку да се финасира од сопствени извори и евентуално да добива мала помош од тимот за кого навива. Единствена причина за бојкот јас можам да признаам само во лошото раководење со клубот и бојкотот да биде знак дека мора некои луѓе да се променат (примерот со инцијативните одброи на ФК Вардар и РК Пелистер) Искрено, ние да имаме тим како што е Фени, мислам дека и салата Борис Трајковски ќе ни биде мала да не собере сите.
Би сакал да ми кажете што е тоа што нас не влече да навиваме за клубот кој од година во година се повеќе и повеќе тоне, а на трибина сме се повеќе и повеќе, додека вие (мислам на Лозари во случајов) кога имате доминантен и пред се убедливо најатрактивен тим, ве нема во сала. Ваша работа се вашите барања од управата, но според мене, за тимот се навива поради љубов, а не поради материјален интерес.
Мој совет, најдобронамерно кажан (се надевам и така сфатен): Користете ги овие моменти додека доминирате на терените, развивајте си ја групата, регрутирајте нови членови, пошто КК Фени нема да биде на врвот вечно, па подобро е да се искористи моментот сега и да се направи нешто, од колку после да се каете зашто не сте направиле додека сте имале одлична шанса за тоа...
Кавадарци, остани ми поздравено