Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Хаха...
Пријателе - јас имам прочитано сигурно 500 книги за масонството и барем 490 од нив имаат спротивставено и различно мислење... :toe:
Треба да се внимава што точно се чита, но во секој случај, треба првин многу работи да се прочитаат пред да се дојде до сопствено мислење, сопствено видување и некаков, каков таков објективен поглед на работите. Две или три книги, не се ни оддалеку доволни за да стекнеш дури ни најопшта информација за братството кое постои стотици и стотици години.
Јас се обидувам да напишам кратки образложувања тука - па гледаш како излегуваат по цели фермани за секое најобично прашање.
Кој е во право, а кој не - ќе стекнеш осет самиот и самиот ќе си изградиш мислење. Јас можам да ти го кажам моето мислење за некои работи и да помогнам со конкретните факти, затоа што ја познавам темава одлично - но во крајна сметка, самиот ќе си изградиш позитивен или негативен став за сево ова.

За Металика - не знам, не сум проверил никогаш дали некој од членовите е масон...

Правилниот термин е Freemasonry (Слободно Зидарство). Но - во употреба е исто и Masonry (зидарство) и Mason (зидар) - и соодветно во македонскиот јазик е навлезен терминот Масон/и, затоа што инаку е доста комплицирано да се користи "Слободе зидар", а и нема да е секогаш јасно на што се однесува - за разлика од широко познатиот термин.
 
V

Viktorijabt

Гостин
Едно прашање...
Во Војна и мир (сега ја читам) еден од ликовите е примен во братството и сето тоа е опишано до детали. Ритуалот за време на иницијацијата, опишани се целите на масонството и некои знаци, шифри и симболи (рака на срце само е кажано дека постојат, а не се објаснети за жал) во неколку наврати и состаноци на ложата.
Не дека нешто многу ми осветлува во поглед на масонството (не е многу повеќе од она што го знам или што е постирано тука) барем засега, ама сепак би сакала да знам дали тоа што го опишува Толстој е веродостојно. Можеби тој самиот бил масон-мислам дека некаде имам сретнато таква информација-? Ако треба да цитирам нешто од книгата?:toe:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Да, доста веродостојно е (иако не е целосно претставено се разбира)... Толстој бил масон и е еден од првите великани на литературата кој на толку убав начин го објаснува ритуалот и со толку голема восхит пишува за тоа (преку очите на својот лик, се разбира).
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski-kazi nekoi dvajca,trojca pisateli koi bi bile interesni za citanje,i koi vo svoite knigi imaat barem malku verodostojni informacii....vo vrska so masonstvoto....pozzz:salut:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Навистина не знам што има на македонски јазик. Единствено ја имам прочитано "Бревијар за древното братство" и е доста веродостојна и во првиот дел на книгата доста опширно има објаснето за основите на масонството. Во вториот дел (последната глава на книгата) се осврнува повеќе на масонството во Макеоднија во минатото, и има малку повеќе нафрлени информации, без задлабочување во нив, но сепак, доста корисни.
Друго не знам што може да се најде во МК, не сум таму веќе извесно време.
 
V

Viktorijabt

Гостин
Да, доста веродостојно е (иако не е целосно претставено се разбира)... Толстој бил масон и е еден од првите великани на литературата кој на толку убав начин го објаснува ритуалот и со толку голема восхит пишува за тоа (преку очите на својот лик, се разбира).
OK фала така и си мислев...Навистина членството во братството му го осветлува и му дава причина за живот на Пјер. Многу убаво е објаснет односот на ликот кон масонството и како тој го сфаќа.
:salut:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Како што реков - во Војна и Мир е едно од најубавите објаснувања за масонството, неговата улога и значење... и е напишано од вистински мајстор (во секоја смисла на зборот).
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Скоро сите богати луѓе и научници се Масони.
Во почетокот може да влезе и некој што не е богат, после ќе го исфорсираат и ќе стане име во светот, така и за научниците и за писателите итн...
За да влезиш во Масонската организација треба да одиш на тестирања кои што тие ги организираат, ако покажеш врвни резултати ќе бидеш примен во друштвото.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Скоро сите богати луѓе и научници се Масони.
Во почетокот може да влезе и некој што не е богат, после ќе го исфорсираат и ќе стане име во светот, така и за научниците и за писателите итн...
За да влезиш во Масонската организација треба да одиш на тестирања кои што тие ги организираат, ако покажеш врвни резултати ќе бидеш примен во друштвото.
Znaci po tebe site 5-6 milioni vo svetot se ime vo svetot?hehehe vednas ke ti kazam deka toa e individualno i deka masonerijata ti pomaga kako ucenje kako pravec kako treba da go zivees zivotot,da gi pocituvas vrednostite na lugeto i nestata okolu tebe.Za konstatacijata deka si bogat da vo pravo si se zbogatuvas sigurno no prasanje e dali mislis na materijalno bogatstvo ili duhovno.Ako mislis na prvoto togas si vo ogromna zabluda a ako mislis na duhovnoto zbogatuvanje si 500% vo pravo.Se zavisi kako gledas na svetot a deka moras da go pomines testot ,intervjuto za da zacekoris vnatre si vo pravo no ako mislis deka od drugata strana ke sedat naucnici koi ke te isprasuvaat kvantna fizika vo zabluda si .Znaci treba da si covek pred i se spremen da pruzis i dades na drugite bez da ocekuvas nesto za vozvrat.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Скоро сите богати луѓе и научници се Масони.
Во почетокот може да влезе и некој што не е богат, после ќе го исфорсираат и ќе стане име во светот, така и за научниците и за писателите итн...
Многу научници и уметници се масони, но далеку од тоа дека се сите. Ајнштајн на пример не бил. Стивен Хокинг не е. Ете два врвни примери од овој век. Познавам многу богати луѓе истотака кои не се масони.
За да влезиш во Масонската организација треба да одиш на тестирања кои што тие ги организираат, ако покажеш врвни резултати ќе бидеш примен во друштвото.
Е ова е веројатно најзабавната работа која сум ја прочитал на оваа тема... Само уште да кажеш од каде ти е информацијава...:pos2:
Така е тоа - те седнуваат на маса, ти даваат тестови и ти мерат време. Ако имаш над 90% точно, те примаат, ако не - јок. :vozbud:
Што се нема да чуе човек...:tapp:
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Баш напротив, Ајнштајн бил масон. А што мислиш ти, како примаат, по личота?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ајнштајн не бил масон!
Не примаат по личота, но не примаат ни со тестови за знаење.
Примаат според квалитетите што ги имаш како личност и карактерот на човекот. Тоа нема никаква врска со знаењето и со интелектуалните способности на човекот. Да, пожелно е кандидатите да бидат наклонети кон езотерика, но далеку од тоа дека треба да бидат врвни научници...
Јас на пример, не се занимавам воопшто со наука, и далеку од тоа дека сум врвен, или познат во својата област - а сум член, веќе одамна.
Затоа - знаењата за масонството не си ги базирај на претпоставки, а побарај малку повеќе факти (или барем потпрочитај низ форумов - имам објаснувано многу во врска со ова).
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Ако ти си Масон еве ако може да ми одговориш, дали знаеш кој Ви е лидер на состаноците?
Како ќе ги дознаат квалитетите на личноста, ако тие прв пат го гледаат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom