Коментарот дека атеистите неизбежно би имале нечисти мотиви, не само што не ти е на место, туку морам да ти замерам дека е и навредлив.
Воопшто не е навредлив, ниту пак го кажав со таква намера. Немам ништо против атеистите - секој има право да верува или да не верува во тоа што ќе го одбере самиот!
Проблемот ни оддалеку не е на филозофско ниво, туку е многу конкретен... Самата работа на масонските ложи се отвора и се изведува во Име на Бога (Големиот Архитект). Се што се прави, се прави барајќи Благослов од Бога. Самиот ритуал е таков, и не е изменет со векови - затоа што тоа е принципот по кој се води ова конкретно братство.
Доколу еден атеист се зачлени - тогаш ќе има проблем... како може една личност која претендира дека е со висок морал и интегритет - да прави нешто и на начин кој е спротивен на неговите религиозни убедувања? Како некој атеист ќе работи во Слава на Големиот Архитект - кога не верува дека истиот тој Архитект постои? Зарем нема да е тоа лага и измама, и на себе си, и на браќата околу него? А ако е веќе така - тогаш се наметнува прашањето - кои се неговите мотиви?! Начини за морално усовршување на човекот има многу, зошто некој би го избрал токму овој конкретен начин, ако треба да лаже за да биде таму? Како ќе се усовршува морално - ако треба да го наруши личниот морал за да го стори тоа?!
Како што гледаш - зборувам за многу конкретен и многу практичен проблем...
Големиот Ориент на Франција токму овој елемент го има променето (заради што се исклучени од меѓународното братство), и се отворени кон атеисти.
Зошто регуларното масонство држи сеуште (и ќе продолжи да држи) на овој принцип - веќе имам објаснето. Наше право е да го имаме тоа мислење, како што е твое право да не се согласуваш со него. :smir:
Сакав уште нешто да спомнам, а модераторот ако смета дека не е тука местото, нека го избрише постот...
Неколку пати се доведува во прашање мојот интегритет и мојата искреност, како и искреноста на моите намери тука на форумот. Многу пати тоа го имам објаснето, и немам намера повторно да го правам... но е интересно што тоа континуирано се навраќа како тема, додека во исто време се случуваат многу "необични" работи, токму на оваа тема... на пример - еден ист човек да пишува на форумов под два или повеќе никови, истиот тој човек да се јавува на неколку масонски форуми од соседството, каде приложува доста контрадикторни информации... на едни луѓе се претставува како апликант во ГЛМ (значи човек кој веќе е во процедура за членство), на други како само заинтересиран, на трети како некој што следниот месец веќе има закажана инцијација... на Facebook се појавува под неколку профили (со различни имиња), на едниот од кои се претставува како масон - при тоа, на мене претставувајќи ми се како масон од Македонија, на друг претставувајќи му се како македонец, член на странска ложа... прави директни обиди за злоупотреба на довербата на некои наши браќа, кои едноставно, не нашле за сходно да се посомневаат во неговата приказна. Јавно на форум на ложа од соседството го оспоруваше авторитетот на истата, на начин на кој не доликува на еден сериозен дискутант итн... Сето тоа зачинето со добро филувани приказни и верзии... се разбира - се во обид да се извлече некаква корист и да се влезе во било која ложа на Балканот, по било која цена.
Не е единствен случај - но е најсвеж - особено што случајот вмеша масони и од соседните држави, а од ГЛМ потврдија дека таков човек воопшто немаат ни како член, ни како апликант (да - за регуларните масони е многу лесно да проверат дали некој е член или апликант, или не е). Во денешно време доста лесно се доаѓа до информација и доста лесно се проследува и споредува таа информација. Тешко дека нешто останува скриено, особено кога станува збор за злоупотреба со довербата на братството.
Чуму такви егзибиции, да се чуди човек... само знам дека конкретната личност засекогаш си ги затвори вратите во регуларната масонерија (се разбира, тоа за него нема да е проблем - секогаш има неколку нерегуларни ложи во релативна близина, во кои ќе побрза да се зачлени).
Претходно имаше случаи, каде луѓе копираа текстови кои сум ги пишувал тука, ги постираа на други македонски форуми и се претставуваа како да се членови на ГЛМ, имаше такви кои постираа мои текстови со забелешка - "еве ова го добив како одговор на моето прашање од секретарот на ГЛМ" и слично...
Не разбирам - зошто и кому му се потребни такви детски работи?! Заради обид да се влезе што побрзо во братството? Заради обид да се искористи братството?! Еден од основните мотиви и услови за членство е личниот интегритет на апликантот и неговите искрени намери. Секој банален обид за протнување на мала врата, само вклучува "црвени лампички" кои никогаш нема да се исклучат... таквите личности и по 20 години ако решат да аплицираат во било која регуларна ложа во светот - околу нив ќе има сомнеж и тешко дека некој ќе се занимава со нив.
Се извинувам доколку го злоупотребувам просторот на овој форум со моево обраќање, но сметав дека е потребно да се посочат и вакви примери... а во последниве 2 и нешто години откако сум тука присутен - ги има во изобилство... некои можат да си го најдат местото во "верувале или не".