mRnO
И по mRnO,mRnO
- Член од
- 16 април 2006
- Мислења
- 6.263
- Поени од реакции
- 52
[FONT="]
[/FONT] Телевизискиот водител Драган Вучиќ го натплатил Скопскиот џез-фестивал за закуп на Универзална сала, од каде што ќе се емитува неговата Мак гранд ѕвезди. Последните два концерта од Џез-фестивалот (од 18. до 22. октомври) биле во ист ден со фолк-емисијата, но поради големиот закуп на дури 32 термина, Вучиќ добил предност. Директорот на Скопски џез-фестивал Оливер Белопета вели дека со ова се доведени во тешка состојба и дека последните два концерта веројатно ќе мора да ги одржат во Домот на АРМ. Директорот на Универзална сала, Душко Поповски, смета дека во еден ден може да организира две манифестации, и Мак гранд ѕвезди и Џез-фестивалот, и дека постапил според пазарната логика - му излегол во пресрет на тој што закупува простор за повеќе термини.
Без да не праша, директорот на Универзална му го издал под наем истиот простор на друг за последните два дена од фестивалот. Имаме исклучително тешка ситуација. Алтернатива ни е Домот на АРМ, но таму условите се катастрофални, а и капацитетот на салата не одговара - рече Белопета.
За Поповски, ова не е ситуација што ја превидел, но сметал на џентлменски договор со Белопета.
Не е ова скандалозна одлука на директорот, ниту нешто што ќе го наруши угледот на институцијата или на градот, зашто Универзална е простор за сите граѓани. Не навлегувам апсолутно во тоа што е подобро - Мак гранд ѕвезди или Џез-фестивалот. Вучиќ закупи 32 термина, што е една третина од годишното работење на Универзална. Мене ме интересира само материјално-финансискиот аспект - вели Поповски.
Тој е категоричен дена Универзална е способна во ист ден да организира две манифестации, уште повеќе што Мак гранд ѕвезди го има просторот од 16 до 20.30 часот, а од 21 часот може да го има Џез фестивалот.
Белопета на време беше информиран дека тој термин го закупи друг и му рековме дека ќе има доволно време да се организираат и неговите концерти. Но, тој сметаше дека таквата организација не е на ниво на групите што ги носи, иако јас му тврдев дека нема да има пропусти, односно ќе имаат и тонска и техничка проба. Сепак, го информирав Управниот одбор за ваквата состојба и тој реши да му одобри термин на Вучиќ. Во Скопје не е само Универзална концертен простор - смета Поповски.
Во ваква ситуација Џез-фестивалот решил концертите на 21. и 22. октомври на Ај Си Пи оркестра од Холандија и Нублу од САД, како и на Стефано Болани од Италија и на А.В. Шлипенбах од Германија да се одржат во Домот на АРМ.
Скопскиот џез-фестивал годинава се одржува 26-ти пат.
Реномиран е во земјава и во регионот.
Дневник